Предлог за филм со кратка рецензија

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Slumdog millionaire IMDb 8.6/10

http://www.imdb.com/title/tt1010048/

Многу добро филмче, сега до пред малку го изгледав.
Се работи за едно дете кое ќе го освои квизот милионер. Тој е неписмено дете без родители. Сите прашања од квизот се поврзани со неговиот живот и неговите случувања, радости, тага, среќа, несреќа и најголемото нешто за неговиот живот љубовта. Затоа и тој ќе го освои милионер, со тие работи од животот.

Токму и заради тоа тој ќе се пријави на милионер, за да ја открие својата љубов, загубена, зошто тој знае дека таа го гледа милионер.

 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
69


The end of America
Документарец. Али не нешто као цајтгајст, туку предавање на една жена за фазите на уништувањето на Американската демократија почнуваујќи од the Patriot Act па наваму. Убави компарации со сите ултранационалистички, фашистички методи користени од познатите диктатори.
Вреди да се види.
http://www.endofamericamovie.com/
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
Кога сме веке кај Америка . Нее лошо да го погледнете филмот
American history x ептен мокен филм!

 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Многу добар филм само што го гледав, босански и се вика Тешко је бити фин





Се работи за тоа како е тешк очовек да живее поштено и како е тешк ода излезе од кругот на мафијаши кои не те пуштаат таак лесно ак оси направил некој бизнис со нив.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10



за сите љубители на филмовите на Вуди Ален ви го препорачувам неговото последно остварување Вики Кристина Барселона, за кое Пенелопе Круз доби оскар за споредна женска улога. Типично дело за Вуди Ален, сосема поразлично од обичните блокбастери со неочекувани случки и секако нетипичен крај на приказната. Човеков е убеден дека прави ремек дела, кој знае можеби е во право.
Инаку приказната е за две другарки Вики, која сака стабилна љубовна врска, и Кристина која сака предизвици одат на летен одмор во Барселноа. Таму добиваат непристоен предлог од за Кристина привлечен контраверзен уметник па потоа... треба да го гледате филмот.

Во чест на Вуди Ален го спуштив претходниот негов филм Сонот на касандра (акција) баш да видам што има направено од овај филм. Ако ми се допадне ќе ви го пишам за предлог
Поздрав :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The next-2007.










Филмов ми е еден од најдобрите филмови со Николас Кејџ, ако не и најдобар. покрај него глумат и Џесика Бил и Џулијан Мур. Николас Кејџ во овај филм ја гледа иднината пред да се случи, и е некој вид на медиум, посебно ми е интересна сцената кога ќе се запознава со Џесика Бил, па ќе си ги поправа грешките. Да не го раскажувам филмов, кој што го нема гледано филмов да го гледа. Или барем да го гледа трејлерот па потоа да одлучи дали да го гледа или не.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
The next-2007.

Филмов ми е еден од најдобрите филмови со Николас Кејџ, ако не и најдобар. покрај него глумат и Џесика Бил и Џулијан Мур. Николас Кејџ во овај филм ја гледа иднината пред да се случи, и е некој вид на медиум, посебно ми е интересна сцената кога ќе се запознава со Џесика Бил, па ќе си ги поправа грешките. Да не го раскажувам филмов, кој што го нема гледано филмов да го гледа. Или барем да го гледа трејлерот па потоа да одлучи дали да го гледа или не.
Ти го видов постот и го слегов филмот. Па фала за предлогот.

Добро акционо трилерче, вреди да се изгледа. Не би рекол најдобар филм на Кејџ , сите му се добри али ниту еден феноменален, ама за то па ко ќе гледаш филм со него знајш дека нема 2 сати да ги фрлиш за џабе.
Имаше една нелогична сцена (
кога ќе ја спаси Мур
) али од ко го догледав филмот ја сфатив :)

Thumbs up за предлогот.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Дајте ми некој предлог за филм со од прилика ваква содржина.
Нека биде на планина, специјална единица или војска. Не е битно дали се на вежби или на некоја задача да уловат некој криминалец. Филмот нека не биде многу стар од 2005 навака ако може. Незнам дали баш овој е таков зш не го имам гледано ама мислам дека е од таа врста „Behind Enemy Lines Colombia (2009)“, значи нешто слично на овој погоре ако го имате вие гледано.
Ај некој нека даде нешто предлог :).
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Spirited Away


Јапонски анимиран филм. Пред да ви падни напамет Покемон, овај филм е на сите топ листи за анимирани филмови (#3 IMDB) и добитник на едно чудо награди меѓу кои и Оскар.

10 годишно девојче завршва во свет на фантазија со цел да ја крени клетвата над нејзините родители, фрлена од страна на вештерка која владее со тој свет.

Цртан за сите возрасти . 10/10
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
Ај некој нека даде нешто предлог :).

види го Shooter го гледав пред некој ден, просечно филмче но интересно за гледање. Врвен снајпериста во пензија го бараат да направи план за атантат на претседателот на САД со цел да се спречи евентуален таков атентат...

Улоги: Марк Валберг, Раде Шарбеџија, Рона Митра...
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
Gledaje go filmot Wholetrain ..
germansko remek delo. ednostavno super (Y) (Y) ..
ako e nekoj zainteresiran neka mi pisa .. ;) ;) ..
ke dadam link za down. ^^
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Spirited Away


Јапонски анимиран филм. Пред да ви падни напамет Покемон, овај филм е на сите топ листи за анимирани филмови (#3 IMDB) и добитник на едно чудо награди меѓу кои и Оскар.

10 годишно девојче завршва во свет на фантазија со цел да ја крени клетвата над нејзините родители, фрлена од страна на вештерка која владее со тој свет.

Цртан за сите возрасти . 10/10
Го обожавам цртаниот. Феноменално е направен. Исто многу ми се свиѓаше и тоа многу повеќе Howl's Moving Castle . Направен е од истиот тим ист режисер ист стил само подобра приказна. Сепак и двата вредат да се погледнат ако не друго се мелем за очи во однос на изглед на слика.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Leon или Професионалец.





Прв пат го гледав додека ја чекавме Нова година како тинејџер со другарите. Апсолутно сум импресиониран од филмов, има шпекулации дека ќе се снима втор дел со Натали Портман ама ништо до сега. Инаку содржината на филмов се врти околу два централни карактери, итоа атентатор и девојче кое што ќе ја изгуби фамилијата во масовно убиство од страна на валкани поилицајци.
Најјако ми е мотото на Леон кое што го применува при секоја завршена професионална работа.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
алелуја... Leon The Professional еден од најдобрите филмови на сите времиња... Јас лично го обожавам и за мене е омилен филм. На Гери Олдман би му дал оскар за споредна улога. БРАВО!
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514


Мобилни телефони (Cellular)

Филмот е интересен,
се работи за една жена која ке биде киднапирана поради тоа што нејзиниот маш ке има снимано како едни луѓе тепаат и убиваат еден човек. Киднапедите ке имаат полицајски значки што му ја олеснува работата. Во собата каде што ке ја стават Џесика (киднапираната жена) ке има и еден телефон кој киднаперот ке го скрши. Но иако скршен Џесика ке успее да го состави и да добие врска со некој си број, не по нејзин избор. Тоа ке биде еден млад човек кој одпрвин нема да му верува се додека киднаперот ке влезе и не и се закани на Џесика дека ке ја убие ако не му каже каде е нејзиниот маж. Таа нема да му каже и киднаперот ке го му каже дека ке го киднапира и нејзиното дете кое моментално е на училиште. Тоа ке го чуе младиот човек кој ке се упати кон училиштето но тој не може да ја прекине врската со Џесика затоа што ако го прекине телефонот на Џесика ке ја изгуби врската и не ке може да ја добие повторно. Додека младиот човек ке оди до училиштето киднапедите се веќе стигнати таму и го киднапираат детето. Младиот човек ке го види тоа и ке ја види каква е колата на киднаперите па со колата од школското обезбедување ке ги следи. Но ке има сообракаен метеш а батеријата мобилниот телефон на младиот човек ке се испразни и тој ке оди да купи нова. Но поради големиот метеж и во продавницата тој ке мора да го употреби и пиштолот кој ке го најде во колата на школското обезбедување. Се тоа ке биде снимано на камерите од продавницата и полициата ке го осомничи него. Додека младиот човек ке разговара со Џесика во нивната линиа случајно ке се вмеша друг мобилен т.е. човекот од спротивната лента на автопатот. Тогаш младиот човек ке излезе од колата за да му го земе телефонот на човекот за да не му се меша но колата на младиот човек ке ја собере еден камион и таа ке експлодира. Тогаш младиот човек ке биде принуден да му го зеде и поршето на човекот и да се упати кон аеродромот каде што бил маж му на Џесика. Но киднаперите ке бидат побрзи и маж му од Џесика ке го одведат во банката каде ја чува камерата. Тоа ке го дознае младиот човек и ке се упати кон панката со цел да му помогне. Тоа и ке се случи и камерата заедно со лентата ке биде кај него. Тој тогаш ке му се јави на киднаперот и ке му каже дека лентата е кај него и да отидел кај некој си мост тој да му ја даде Џесика со си нејзиното семејство а тој него лентата. Киднаперот ке се согласи и ке отиде таму но лесно ке го измами младиот човек, ке ја земе лентата а ке нареди Џесика и семејството да бидат убијани. Но Џесика ке успее да го успие човекот кој ги чува во комбето и тој кога ке се резбуди ке земе пиштол за да ги убие и во тој момент ке дојде младиот човек кој ке го претепа до смрт и ке ги ослободи Џесика, сим му и маж му. Киднаперот ке е мртов но на снимката ке има уште еден човек од полиција кој ке мисли дека нема докази за да оди во затвор и тогаш младиот човек со телефонот ке му каже на полицијата дека успеал видеото кое било снимано со камерата да го префли на неговиот телефон и тие да го видат. Тие ке го видат, полицаецот-киднапер ке оди во затвор и се ке заврши среќно и убаво.


Улоги: Вил Беинбрик, Џесика Биел, Ким Бесинџер
Година: 2004
 

Kajgana Shop

На врв Bottom