Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Фала богу, го нема Аврамовски... А инаку го заборави Ѓорѓи Чековски во списокот. Со него се 14мина. Додатно и Симоновски веројатно ќе им се приклучи за недела дена мала повреда имал.

Каква е ситуацијата со Трајковски и Николовски знае некој? Има шанси да се опорават на време и да играат? Планирани се воопшто?

Нема голем ростер тоа е факт.
Чековски е 14ти тука на списокот. Ќе отпаѓаат тие последните четворица. И Гечевски мроа да се врати за првенство макар и да се вклопи во неделата пред да се игра пријателската со Литванија во Борис, значи да пропушти кондициониве во Словенија. На таква карта оди веројатно и тој самиот и Пипан очигледно.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
21
Антиќ ќе игра за нас без разлика дали ќе потпише за Атланта.
За статистиката на Аврамовски, Црна Гора играла со 15-ти состав.
Атланта ќе инсистира да остане таму, заради воигрување со тимот, навикнување на NBA правила. Сигурно нема да платат играч кој ќе им дојде на прв тренинг на крај на септември, заморен.

А за составот на Црна Гора, види на официјалниот сајт на KSCG (kscg.me), Б репрезентација.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.393
Поени од реакции
7.041
Николовски нема шанси, скинат лигамент мислам дека беше. За Трајковски не кажаа каква повреда има. Иначе, Стојан Ѓуроски повеќе минути добива во репрезентацијата, отколку четири години во NCAA.

За Ѓуроски стварно немам коментар, катастрофа е од она што го имам видено, а фактот дека не го ставаат во игра во слаб колеџ тим кажува се.

Се надевам Трајковски дека ќе игра. Очигледно беше на медитеранските дека тој и Костовски се најмалку за цела класа подобри од останатите, макар што во одбрана и тие беа слаби. Не сметајќи го Гечевски (и Николовски) мислам дека ова е најсоодветен состав:

плејмејкери:
1. МкКејлеб
2. Илиевски
3. Костоски

бекови:
4. В.Стојановски
5. Д.Стојановски
6. Брчков
7. Симоновски (ако не планираат да го играат нешто особено поарно нека го пуштат Магдевски)

центри:
8. Антиќ
9. Самарџиски
10. Чековски
11. Трајковски
12. Крстевски или Штерјов - на ова место оптимално би било да е Гечевски или Николовски ама бидејќи нив ќе ги нема, тогаш немаме многу избор. Дури и Димчевски е повреден. Само не Аврамовски. Ни треба центар, а не бек со висина на центар.

П.С. Зошто Караџовски веќе не е ни во опција? Мене тој ми изгледаше покорисен наместо на пример Симоновски...
--- надополнето: 25 јули 2013 во 17:34 ---
Атланта ќе инсистира да остане таму, заради воигрување со тимот, навикнување на NBA правила. Сигурно нема да платат играч кој ќе им дојде на прв тренинг на крај на септември, заморен.

А за составот на Црна Гора, види на официјалниот сајт на KSCG (kscg.me), Б репрезентација.

Тренинг кампот во НБА започнува на 1 Октомври. И онака Антиќ не смее да тренира во склоп на тимот дотогаш. Вообичаено знаат играчите сами да се организираат недела две порано на заеднички тренинзи, ама со оглед дека Антиќ не познава никого (а и онака Атланта скоро комплетно го промени тимот) тоа не верувам дека е реална опција.

Во превод, единствен проблем за играње на Антиќ би можела да биде федерацијата, ако не му го осигура договорот, или самиот Антиќ ако реши да се одмори за да биде спремен за својата прва сезона во НБА.
 
Гечевски е завршена приказна, самиот тој го изјавува а и веќе му е време да подуспори на 36 години, едно е слаба Јадранска Лига, друго е репрезентација. Плус цигарите и пиењето :)

Николовски е аут до пролет, а и треба да се види како ќе игра кога ќе се врати, дополнително со тоа што имаше малку минути оваа сезона во МЗТ. За неговата одбрана во рекет нема што да се збори, пошто не постои.
За Крстевски и Штерјов ќе видиме како ќе се снајдат, според утакмиците во Турција и Кина, далеку потешко им одеше отколку на Аврамовски.
Атланта може да среди индивидуални тренинзи за Антиќ, или со неколку играчи, неформално. Во сите тимови има такви примери.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Атланта ќе инсистира да остане таму, заради воигрување со тимот, навикнување на NBA правила. Сигурно нема да платат играч кој ќе им дојде на прв тренинг на крај на септември, заморен.

А за составот на Црна Гора, види на официјалниот сајт на KSCG (kscg.me), Б репрезентација.
Директорот на репрезентацијата, Илија Мерџановски, посочи дека осигурувањето на Перо Антиќ нема да претставува никаков проблем и нашиот капитен сигурно ќе настапува за националниот тим на Евробаскет 2013. „За да појаснам подобро, ние не ги осигуруваме играчите, туку ги осигуруваме нивните договори, што значи „покриваме“ кошаркарите да ги добијат парите што им следуваат со договорите во случај да заработат повреда при настапот за репрезентацијата. Јас сум во контакт со Перо Антиќ, веќе ги имаме и потребните формулари и ќе ја платиме сумата што ќе треба да се плати за осигурување на неговиот договор“ - истакна Мерџановски.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=19112
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.393
Поени од реакции
7.041
Гечевски е завршена приказна, самиот тој го изјавува а и веќе му е време да подуспори на 36 години, едно е слаба Јадранска Лига, друго е репрезентација. Плус цигарите и пиењето :)

Николовски е аут до пролет, а и треба да се види како ќе игра кога ќе се врати, дополнително со тоа што имаше малку минути оваа сезона во МЗТ. За неговата одбрана во рекет нема што да се збори, пошто не постои.
За Крстевски и Штерјов ќе видиме како ќе се снајдат, според утакмиците во Турција и Кина, далеку потешко им одеше отколку на Аврамовски.
Атланта може да среди индивидуални тренинзи за Антиќ, или со неколку играчи, неформално. Во сите тимови има такви примери.

Не знам јас кои се тие натпревари кои си ги гледал каде Аврамовски е подобар од Крстевски и Штерјов. Аврамовски се што знае е да шутира надвор од рекетот, односно се она што НЕ Е којзнае колку потребно за центар. Во одбрана е ужасен и секој малку поцврст центар го турка каде сака. А да не зборувам што е неподносливо лош во дефанзивните скокови.

За Гечевски, нема збор и јас не очекувам да игра.

А за тие "неформални" тренинзи, Атланта нема ништо да организира, оти има и тоа како голема казна да добијат. Нивните сали, теретани и се друго што имаат е отворено за употреба, но никој од стручниот штаб не смее да оди и да им ги води тренинзите. Антиќ ако сака може да оди сам да тренира во салата. Клучниот збор е ако сака. Се додека федерацијата го осигура договорот, се зависи од Антиќ. Оние НБА играчи кои откажуваат учество не го прават тоа оти тимот им забранил туку затоа што сакаат да одморат и да бидат физички посвежи за претстојната сезона. Плус се плашат и од повреди.
 
HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
Сме ја победиле Холандија и сме избориле пласман во полу финале. Сега со кого треба да играме?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.393
Поени од реакции
7.041
Сме ја победиле Холандија и сме избориле пласман во полу финале. Сега со кого треба да играме?

Со Белгија или Црна Гора зависи кој ќе победи во дуелот Црна Гора - Израел.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Гечевски е завршена приказна, самиот тој го изјавува а и веќе му е време да подуспори на 36 години, едно е слаба Јадранска Лига, друго е репрезентација. Плус цигарите и пиењето :)

Николовски е аут до пролет, а и треба да се види како ќе игра кога ќе се врати, дополнително со тоа што имаше малку минути оваа сезона во МЗТ. За неговата одбрана во рекет нема што да се збори, пошто не постои.
За Крстевски и Штерјов ќе видиме како ќе се снајдат, според утакмиците во Турција и Кина, далеку потешко им одеше отколку на Аврамовски.
Атланта може да среди индивидуални тренинзи за Антиќ, или со неколку играчи, неформално. Во сите тимови има такви примери.

Што збориш жити се глупости, како прво Јадранска лига е далеку од слаба лига, можда е далеку од Евролига ама дека е слаба тоа е смешно. Гечевски со МЗТ имаше феноменална сезона со екипи кои се и далеку финаниски и поквалитетни со играчки кадар. Тој ако пиел и пушел тоа не му е од сега и еве ќе ти кажам дека може да изигра уште едно првенство и тоа ова во Словенија. Немојте да го отпишувате искусниот Гечевски туку така лесно... Неговото искуство е доволно само за ротација да влезе на 3-4 минути макар да е да одмори на негово местоЧековски или Самарџиски на такво јако темпо, ионака како што стојат работите дефицитарни сме со неиграњето на Кирил и Бојан на таа позиција... Тој и со скршен нос има играно и неколку пати има зборено дека нема да игра па се има враќано. Не викам дека сигурно ќе игра ама ако игра ќе ви ги затне на сите муцките.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Не викам дека сигурно ќе игра ама ако игра ќе ви ги затне на сите муцките.
Бог да чува.
Он сам има кажано многу пати дека нема да игра за репрезентација повеќе, ако се врати сам ќе си ја затвори муцката не на било кој друг.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Бог да чува.
Он сам има кажано многу пати дека нема да игра за репрезентација повеќе, ако се врати сам ќе си ја затвори муцката не на било кој друг.

Гечевски го отпишуваат имал 36 години, пиел, пушел, тоа се збореше и за со МЗТ кога потпиша и за во Литванија па и претходно за квалификациите, значи јас велам не треба да се отпишува поради овие работи, дај боже да игра па пак сите ќе зборат како без Гечевски сме биле нула. Макар тој и беше дел од целиот колектив во Литванија и само ради атмосфера ќе биде штета ако не се најде во Словенија. И самиот Пипан кажува што ќе значи неговото неиграње они пак се запнале со годините негови... Значи дај боже Тодор да игра има поддршка од сите.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Дечки, ај ако сака некој нека го пиши целосниот распоред на натпреварите за подготовките?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Дечки, ај ако сака некој нека го пиши целосниот распоред на натпреварите за подготовките?
Подготовки за Европско Првенство '13

Во Словенија
меч со Украина 27 јули
меч со Словенија 28 јули
тренинзи, Крањска гора 29 јули - 5 август

Во Хрватска
мечеви со Хрватска 6 и 7 август

Во Македонија
тренинзи 8 до 19 август
меч со Литванија 17 август

Во Шпанија
мечеви со Шпанија 20 и 21 август

Во Германија
меч со БиХ 23 август
меч со Грција 24 август
меч со Германија 25 август

:)
 
A

Aruna_Kone

Гостин
Леле леле настанува дебата кој да се земе Аврамовски или Кромитче хаххахахаххаха :) Па мики од мое маало нека го земат бољи ќе биде :D

Мала шала, ни едниот ни другиот, Гече ќе биде таму па макар имал улога на Димчевски и Симоновски од прошлото ЕП :)
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
21
Не знам јас кои се тие натпревари кои си ги гледал каде Аврамовски е подобар од Крстевски и Штерјов. Аврамовски се што знае е да шутира надвор од рекетот, односно се она што НЕ Е којзнае колку потребно за центар. Во одбрана е ужасен и секој малку поцврст центар го турка каде сака. А да не зборувам што е неподносливо лош во дефанзивните скокови.

За Гечевски, нема збор и јас не очекувам да игра.

А за тие "неформални" тренинзи, Атланта нема ништо да организира, оти има и тоа како голема казна да добијат. Нивните сали, теретани и се друго што имаат е отворено за употреба, но никој од стручниот штаб не смее да оди и да им ги води тренинзите. Антиќ ако сака може да оди сам да тренира во салата. Клучниот збор е ако сака. Се додека федерацијата го осигура договорот, се зависи од Антиќ. Оние НБА играчи кои откажуваат учество не го прават тоа оти тимот им забранил туку затоа што сакаат да одморат и да бидат физички посвежи за претстојната сезона. Плус се плашат и од повреди.
Најверојатно воопшто не си го гледал како игра, Аврамовски шутира од надворешни позиции (тројка) еднаш во три натпревари (види статистика на МКФ), а надвор од рекетот само ако е оставен сам и нападот истекува. Неговата игра е под кош, а за одбраната, мислам дека оваа година не е на ниво од претходните години, но е далеку подобра од таа на Крстевски и Штерјов. За дефанзивните скокови, верувам дека си ја гледал утакмицата со Алжир, кога тој беше во игра немаше офанзивни скокови на противничкиот тим, а кога играа другите, еден куп, над 20 мислам дека беа.

За Антиќ ќе видиме, во првото интервју во Атланта изјавил „Иако ќе ми бидат потребни неколку недели да се адаптирам, мислам дека брзо ќе се вклопам во тимот и дека ќе имаат корист од мене.“. Интервјуто го има на МКД сајтот.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 14:20 ---
Што збориш жити се глупости, како прво Јадранска лига е далеку од слаба лига, можда е далеку од Евролига ама дека е слаба тоа е смешно. Гечевски со МЗТ имаше феноменална сезона со екипи кои се и далеку финаниски и поквалитетни со играчки кадар. Тој ако пиел и пушел тоа не му е од сега и еве ќе ти кажам дека може да изигра уште едно првенство и тоа ова во Словенија. Немојте да го отпишувате искусниот Гечевски туку така лесно... Неговото искуство е доволно само за ротација да влезе на 3-4 минути макар да е да одмори на негово местоЧековски или Самарџиски на такво јако темпо, ионака како што стојат работите дефицитарни сме со неиграњето на Кирил и Бојан на таа позиција... Тој и со скршен нос има играно и неколку пати има зборено дека нема да игра па се има враќано. Не викам дека сигурно ќе игра ама ако игра ќе ви ги затне на сите муцките.
Јадранската Лига е со послаб квалитет од претходните години, на тоа мислев. Инаку самиот Гечевски повеќе патти изјавуваше дека одлуката за неиграње е финална и нема промени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom