- Член од
- 12 јануари 2014
- Мислења
- 1.464
- Поени од реакции
- 1.892
Бил добар, а? Со тоа шо имало една болница на 10 села, т.е. еден лекар на 10-15.000 жители? Добар со тоа шо стариот мој морал да биде опериран на око само оти одделението немало анестезија, и ниедно одделение не се нафатило да помогне? Или добар оти му се покажала операцијата неуспешна поради лошите хигиенски услови и морал да биде опериран уште 4-5 пати после тоа, и живее цели 30 години со well едно око, другото му е повеќе за украс него шо е функционално?Југославија имала добар здравствен систем, немој да мислиш дека приватен здравствен фонд ќе ја поправи работа, пред се од уплатените пари ќе гледаат да направат профит т.е да се коцкаат како што е моментално во Америка, ќе измислат една цела листа на болести што не требало да ги имаш и слични работи, па ако си болен од некоја болест треба да докажуваш дека си стварно болен, а не дека е превара нешто како кај осигурителните компании.
Проблемот кај нас е во корупцијата, било тоа во тендерите, било во превработеноста и нормално во замижувањето очи на тие што треба да се справат со тоа и тоа од кога формиравме држава па до денес.
Денес го имаме тоа што го имавме заради тоа што некој парите не ги вложувал таму каде што треба, туку каде му одговарало. И ти дома да не даваш за одржување на станот/куќата во која живееш, после 20-тина години ќе ти падне кровот над глава, ама буквално.
Или бил добар пошто немало доволно болнички возила, па си морал да бараш другарчиња шо ќе те носат на лекар, оти може нема да ти се погоди пар/непар денот? Знам за еден куп случаи шо умреле од срцев удар, само пошто ете не им се погодил денот за возење.
Друго нешто, истите тие задолжителни фондови направиле да има еден куп луѓе со пола платен стаж од таа Југославија. За пензиско осигурување зборувам.
Или за застарената дијагностичка опрема шо ја имале, далеку полоша од таа шо ја имало у западните држави. Истото е и денес, не викам не.
Братство и единствено и сите сме сложни и исти, не е доволно за да те излечат. Може тогаш биле фини лекарите, ама било далеку од добро. Исто и денес е доволно хаосно како и тогаш. Потребен ни е далеку подобар економски систем, у сите категории.
