НБА Сезона 2013/2014

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
G

grande-juve

Гостин
Е ја као фан на Портланд знам што да очекувам и затоа не сум изненаден што 10-тиот пик одма ни се повреди:facepalm:. Во првата петорка измена ќе биде само Робин Лопез место Хиксон, другите четворица се истите(Лилард, Метјуз, Батум, Олдриџ), лани беа повеќе од солидни ама немаа помош од клупата, е сеа тоа се смени. Томас Робинсон PF, што го гледав во летната лига супер се покажа, потсетува на Фарид... плус со Дорел Рајт, Лу Вилијамс, пикот МекКолум, и те како се поправи клупата и очекувам подобра сезона од лани и негде околу 6-7-8 место во Западот, иако ќе биде доста тешко. Иначе го продадоа името на арената, Роуз Гарден стана Мода Центар.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Оваа сезона многу повеќе ќе ги следам младите играчи, особено првите 10 пика, баш ме занима како ќе се снајдат во својата прва сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.

Ја погоди годината да ги следиш рукиата :). Од овие, 5 стартери во добри тимови ако излезат успех ќе биде. Првите најави велат:

Burke не можи да се избори за стартер во Utah против Lucas
Bennett можно е да нема воопшто минутажа
McCollum веќе се повреди потешко
Noel и Len допрва треба да се вратат од повредите
Porter исто се мачи со повреди а беше ужас во летната лига
Caldwell-Pope којзнае дали ќе игра
...
Едино гарантирани минути (барем 25), барем засега се чини имаат Oladipo, McLemore и Carter-Williams.

Многу повеќе ќе видиме од ланските рукиа, таа беше добра генерација...
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.448
Поени од реакции
5.571
Чикаго со Ди Роуз оваа сезона би требало да биде најозбилен конкурент на Хит,за титулата во конференцијата.

Никси не се кадарни за ништо иако со Спарс се двете екипи за кои навивам во НБА,ама со ропакот Мајк Вудсон,повеќе неможат.

Голден Стејт би сакал да ги видам сега кога никој не ги гледа како аутсајдер,дали може Стеф Кари да ја повтори минатата сезона кога фрлаше по 7-8 тројки,центрите им се топ Богут и Ли,добар 6 играч во вид на Херисон Барнс.


Грег дали може да го носи Спарс во уште едно финале?Според мене најголем конкурент на Мајами и оваа сезона,Ману веројатно тотално залечен од повредата на грбот,со Данкан и Паркер би требало да го износат овој тим на Спарс до финале,ако се знае дека Тандер,првите 3 месеци ке се без Вестбрук.


За Лејкерси оваа година нема плеј-оф ке крпат без Коби,тоа им отвара услови за добар пик на драфот,па следната сезона,со тотално здрав Коби и добри пикови да атакуваат на титула,да не заборавиме кои се играчи биднуваат слободни во летото(Мело,Вејд,Бош,Џејмс) и многу други звезди.

Клиперси имаат предуслови за одлична сезона но што со клупата?Играат само со 7 играчи,имаат сосема одлична прва петорка но и еден од најдобрите скок-шут шутери во лигата Џамал Крофорд,кој ке конкурира за најдобар 6 играч во лигата.

Бруклин живо ме интересира како ке ги уклопи старците Џејсон Кид,газдата ке си плаќа данок на луксуз за прекорачениот селари-кап,за возврат барем се надева за конференциско финале.

Хјустон со Лин,Хауард,beardman,Ашик,само до 1 коло во плеј оф,а во регуларниот дел максимум 6 место.

Епа оваа година ке гледаме најинтересна сезона,GoSpursGo!!
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.859
Поени од реакции
10.703
Дерик Роуз ис бек, очекувам Чикако да тераат барем до полуфинале.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Интересна ќе биде сезонава дефинитивно. Она што ја би го прогнозирал е дека Мајами ќе падне годинава. Од кого ќе видиме има повеќе екипи кои може далеку да дотуркаат.

На истокот сериозна конкуренција се Чикаго и Индијана, макар што и Бруклин не смее да се отпише. Мој тип е дека Мајами нема да ги мине Чикаго и Индијана во плејофот, ама ќе видиме до Април многу работи може да се сменат.

На западот конкуренцијата е страшна. Има само 3 тима кои немаат шанси за плејоф сите други грчевите ќе се борат. Најсериозни кандидати за титула од западот се Оклахома Сити, ЛА Клиперс и Хјустон, макар што и Сан Антонио, Мемфис и Голден Стејт не се далеку од нив. Се ќе зависи од тоа кој ќе биде најздрав и најсвеж во Април/Мај. Генерално мислам дека Оклахома Сити се малку потценети сезонава и нема да ме чуди ко изненадат и ја освојат титулата.

Во регуларниот дел од сезоната мој тип за најдобар скор - Чикаго.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.444
Интересна ќе биде трката за... последните десетина места. Интересен ќе биде да се следи новиот тренер на Бостон. (да не сте за размена, ви го даваме Д'Антони плус пакетче Принглс?)
Интересно, и освежувачки, ќе биде да се гледаат Лејкерси без очекувања (мада пцуења секако ќе има).
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Очекувам интересна сезона годинава. Моите, Феникс, пак слаби, можи и послаби од лани. Плеј оф нема шанси да влезат, тимот е во фаза на изградба и затоа само се надевам дека ќе бидат последни и ќе имаат 1 пик в година.

ако се погоди Лен, тогаш ќе имаме основа за градење на тим за во иднина. многу се очекува од бледшо и драгич. после 1 година пауза се враќа фрај, па да видиме и со него шо ќе биди...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.933
Поени од реакции
116.399
Ја погоди годината да ги следиш рукиата :). Од овие, 5 стартери во добри тимови ако излезат успех ќе биде. Првите најави велат:

Burke не можи да се избори за стартер во Utah против Lucas
Bennett можно е да нема воопшто минутажа
McCollum веќе се повреди потешко
Noel и Len допрва треба да се вратат од повредите
Porter исто се мачи со повреди а беше ужас во летната лига
Caldwell-Pope којзнае дали ќе игра
...
Едино гарантирани минути (барем 25), барем засега се чини имаат Oladipo, McLemore и Carter-Williams.

Многу повеќе ќе видиме од ланските рукиа, таа беше добра генерација...
Без разлика, сепак ќе ги пратам овогодинешните рукија, вклучувајќи го и Перо наш. :) Сакам да видам како ќе се покажат младите играчи, мене оној Оладипо ми е интересен играч, ама колку и како ќе се покаже останува да видиме. Исто така очекувам екстра сезона од Кајри Ирвинг, а се слагам со тебе дека Дјурент оваа година би требало да експлодира и дека ОКС се доста потценети кога е во прашање титулата.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Chi-Town all the way!!! Со Дерик Роуз сме многу посилни. Мајами е доста силен но Чикаго знаел секогаш да ги изненади 2007 remember? :D доколку Чикаго игра добра одбрана како пред минатата сезона Мајами треба да се плашат :)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
уште да го постигне првиот поен во дуел со Леброн и добро ќе биде..:icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom