Македонски звучи подобро

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сите мои слики е евергрин више.

Втората песна (песна на Александар Џамбазов), мислам дека е оваа:


Ја пееле во 1969 г. заедно Лео и Џани, а после вториот си ја има препеано на срспског. Чичко Anco ти шо викаш?
 
Еден човек и една жена само,
месец млад и блага светлина,
еден за друг знаат што им треба
и место нив ветрот зборува...
Сите мои слики
&
Алиби
 
Дуел 1:
Навистина беше трагична веста за скорешното заминување на Дуле од овој свет. Можеби не беа којзнае колку ценети, но оставија голем број на хитови што ќе се паметат. По мое мислење, „Каде спие“ не е еден од нив (би рекол - за среќа, зошто кој и да се паднеше против „Сите мои слики“ верувам дека ќе изгубеше). Да, Сите мои слики - еден од поновите евергрини на македонската музичка сцена.

Дуел 2:
Втората песна (песна на Александар Џамбазов), мислам дека е оваа:


Ја пееле во 1969 г. заедно Лео и Џани, а после вториот си ја има препеано на срспског
Да, таа е песната, само препеана на српски. Со една мала исправка - не ја пееле заедно со Лео Мартин, туку посебно. На првите два (или три) фестивали Скопје Фест секоја песна била изведена од два различни изведувачи, во два различни аранжмани. Џани Маршан бил едниот кој ја пеел „Билјана“, а Лео Мартин бил вториот. Но изведбата на таа песна од страна на Лео Мартин се закитила со награда - второ место од публиката. За жал, не можеме да ја чуеме, иако по мое несебично мислење, не се сомневам дека е подобра од оваа на Нови Дечки. Би било неблагодарно да гласам за Алиби, во овој случај, но уште понеблагодарно да гласам против, и тоа за песна која никогаш ја немам чуено. Затоа ќе се воздржам од гласање во овој дуел.
 
1 дуел: СИТЕ МОИ СЛИКИ-АРЕА
2 дуел: АЛИБИ-НОВИ ДЕЧКИ
 
Во првиот дуел гласам за Ареа , а за вториот не гласам бидејќи немам поим која е песната која е во дуел со Нови дечки . Мислам дека во случајов е направена грешка со вториот дуел , бидејќи не верувам дека има многу луѓе на форумов кои ја имаат слушнато песната Биљана од Лео Мартин , а бидејќи нема линк од песната и колку што барав на нет неможев да ја најдам и слушнам , останува заклучокот дека Нови дечки незаслужено ќе победат во дуелот со Лео Мартин . Ваква работа не треба да се повтори во наредните дуели , т.е. мора да има некаков линк за сите песни во наредните дуели , за да можат луѓето што гласаат да ја слушнат секоја песна на изборов .
 
Picture 113.jpg.Picture 114.jpg.Picture 115.jpg
Picture 120.jpg.Picture 121.jpgPicture 122.jpg
Picture 125.jpg.Picture 126.jpg.Picture 128.jpg
Последната „барбара“- мислам и таа е од скопските фестивали,
иако ги имам буквално сите плочи од овој пеач „Биљана“-ја немам
ја нема ни на било кој друг носач на звук освен во емисиите на РТВ-ск
(предлог: слушнете ја „Збогом Кристина“ на јутуб)
Биљана сум ја слушал стотина пати-а еден од ретките сум овдека
што сум ја чул и во живо,(пеачов знаеше универзална да ја дигне на нозе)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom