За Ѓуроски стварно немам коментар, катастрофа е од она што го имам видено, а фактот дека не го ставаат во игра во слаб колеџ тим кажува се.
Се надевам Трајковски дека ќе игра. Очигледно беше на медитеранските дека тој и Костовски се најмалку за цела класа подобри од останатите, макар што во одбрана и тие беа слаби. Не сметајќи го Гечевски (и Николовски) мислам дека ова е најсоодветен состав:
плејмејкери:
1. МкКејлеб
2. Илиевски
3. Костоски
бекови:
4. В.Стојановски
5. Д.Стојановски
6. Брчков
7. Симоновски (ако не планираат да го играат нешто особено поарно нека го пуштат Магдевски)
центри:
8. Антиќ
9. Самарџиски
10. Чековски
11. Трајковски
12. Крстевски или Штерјов - на ова место оптимално би било да е Гечевски или Николовски ама бидејќи нив ќе ги нема, тогаш немаме многу избор. Дури и Димчевски е повреден. Само не Аврамовски. Ни треба центар, а не бек со висина на центар.
П.С. Зошто Караџовски веќе не е ни во опција? Мене тој ми изгледаше покорисен наместо на пример Симоновски...
--- надополнето: 25 јули 2013 во 17:34 ---
Гечевски е завршена приказна, самиот тој го изјавува а и веќе му е време да подуспори на 36 години, едно е слаба Јадранска Лига, друго е репрезентација. Плус цигарите и пиењето
Тренинг кампот во НБА започнува на 1 Октомври. И онака Антиќ не смее да тренира во склоп на тимот дотогаш. Вообичаено знаат играчите сами да се организираат недела две порано на заеднички тренинзи, ама со оглед дека Антиќ не познава никого (а и онака Атланта скоро комплетно го промени тимот) тоа не верувам дека е реална опција.
Во превод, единствен проблем за играње на Антиќ би можела да биде федерацијата, ако не му го осигура договорот, или самиот Антиќ ако реши да се одмори за да биде спремен за својата прва сезона во НБА.