Да ти се помочам во AceStream. Де се полни, де сецка, де се гаси... катастрофа. Златен Сопкаст, ама почнаа да го кинат и него.
Не го видов стапнувањето на Мурињо на Стемфорд, па ќе ве молам после утакмица, ако го најдете да го постирате овде.
Пеналот го промаши Лампард, ама точно знаев дека ќе му врати на голманот, со некој еврогол и тоа се случи. Сувишни се зборови за него.
Тимов си игра убаво, се вратија насмевките на Стемфорд Бриџ после доаѓањето на Мурињо. Убави денови, верувам дека ќе има уште поубави.
Прв натпревар, а веќе се гледа разликата од изминатите сезони. Челзи е конкретен, создава шанси, игра, шутира. Тоа веќе личи на нешто.
Во второ, очекувам уште два гола минимум и полна капа.