Не,нема да ја/го заборавиш за 2-3 месеца,
Нема ни за година дена да заборавиш
Едноставно ќе си го помниш целиот живот,тоа е тоа.
Но,од друга страна, тоа е животот, за жал, не е розов.Како и да е, мора да се продолжи напред.
Дај си време колку ти е потребно,плачи,урлај,потсеќај се на сите работи кои сте ги правеле заедно, на крајот потсети се што ти има направено и така некој период.... Верувам дека ќе помине.Се поминува во животот,само си зависи до карактерот,така да некој полесно некој потешко.
Подобро според мене, би било да ја/го оставиш,затоа што нели со бившиот/бившата пак се навраќала....и тоа година дена.. па толку да немал/а грижа на совест за тоа време,не можам да разберам. Ако одлучиш да продолжиш, ке продолжиш со доза на огромна сомнителност, разклатена доверба и ништо нема да е исто, а и детето да влезе во комбинација....не штима тоа веќе.
Последиците таа/тој мора да си ги прифати какви и да се, нормално дека ќе се труди и сака и ке моли да сте пак заедно,но тука другиот треба да е карактер и да не дозволи да потклене.
Утре никој не ти гарантира дека нема пак да се случи тоа, како и самиот викаш, си мислел дека и таа го осеќа истото,ама излегло дека не било така.
Тоа не е човек штом можело во истото време и со бившиот и со сегашниот, сигурно не и било се во ред со тебе,па се навраќала и кај него да ги надополни тие работи кои ги нема со тебе. Не знам кои се, можеби ти ги знаеш, но најубаво таа си знае зошто го правела сето тоа.
Најтешко е што во почетокот нема да веруваш на никоја под дифолт, но со време ке се среди тоа.Верувај.Ќе имаш пак среќни моменти,нова љубов и надеж за живот со тој нов човек.