Дуел 1:
Лесно ти е тебе е солидна поп песничка. Ако ништо друго, барем не ме нервира кога ја слушам, како што ме нервираат речиси 99% од песните кои се појавуваат во последно време. Но сепа мојот глас оди за Да пеам, тоа е една од моите најомилени од Ареа, што се носи рамо до рамо со Сите мои слики.
Дуел 2:
Два евергрина, од две различни времиња - да, можам слободно да кажам дека и двете песни се евергрини. Првиот од групата Македонија на која не се сеќавам многу, сега читам дека била формирана во 1976, а ја сочинувале Даниела Панчетовиќ, Верица Ристевска, Зорица Поп Панкова, Кирчо Поп Лазаров и Панче Кочовски, имале издадено 2 албуми во продукција на Југотон.Подоцна сите членови на групата оствариле и соло кариери. А за другата, кога бев мал, штом ќе ја слушнев Лага и измама на ТВ, веднаш го исклучував телевизорот (освен МТВ тогаш немаше друг телевизиски канал за да можам да го сменам каналот). Значи песната од тогашна перспектива ми изгледаше како најглупавото нешто што се појавило на македонската музичка сцена. Но од денешна перспектива, Лага и измама е едно од најдобрите остварувања кај нас од тоа време. Во дуелов, дефинитивно гласот оди за Лага и измама.