Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Сега ме уништи во форма на (лажен) спојлер. Од кај да знам дали гомната што ги изеде овој за Сноу и Санса се спојлер или не?

Зошто отварате/постирате вакви работи? :D

п.с.

Језива сцена.... :confused:

п.п.с.

Sunday's shocking Game of Thrones episode, "The Rains of Castamere," was HBO's most special episode for any show in the history of the network, HBO told Mashable on Friday. :cool:
 
Зошто отварате/постирате вакви работи? :D
Отворам зошто на повеќето редовни тука им верувам дека ќе припазат што постираат. Не отворам од секого. И лажен спојлер е спојлер, тоа е маката...
 
Да да, но ова каде што се одговараат било какви прашања а не се од „официјални лица“ не ги чепкам. :) Сепак не верувам дека овие College Humor би лупнале спојлер. Лупаат зелени само. :D

p.s. eпизодава била втора најгледана во историјата на HBO (значи во предвид се земени оние кои ја гледале на тв, а не пиратски) со 13.5м, веднаш зад Сопранови со 14.3. Сепак ако се земе предвид дека во прикажувањето на Sopranos немаше торенти и сите гледале преку претплатата на HBO, бројката на луѓе што ја гледале епизодава во недела и понеделник е барем три пати поголема :)
 
Сега ме уништи во форма на (лажен) спојлер. Од кај да знам дали гомната што ги изеде овој за Сноу и Санса се спојлер или не?

Ne se spojleri, ova e verzija na collegehumor za toa kako Martin uziva da ne maci.
 
Не дека се плашам од спојлери од овие на Јутјуб што ставаат клипчиња, ама ептен нискоинтелигентни клипчиња се. Форава дека Мартин ги убивал сите ја поминав 200 пати, ич не е смешна.
Тешко им е на американциве да сфатат дека серијава не е проста и дека нема тука еден херој со сабјата што ги коли сите и станува крал. Доста ни е што кратат на ликови само за они да можат да ја разберат серијата.
 
Отворам зошто на повеќето редовни тука им верувам дека ќе припазат што постираат. Не отворам од секого. И лажен спојлер е спојлер, тоа е маката...
Друже мене ми споилнаа за red wedding, биди среќен ти :)
 
Изгледа само јас не ја сакав Кетлин Старк на форумов

Catelyn: All this horror that's come to my family...it's all because I couldn't love a motherless child.
Meh, и мене ми е одвратна. Самиот лик уште кога ја читав книгата ми беше одбивен зашто цело време го одбиваше Snow плус некако тупава е, а и ја одбрале глумицата со тупава фаца, па таа одбивност кон ликот само ми се засили.

Тешко им е на американциве да сфатат дека серијава не е проста и дека нема тука еден херој со сабјата што ги коли сите и станува крал. Доста ни е што кратат на ликови само за они да можат да ја разберат серијата.
Кој ти рекол дека кратат на ликови за да можат Американците да ја разберат серијата? Ако го вклучат секој настан од книгата серијата ќе стане бетер од индиските. Од практични причини е скратено, не заради нив. Кој ќе ја гледа ако почнат секое настанче да го екранизираат? Аман веќе со тие фрустрации :cautious:
 
ЈАС ЈАС ЈАС ЈАС ЈАС ЈАС

Ги имаш читано книгите? Кога би ја направиле, пример, четвртата книга во посебна сезона не би погледнала ни четврт епизода. Да не пишам некој спојлер нема да пишувам што се случува во четвртата книга, ама вака општо земено и не би имало спојлер пошто не се случува скоро ништо.
Има некои релативно небитни настани кои се прескокнати, кои кога се чита книгата го дополнуваат ефектот, но не се доволно интересни и значајни за на телевизија и слободно може да се прескокнат без да се изгуби смислата. Во споредба со книгата ова е една од подобрите екранизации. Мислам дека ликовите се одлично доловени, што за мене е еден од најбитните фактори, исто како и општата атмосфера која е претставена во книгата.
 
Ги немам читано. Иако знам англиски - да читам книга е премногу за мене. Секој ден се молам да им текне на нашиве да ги превадат - уствари, има ли негде да се обратиш или да им дадеш идеа/препорака (request), за некоја книга? Одма би ги купил..
 
Дајте вистина да покрениме некоја иницијатива за книгите да се преведат на македонски. Се мислам дали да ги земам на српски јазик, ама знам дека не ќе е исто.
 
зошто сакате да осакатите феноменално парче хартија ??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom