Football Manager 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да се исповедам. Прв ден почнав со Банско, втора лига Бугарија, ама нешто се обрка, ваљда дека имав ставено многу лиги, па си почнав нова кариера со Пирин Гоце Делчев. Медиумите предвидуваа последно место, а ја онака амбициозно, обеќам напаѓачки фудбал и завршување на средина на табела, кога почнаа да ме отварат како конзерва, мењам тактика. Пола сезона играв со 5-3-2, а после се пребацив на 4-2-3-1. Пари за трансфери нема, нема ни да има, па досега имам земено 4 играчи на слободно, али доста добри се покажаа. На крај 11 место од 16, со обезбеден опстанок у лига на 3-4 кола пред крај, четврт - финале у куп, намерно играв и двете утакмици со втор состав, оти имаше тежок распоред. Две највисоки победи 6-1 и 5-0, највисок пораз 3-0.
Сега за нова сезона ми понудија две години договор и пошто никој не се интересира за мене, си го прифатив, ама па и повеќе пари ќе им земам :). Пари за трансфери нема, играчи да шиткам не можам, оти од нив ќе извадам колку за пуканки. Ама овај пат не сум толку амбициозен, очекувања се да си обезбедам опстанок. Али тоа за пред директорите... Следечи апдејт на полусезона, ако не заборавам :) А и не оти на некој му е гајле :)
 
Продај го и купи си друг голман :D
Прегледај го приврзокот 66497

Па и ќе си купам да ти кажам право!
Боље од Венгер си :) што e работава со Жесус од Интер што е на фрее, нели се важи за талент во играва?

Интер у играва ги напраиле баш како во реалноста, ретко глупи луѓе, јас у Блекбурн коа бев и глеам Ковачич на трансфер листа за 18 мил одма го купив и кога отидов у Интер прв трансфер беше враќањето на Кова за 35 милиони!
 
Боље од Венгер си :) што e работава со Жесус од Интер што е на фрее, нели се важи за талент во играва?
Не знам ама одма се заинтересираа 5-6 клуба други да го земат и јас му дадов плата дупло него што бараше , овој од Аз јапонецов е многу добар а само 21 година има . Халилович и Гарсија си ги знам од Клуб бриж таму јас ги донесов и еве пак кај мене ги зедов :)
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 20:43 ---
Леле составооооов :eek:

Прегледај го приврзокот 66507

Има многу работа у пм, 18то место на табела господеее... буквално нема лев бек у тимов и крило шо игра со лева нога ко шо ми треба. Деструктивци колку сакаш, од моменталниов состав само 36-годишниот Реина заедно со Ален и Борини кои се развиле у топ играчи останале. Среќа имам над 20 милиони за засилување, ваљда ќе напраам нешто зимава. И добри регени имаат, али составов комплетно крш е у пм...
Ванајама одма стартер реди го . :D
 
Ај бе тибам играта нереална, шо е ова. Кој може толку мозок да имал да оставил 4 десни бека, 4 плејмејкери и 4 деструктивци, а да нема у екипава ниеден лев бек, само еден голман, тројца центар-бека и ниедно крило шо игра со лева нога. Па како бе да играм вака... пост-апокалиптично се осеќам ебате... :mad:
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 21:11 ---
Супер... Арсенал ме тепаа 7-0 -.-
 
  • Играм ја играва преку стим а еве сега ми се појави ова „Crash dump“ што да правам ?
  • И како тоа кај вас има пишувано во тоа прозорчето „Report“, кај мене го има, но е секогаш празно.
Вие на кракуваната верзија ја играте играта или ?
 
  • Играм ја играва преку стим а еве сега ми се појави ова „Crash dump“ што да правам ?
  • И како тоа кај вас има пишувано во тоа прозорчето „Report“, кај мене го има, но е секогаш празно.
Вие на кракуваната верзија ја играте играта или ?
Кое прозорче Report? Тоа за играчи или за team report? Или reports кај скаути? Биди попрецизен.

Иначе ја кракуваната ја играм.
 
Кое прозорче Report? Тоа за играчи или за team report? Или reports кај скаути? Биди попрецизен.

Иначе ја кракуваната ја играм.

Дали кај тебе до сега некогаш се појавило Crash dump ?
Инаку за Report мислев на ова:
untitled.jpg

Кај мене и после натпреварот ништо нема во тоа прозорче, секогаш е празно :)
 
Дали кај тебе до сега некогаш се појавило Crash dump ?
Инаку за Report мислев на ова:

Кај мене и после натпреварот ништо нема во тоа прозорче, секогаш е празно :)
За report тоа не знам, не ни ми треба пошто не го користам, доволно ми е да си ги знам оценките на играчите. Инаку crash dump се дешава често коа додаваш нови фајлови ко трансфери, фаци на играчи, дресови и сл. Некад праи така само на едно конкретно место, пример има еден трансфер апдејт кој го стаив, и со него коа у Ливерпул ќе отидеш да избереш капитени ми праиш Crash dump пошто Карагер е пензиониран а таму уште е наведен како поткапитен. Види како ти праи, ако ништо не помага избриши било шо додатно шо си напраил.
 
Jerome O'Sullivan_ History Career Stats.png
За кило семки донесен ѕверов :D Ни венгер не може со мене на играва :D
 
Прегледај го приврзокот 66474
Овие се стварно забегани .. колку што знам Ламела е Аргентинец не Шпанец , а плус нема играно во шпанска лига па да му дадат шпанско државјанство...
Му средија во Рома да добие Шпанско државјанство за да може да игра во Италија и за да можат да донесат уште 2 јужно-американци :D Прва сезона кај мене не беше толку добар ама вторава сега збесна. Нема ни 1 топка изгубено.
Иначе играм со Рома 1ва сезона заршив втор зад Аталанта :eek::eek::facepalm::eek::eek: Втора сезона пари за трансфери 6 мил кои беа потрошени во рок од 24 часа за откуп на играчите кои беа 50%- 50% Пјанич имал клаузула од 19 мил, и Освалдно морав да го жртвувам за да донесам неколку одбрамбени. Сега втора сезона сум малце ослабен но младиве засега да чукнам во дрво ОДЛИЧНИ.
 
До името на тимот ми се појави нешто, каде и да го пишува на крајот има нешто. Да не знае некој што е ова ? И како да го тргнам. Фала
Goran Nikov_ News Inbox.png
 
До името на тимот ми се појави нешто, каде и да го пишува на крајот има нешто. Да не знае некој што е ова ? И како да го тргнам. Фала
Забриши мониторот, прљав ти е :icon_mrgr:
 
До името на тимот ми се појави нешто, каде и да го пишува на крајот има нешто. Да не знае некој што е ова ? И како да го тргнам. Фала
Од кога вака? да не е до скинот или пак логоата нешто?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom