Заебана тема за тие што треба да претпоставуваат што ќе направат, а се надевам ќе пише и некој од тие (ако има такви) што доживеале вакво нешто.
Гледам многумина се чудат ради помислата на убиство/самоубиство и слично. Мене воопшто не ми се чудни и таквите разврски, имало примери на смирени и нормални луѓе што знаеле да одлепат и да направат нешто несвојствено за нив, па оние со слаб карактер и помисла дека ја изгубиле единствената личност со која можат да бидат често завршуваат и со самоубиство.
Како и да е, многу варијанти се во игра, јас на пр. глупо звучи али да треба да бирам, би одбрал да го дознаам ова индиректно дали од неа од нејзиниот швалер или од други мои блиски луѓе не е битно. Полошата варијанта е фаќање на дело. Тука се тие ситуации каде човек може да направи непланирани потези. Еве сликата нека ви удри во глава (се обраќам на машкиот пол конкретно) како влегувате и ја фаќате вашата огромна љубов како се работи во доги поза со моменталниот среќник-швалер, или да речеме како клечи и дува, да не продолжувам доволна збеснува моментов, сигурно 90 посто замислуваат како им ги кршат коските на двајцата. Во овој случај од овој аспект кажувам дека би се обидел да ги исфрлам од дома без алишта па нека чукаат од врата до врата ако сакаат да не ги види цело маало пред зграда, ќе ги усрамам до некаде бар. Секако сигурно ќе има пружање отпор па многу е можно да дојде и до физичка пресметка, дали јас ќе го јадам подебелиот крај или тие ќе се види од ситуацијата.
Доколку се случи првата и во случајов подобра варијанта, т.е. да дознаам на друг начин за ова неверство, ако не знае она дека сум свесен за тоа што се случува, свикувам вечера нормална со нејзе и нејзиното семејство и тука ги отворам картите и ја посрамотувам ем нејзе ем нив, сигурно има и некои удари на масата со тупаница за да сфатат дека не сум толку смирен како што навидум делувам, и да знаат дека треба да се чистат сите од мојот живот, засекогаш. Доколку пак она лично ми каже, мислам дека ќе издржам да бидам смирен (под смирен подразбирам да не претепам некого) кажуваме дека тоа е тоа и треба да се продолжи понатака, јас пак ќе ги известам нејзините за постапките што довеле до ова, чисто да биде колку толку посрамотена.
Од наведените опции во првиот пост секако последна опција не за оваа ситуација туку општо во животот, можеби и воопшто не постои како опција - е самоубиството. Не вреди за никој да си го одземаш сопствениот живот, особено за некој што не вредел.
Многу издолжив изгледа али гледав да ги опфатам повеќето можни аспекти ситуации и опции, нормално ова се е "што би било кад би било", се надевам нема некогаш да доживеам моменти слични на овие, исто и вие