Нов амбициозен тим во здравството, ќе донесе ли промени?

Очекувате ли новиот тим во Министерство за здравство да воведе ред во здравството?

  • Да

    Гласови: 30 24,6%
  • Не

    Гласови: 92 75,4%

  • Вкупно гласачи
    122

aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276
Кernel друже убаво напиша се е ТОЧНО големо ,напорно и тешко образование поминуваат лекарите за мизерни 500е ако не и помалку во нашава држава. Доктор за да излечи пациент и да му даде соодветна терапија или пак и да оперира треба да биде целосно одморен опуштен наспан , да дојде со кола на работа и најмалце да се грижи за својот финансиски статус и својата социјална егзистенција барем така е секаде во странство кај нас од лошо полошо . Уште зашто штрајкуваат ??? нема штрајк?! - изјавата на министерот уште на почетокот на штрајкот , ова не било штрајк туку само обична група политизирани лекари -- ГОЛЕМА СРАМОТА , а па за рекламата да не збориме според мене лекарите вршат една од најодговорните дејности во целото општество па адекватно на тоа и треба да бидат наградени како што е и секаде во светот .
Колку да дадам пример во САД студент на медицина додека студира оди на тие напорните вежби е платен со поткрепа отприлика 500 долари само за праксата што ја вршат , кај нас за тоа не ни станува збор ама ајде, таква ни е државата.
Али кога можеше на судиите да им се покачат платите зашто да не и на докторите и како што рече еден доктор од Стуга мислам дека беше чувар во Евн зема иста плата како доктор специјалист - смешно али вистинито у нашава држава.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Кernel друже убаво напиша се е ТОЧНО големо ,напорно и тешко образование поминуваат лекарите за мизерни 500е ако не и помалку во нашава држава. Доктор за да излечи пациент и да му даде соодветна терапија или пак и да оперира треба да биде целосно одморен опуштен наспан , да дојде со кола на работа и најмалце да се грижи за својот финансиски статус и својата социјална егзистенција барем така е секаде во странство кај нас од лошо полошо . Уште зашто штрајкуваат ??? нема штрајк?! - изјавата на министерот уште на почетокот на штрајкот , ова не било штрајк туку само обична група политизирани лекари -- ГОЛЕМА СРАМОТА , а па за рекламата да не збориме според мене лекарите вршат една од најодговорните дејности во целото општество па адекватно на тоа и треба да бидат наградени како што е и секаде во светот .
Колку да дадам пример во САД студент на медицина додека студира оди на тие напорните вежби е платен со поткрепа отприлика 500 долари само за праксата што ја вршат , кај нас за тоа не ни станува збор ама ајде, таква ни е државата.
Али кога можеше на судиите да им се покачат платите зашто да не и на докторите и како што рече еден доктор од Стуга мислам дека беше чувар во Евн зема иста плата како доктор специјалист - смешно али вистинито у нашава држава.
Па види сега според тоа што имаат доста обемно образование т.е. учење пола па и цел живот и доста стресна работа мислам дека и навистина се слабо платени !
Од друга страна пак чувар во ЕВН, чувар на аеродром, чувар во ОКТА, шофер во ЈСП и.т.н. ги земаат истите плати како и докторите, а притоа не пипнале книга во животот и не спасиле ниту еден човечки живот !
Па еден таксист или келнер со едно е*ано и едвај завршено средно школо во месецот зема плата скоро еднаква ко некој што тупел глава пола живот !
Во поширока фамилија имам лица од разни профили имам доктори, инженери... имам и келнери, готвачи... да му е*бам мајката со плата се скоро еднакви, а овие првиве цел живот тупеле глава, а овие вториве призавршиле само средно тригодишно и тепаат пари скоро исто колку и првоспомнатите, жално но вистинито !
И после човек да учел ................ :tapp:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Огромна пофалба и благодарност до вработените во Центар за кардиоваскуларни болести Св.Стефан во Охрид.Луѓето одговорно и сериозно си ја работат работата, без разлика на штрајкот.Исто и условите во болницата се добри, топло, средено, строго за посети во интензивна и исклучително чисто за болница од македонски тип.:cuc:

Од друга страна, луѓето од Министерство или лично г-динот министер и неговиот ВИСОК АЈКЈУ ТИМ нека се замислат како е можно во болница од таков тип со толку ризични и итни случаи (тежината на случаи и природата на работа е нешто како Филип Втори), да дозволат немање агрегат или неработење на истиот (не знам) и болницата 2 и кусур часа да е без струја (плус последиците:исклучено парно греење, исклучени апарати и каснење на храна)!!!Истото нека размислат и фаците од ЕВН, сериозната и социјално одговорна фирма зошто во 2012 година да пуштат ваква институција да работат на свеќи...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Она што најмногу ги погодува граѓаните, се послабиот и посуров здравствен систем во Македонија, стегите заради се поголемата анемија на државата и се поголемите "други трошоци", наводно во интерес на корисниците

03.01.2013, 16:47
СТАРТУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ
Разболувај се до 65 денари
Ограничувањето на рецепти за препишување антибиотици и антидепресиви, што стапи во сила од први овој месец, им остава простор на матичните лекари да напишат рецепти во вредност од 65 денари од пациент за сите лекови или 25 денари од пациент за антидепресиви и антибиотици. Со ова ограничување, здравствените власти, како што објаснуваат, се обидуваат да ја намалат нерационалната потрошувачка на антидепресиви и антибиотици, што во првите шест месеци од минатата година беше многу висока.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека со новите договори матичните лекари можат да препишуваат рецепти во вредност од 350 денари за бод (бодовите се одредуваат според староста на пациентите), а во рамки на оваа сума да препишат антибиотици и антидепресиви во вредност од 150 денари за бод. Лековите што треба да ги добијат пациентите по препорака од специјалист или субспецијалист, матичните лекари ќе можат слободно да ги препишуваат без оглед на ограничувањето.
Оттаму објаснуваат дека, на пример, ако некој матичен лекар има 1.000 пациенти, а ако во просек еден пациент носи два бода и ако овие бројки се помножат со 350 денари, колку што е ограничувањето, се добива сума од 700.000 денари за рецепти годишно.
"Месечната квота за матичен лекар кој има 1.000 пациенти, според оваа пресметка, би била 65.000 денари, а ако се подели со бројот на пациенти, излегува 65 денари од пациент за сите лекови. Но во пракса тоа не функционира така, бидејќи не сите пациенти што ги има одреден матичен лекар тој месец ќе побараат медицинска помош", велат од ФЗОМ.
Од Фондот убедуваат дека нема да се случи пациентот да остане без потребната терапија, затоа што лекарот ќе се исплаши да не го надмине лимитот и нема да му даде рецепт.
"Пресметките ги правиме на квартално ниво, односно на секои три месеци се гледа колку рецепти се реализирани, а потоа и на годишно ниво. Ако се случи во еден месец лекарот да го надмине ограничувањето за препишување рецепти, во текот на следните два месеца може да се порамни и повторно да си ја добие целосната капитација", велат од Фондот.
Д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседател на матичните лекари, вели дека оваа мерка е добра, бидејќи од преголема употреба на антибиотици, пациентите стануваат резистентни на лековите, а ќе немаат проблем и со оние пациенти што буквално доаѓаат и бараат да им се препише антидепресив без оглед дали им е потребен.
За зголемената употреба на антидепресиви и антибиотици, пред околу три месеци алармираше и министерот за здравство Никола Тодоров, кој најави дека ќе направат стручна анализа за тоа на што се должи зголемената употреба на лекови против стрес.
Според податоците од ФЗОМ, во првите шест месеци од минатата година биле препишани и издадени 8,8 милиони лекови. Од оваа бројка на рецепти, 832.023 биле за лекот за висок крвен притисок "еналаприл", 447.235 за лекот за кардиоваскуларни болести "пентоксифилин" и 433.330 за ансиолептикот "дијазепам". (Е.А.)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
СЕ РАСИПА СТАРАТА „ЛАДА“ СО ПАЦИЕНТ КОЈ СЕ БОРЕШЕ ЗА ЖИВОT

Педесет - годишен пациент од Кочани со срцев удар, преживеа неколкучасовна вистинска голгота додека да биде префрлен, како итен случај на Кардиологија во Скопје. Синоќа старата „Лада“ на кочанската болница со која се вршел транспортот се расипала кај селото Сарамзалино, па пациентот е транспортиран со новото возило на Брзата помош на светиниколската Болница. Медицинската екипа од кочанската болница која го транспортираше животно загрозениот пациент, вели дека не е првпат по патиштата да бараат помош од свои колеги од другите медицински центри во источна Македонија. За среќа. помошта пристигнала брзо, па пациентот навреме е транспортиран во Скопје. Екипата на Телма синоќа ги затекна двајцата возачи на Општата болница во Кочани,како со јаже го шлепуваат расипаното возило на патот Штип-Свети Николе.

Милан Гошев шеф на возачите во Општа болница-Кочани вели дека не е првпат да им се расипе возило Пациентите ги превезуваме со возила стари по 20 и повеќе години, вели Гошев.

Кочанската болница до Клиничкиот центар во Скопје ги транспортира пациентите не само од кочанско- виничкиот , туку и од малешевскиот регион. Возилата се стари и амортизирани, поради дефектите медицинската екипа со пациентите често пати со часови останува низ патиштата. Возачите велат дека имаат реакции од роднините на пациентите кои често пати исплашени за судбината на своите најблиски ,револтот го истураат врз нив.





Илчо Гоцевски, возач во Општа болница Кочани вели дека членови на семејствата понекогаш возат со свои автомобили зад медицинското возило.
Директорот на кочанската болница, Дејан Апостолов за Телма вели дека е очигледно,оти имаат проблеми со дотраениот возен парк, а со возилата стари и по 20 години секојдневно се транспортираат по неколку ризични случаи,а се опслужуваат 130 000 пациенти од овој дел на источниот регион. Според него проблемот со старите возила на болниците треба да се реши како што беше примерот со амбулантните возила во итните медицински служби. За разлика од современите возила на итните медицински служби, возилата на болниците не ги задоволуваат стандардите за транспорт на пациентите на кои што секоја секунда е важна за спас на нивниот живот.

Извор
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.257
Поени од реакции
9.025
Жалосно, се надевам дека и болниците во провинцитата ќе добијат возила за транспорт на критично болни пациенти до Скопје, бидејќи патот до Скопје знае да трае и неколку часови, мислам дека општините треба да одвојат пари за закупување на барем едно хај тек комбе за болниците!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Сега слушнав за кочанското возило и болниот. Лошо. А зошто е сето тоа како што е можеби дводецениските податоци говорат доволно
Според заклучоците на СЗО за Македонија од 2006
http://www.euro.who.int/en/who-we-are/partners/observatory/health-systems-in-transition-hit-series/hit-summaries/the-former-yugoslav-republic-of-macedonia-hit-summary-2006
Македонија за здравството одвојува многу помал дел од БДП отколку периодот во СФРЈ односно од пред осамостојувањето. По процентот за здравството од БДП зад нас во 2004 е само Албанија. Во ЕУ просекот бил 8.9, во Македонија 7% од БДП. По број на кревети на 1000 лица сме биле подобри единствено од Албанија, далеку од просекот на ЕУ и ЦЕЕ. Секако раководењето на системот се одразува и на очекуваниот животен век кој е 5 години просечно помал од оној во ЕУ. И по бројот на лекари сме биле подобри единствено од Албанија, околу 2 лекари на 1000 граѓани за разлика од Централно и Источноевропските држави со 2.5, Бугарија и ЕУ околу 3.5 (податоци од 1999 г).
Од овој текст на ФЗО за 2009
http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=7F81C2C35FEFDA4B8150AF7AF82AED85
· Буџетот со кој располагаше ФЗОМ во 2009 година изнесува 19.165.097 денари што во однос на БДП изнесува 4,71%, што претставува намалување во однос на процентот од 2008 година за 0,22 процентни поени. Овој процент во Словенија изнесува 7% од БДП, а додека во Хрватска изнесува 8% во однос на БДП што претставува и препорачан процент за издвојување на средства за здравство од страна на Европската Унија.

може да се види колку малку се двои за здравството посебно во однос на другите држави и Унијата.
И така натаму...податоците само го поткрепуваат она што се случува во целото јавно здравство, ограничување број на рецепти, боледувања и лекарства по пациент, користење на застарена "ефтина" терапија (текст од 2010), чекањето на испитувања и по половина година за болести каде и 1 месец значи живот или смрт, како и со последното јануарско ограничување препишување лекови
За сето ова мислам дека веќе лекарите и останатиот персонал не се за обвинување. Тие работат како што им е овозможено.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.257
Поени од реакции
9.025
Нашето здравство е далеку од идеално, но според тоа што се прави во моментот гледам подобрување.
 

Nex

Член од
31 декември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
192
Јас незнам каде отидоа тие 100 милиона (ајде опростено за компјутерите, маестрална грешка да сакаш нема да згрешиш кога немаш кадар па децата ќе гледаат порно на час е јебига пубертет виши сили:vozbud: ) ама за еден двоцевкаш кој пред дваесет века се одвоија скоро 40 милиони ееј скоро 50 % од таканаречените "инвестиции" во здравство а пазете двоцефкашот влече и средства за одржавање дополнителни и што матат и лоботомираат инвестирале во здравство и патишта како божем чекаат да им се исплати профит-пазете Др=авна Болница и цело здравство е Јавно и е НЕПРОФИТНА ОРГАНИЗАЦИЈА која се финансира, одржува и модернизира од нашиот џеб но терминот и8нвестиција мислам дека е ептен погрешен ама ајде пласирај на рајата толку разбира глуп народ, едни според депеше а други по функции и стварно се чудам кој е ефектот од тие 100 милиони евра а тоа се приближно 6426392727.27 според конвертерот и сега нека ми објасни нјекој каде толку пари отидоа па имаме согласно имаме 21 Хигиенска епидемиолошка единица(оние што ги нарекуваат хигиенско ама кажуваат дека ете водата од лисиче на пример е со бактерии и штетни супстанци некои амеби т.е микробиолошки неисправна, значи овие центри се пред се превентивни.

Од болници под државна капа во 2005 знам имаше цифра од 67 ама реалната мислам буквално болница р околу 25-27 објекти а другите бараки ги нарекуваат мали болници и нхаместо да се види ефект од т.нј инвестиција ние добивме помал број на новородени на 1000 жители од 18 во 1995 за деа денес биде 13 новороденчиња, најверојатно креветите се само придобивката оти дваесеттина установи со 100 милиони евра можат да се претворат во хотели со 4 ѕвезди а не како сега нови креветчиња и жална слика-нема греење, немаат ќебиња па некој стар ако пратите во болница уште толку ќе се оболи.

За тимов, искрено ништо не очекувам од лица направени од моч*а.

И само би потсетил на прошетките на министерот по бхолниците и тоа ненајавено демек некој фирер не или висок армиски чин Генерал Мајор па да шета по касарни-е исто и овој влезе во таков филм, па уште т5олку го тапшаа и кутрите медицински лица наместо да обрнат внимание на пациентите( забележав лично) они чистеа, средуваа ма перфекционистички-параноја,страв и притисок-Срамота!!

Нашето здравство е далеку од идеално, но според тоа што се прави во моментот гледам подобрување.
Да но не во здравството генерално туку повеќе во односот лекар-пациент а генерално е како погоре што опишав.

Образованието го "среди" така да 7-мо одделенци учат физика и хемија а не знаат за гравитација а камо ли за прва,втора и трета космичка брзина, истите пијат вода како волиња ама не знаат што е H2O:icon_lol:

а сега и здравството веќе се средува кадарот оди во приватни болници а во државните Бљерим ќе остане(од рамковен) ми шибне грешни апој оти сум рисјан..нцк нцк нцк...create a problem then find a solution е работава за жал и тоа токму таму каде што не треба.
 

SaLt

symbian & iOS master & android
Член од
2 април 2005
Мислења
291
Поени од реакции
85
Море дај боже министерот или некој негов ближен да има потреба од некаков вид на операција, па да му речат тендерот за материјали е во тек, па мајкати треба да чека 2- месеци на пр. со скршена нога за да се одобри тендерот ,да поминат роковите за жалби, за да се набават материјали за операција па ако преживее до тогаш ке ја оперираме.
Да застане он во редот со обичниот граѓанин да види како е реалноста во македонија, а не само на хартија кажува како треба да се работело.

Ќе праќа лекари на едукација во америка, па шо не ги праша лекарите во америка колку плата земаат нека им ја дава истата плата односно нека им ја дава пола нивна плата на овдешните лекари па ќе види какво здраство ќе има и тука.
Нека ги реновираат сите болници па болните ко луѓе да лежат во болниците а не бубашваби да лазат на секаде,луѓето со кебиња покриени да седат оти поккривот капел, и пенџерите дрвени дуваат , а парно нема ни 2 саати во денот. работава е село гори а баба се чешла....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
додека се трошат силни милиони на пропаганди, плакати, мостови, протести, антипротести и фотељи, јавните институции страдаат, а се одразува и на животот на граѓаните.

Јавното здравство остана без апарати за снимање
Хаос со рентген апаратите во државата. Два месеца не работат апаратите во болницата „8 септември“, а цела недела е расипан апаратот за Компјутеризирана томографија.
Во Градската хирушка болница„Св. Наум Охридски“не работи апаратот за КТМ. И на Клиниката за радиологија не работи ист таков апарат, а тој што е сместен на хирургија често се расипува. Слична е ситуацијата и во поликлиниките.
Состојбата е драматична. За снимање на рентген се чека со недели и месеци.

http://libertas.mk/нова-јавното-здравство-без-апарати-за/
Апаратите во болницата „8 септември“, веќе два месеца се вон употреба,а апаратот за Компјутеризирана томографија не функционира недела дена, пренесува novatv.mk.
Најкритично е на клиниката за неврологија каде се хоспитализираат пациенти со мозочни удари и крварења во мозокот, кои не смеат да се транспортираат, а кои, поради тоа што апаратот за КТМ е вон употреба се пренесуваат а други клиники.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Веста е од 28.09.2010 година, 2 недели по почнување на градежните работи за рушење на стариот клинички блок во Охрид
- 16 месеци од тогаш (според најавите рокот за завршување на проектот) би било 28.01.2012.
- денеска е 19.03.2013, скоро 14 месеци покасно од планираното, т.е. Охрид е без нормален медицински центар над 2,5 години.

Колку пациенти починале или им се искомплицирале состојбите на пат кон Струга, Битола или Скопје, не е битно.Битно денеска се сликаа на уште недосреден објект 5 дена пред избори :sick:


Како и да е, вака наизглед е ок и секогаш е предност вакво нешто отколку споменици и скапоцени врби.






Нема луѓе да одат до Струга за најобичен преглед, а потешки случаи да се губат во транспорт.А и таа болница ќе е растеретена.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Кој работи - греши.
Oд толку многу работа ги изгубија и документите.
http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/14728-krie-nekogasna-detska-bolnica-ohrid
ШТО КРИЕ НЕКОГАШНАТА ДЕТСКА БОЛНИЦА, ОХРИД

НАПИШАНО ОД НИКОЛОСКА БИЉАНА НА 07 МАЈ 2013. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
Јасмина Силјаноска 3 години била во потрага по историјата на болеста на својот син. После неколку неуспешни обиди низ институциите да ги пронајде потребните документи, нејзината упорност се исплатила на први мај годинава. Имено како што кажува таа, дента влегла во просториите на некогашната Детска болница, која во моментов е претворена во руина, со цел да ја побара историјата на болеста на нејзиниот син и истата ја пронашла. Силјаноска раскажа дека поради вродена астма од што боледува нејзиното малолетно дете, во неколку наврати детето било хоспитализирано во некогашната детска болница во Охрид. Документите и биле потребни за да ги поднесе до надлежните институции како нејзиниот син би се стекнал со надомест за посебен додаток.

„Најпрвин отидов кај вработените од некогашната детска клиника. Еден од нив ме упати документите да ги барам во Државниот Архив во Охрид. Отидов таму од каде што ми кажаа дека кај нив не биле донесени никакви документи. Потоа ме упатија и до Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, со образложение оти наводно документите биле таму. И од таму ми кажаа дека од Детската болница нема никакви документи. Прашував по сите вработени од таму и никој точно не знаеше што се случило со документите. На крај за мајот се сетив и појдов таму да проверам дали по некоја случајност документите се таму, за среќа моја ги најдов таму“ - раскажува Силјаноска.

Првиот човек на Државниот Архив на Р. Македонија подрачно одделение Охрид, Илинка Јанева, го поздрави обидот на ТВМ да дознае што се случува со документацијата од болницата и зошто таа не се наоѓа таму каде и е местото. Според Јанева од исклучително значење е да биде испочитувана законската обврска на имателот на архивата, што во случајот со Детската Специјална клиника не е направено.

„Обврска нивна беше граѓата во архивски кутии да ја предаде на државниот архив, тоа е обврска на Министерството за здравство, во зависност под кој ресор спаѓа. Трошоците за евидидентирањето, средувањето и сместувањето во архивската граѓа и транспортирањето до архивот се на имателот фактички на Детската болница . Тие доаѓаат во нормално средена состојба и ја сместуваме во депото, кое е средено по пример на една апотека. Ако детската болница се погрижила тогаш да го донесе материјалот до Државниот архив,тогаш архивот има обврска да го прими и да го чува бидејќи тој материјал е од корист на граѓаните“.

Никола Митровиќ инспектор во Државниот Архив упати апел до граѓаните и институциите за подигање на јавната свест за значението на чувањето на документацијата која ја поседуваат.

„Документацијата претставува најзначајно сведоштво од кое сите понатаму ќе имаме потреба. Не само законските норми можат да направат да се чува документацијата, туку напротив туку и свеста кај граѓаните и институциите мора да биде на повисоко ниво се со цел понатаму да имаме документација која ќе им служи на идните генерации се разбира како сведоштво од минатите генерации“.

Клучот за разврска на овој сериозен проблем лежи во Министерството за здравство. Од таму до затворањето на дневникот не добивме одговор на нашите прашања, за судбината на архивата од Детската специјална болница. Портпаролот на ресорното министерство само кратко не информира дека нашите прашања ги препратиле до Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Имаш болка во забот, одиш на Уво, нос и грло.Ако не можат таму - палиш кола и тераш за Битола, решен проблем (y)

Охрид засега без Итна стоматолошка служба

Вести | Охрид | 25.10.2013 11:04
Посети : 489

Итната стоматолошка служба која е дел од охридскиот Здравствен дом веќе три месеци не работи.

Граѓани се жалат дека имале непријатни искуства, кога во вечерни часови немале каде да се обратат, а имале забоболки или крварења.

- На сопругот почна да му крвари забот околу 22 часот и отидовме до Итната стоматолошка служба која беше затворена. Од Итната служба при Здравствен дом не упатија на Ушното одделение :facepalm: при Општата болница, од каде ни рекоа да одиме во Битола.Кога се јавивме во Битола ни одговорија-зошто кај нас кога во Охрид имате Итна стоматолошка служба. Па така моравме да го чекаме утрото за да биде извршена интервенцијата, раскажува потресено наша сограѓанка.

Директорот на Здравствен дом, Митко Дабески потврдува дека Итната стоматолошка служба не работи повеќе од два месеца поради заминување во пензија на дел од кадарот. Најавува дека проблемот ќе биде решен до крајот на годината за кога се очекува да бидат вработени нови стоматолози во службата.

T.K.

© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom