Проблемот со Фулам е тоа што се екипа во години. А за да си го ископлицирам дополнително играњето никогаш не местам да имам можност да купувам играчи уште од првата сезона. Затоа првата сезона ја завршувам со Шварцер 41, Рисе 32, Хангеланд 32, Хјуз 33, Берд 30, Даф 34, Дејвис 32, Карагунис 35, Сидвел 30, Бербатов 32, Петриќ 33, а сигурно заборавам уште некој.... Дополнително од позајмица ми заминуваат: Ритер, Манолев, Ено(х), Емануелсон.
Сендерос, Ричардсон и Деага се просечно направени, Касами и Родалега се катастрофа. Бригс, Фреј и Качаниклиќ се релативно слаби првите 2 сезони.
Одлични играчи се само Хангеланд, Рисе, Руиз и Бербатов, а и Сидвел не е лош. (од 5, 4 се 30+)
Затоа не можеш уште 2-3 сезони да го скоцкаш тимот со квалитетни играчи на сите позиции (барем јас не можев) Управата дава 30 ина милиони, ама со тие пари ако не начекаш нешто на трансфер листа, ништо. Затоа според мене Фулам е прав предизвик на играва.
5-тата сезона конечно направив одличен тим, но од резултатите не сум ич задоволен, 6-то место лигата, полу-финале во Капитол и финале во ЛЕ (изгубив од Реал на пенали) и плус втора сезона по ред завршив во црвено (што е во спротивност на моите принципи) и затоа се одлучив за чистка. Ги продадов Домингез 25, Томкинс 20, Вокер, 14, Вела 10, Борини 12, Чави Гарсија 5, Шчезни 15. Купив еден напаѓач за 30 и еден стопер 19 год за 12м. И сменив формација од 4-3-1-2 во 4-3-3 (без крила). Добро тргнав па ќе видиме.
Она што мене ме мачи е тоа што колку и да се обидувам не можам да дојдам до убава игра за око со посед и шанси, т.е. доаѓам, ама до јануари и после низ брдо. Сменив неколку формации 3-4-1-2, 4-4-1-1, 4-2-3-1... видов не оди и ги продадов сите крила и играв 4-3-1-2, за сега да играм 4-3-3. Во претходниот пост ми беше тој муабетот дека во претходните менаџири кога ќе ја пронајдеш правата формација после само надоградуваш со поквалитетни играчи, тука без разлика колку појаки играчи да имаш нема напредок во играта.
Се распишав малку повеќе, а во меѓувреме видов дека имало тема за тактики, па таму ќе се префрлам. Ако ништо друго се надевам ви го доближив Фулам побиску и можи и ќе се кандиса некој да си ја проба среќата со нив па да сподели искуство. Како што пишав погре, мислам дека Фулам е прав ФМ предизвик.