Рутински.
Каков само пречек му приредија фановите на Жозе, секоја чест. Убаво е пак да се видат фановите насмеани и газдата среќен, само се надевам дека оваа љубов ќе потрае долго како онаа помеѓу шефот и Утд.
Пофалби за сите, секој ја искористи максимално шансата дадена од Жозе.
Конечно гледаме конкретен Челзи кој не кружи повеќе околу 16-тникот и чека индивудуален потег на Мата или Хазард, туку секој се труди да учествува што повеќе во играта и да направат што подобра акција.
Од играчите само ќе пишам за Рамирес дека вчера беше перфектен и докажа на многу членови тука дека може да ја игра позицијата деструктвец без проблем.
--- надополнето: 19 август 2013 во 15:52 ---
Чех го заборави.Можда не примивме гол али голем трупец е.
Што сакаш повеќе да направи, да излезе и да даде гол ?
Ги симна сите високи топки и добро интервенираше при крајот кога шутираше Честер со глава.
Лани стварно беше кривец за неколку гола, ама нема потреба од хејтање без врска.
--- надополнето: 19 август 2013 во 15:57 ---
Марин со асистенција за Севиља.
Не ќе беше лошо да си го оставевме Марин а да не купевме некој играч (кхмширлекхм) ќе беше и повеќе од солидна замена од клупа, ама од друга страна па и ние се заебавме лани што на помал ростер не му дадовме доволна шанса..
Сериозно Змејски, самиот знаеш дека Марин во вториот дел од сезоната кога и да добиеше шанса се губеше на теренот.
И сега нормално е да се бара конкуренција за Хазард, бидејќи виде дека му е загарантирано местото па почна да забушава.
Е сега можеби е прескапо платен или имаше подобра алтернатива за тие пари, ама чекај малце да му дадеме време можеби ќе не демантира.
Сепак вчера и не беше така лош.
А за Марин ич не се секирај, ако е добар ќе си го вратиме од вишок не боли глава.