Ја изгледав пред 3=4 дена. Одлична серија.
Една година ми стоеше симната првата сезона ама никако да ја изгледам, па сега почнаа сите околу мене да ми ја зборат и морав да ја изгледам.
Нрмално, незнаев по кој редослед да ги гледам и читајќи ја сега темава гледам колку сум имал среќа кога решив да не прашувам овде него во општата тема. Како може некои да викаат дека нема врска дали ќе ја гледаш Gods of the Arena прва па после ќе ја гледаш Blood and Sand или па ќе ги гледаш како што излагале. Па првите секунди од Gods of the Arena го покажуваат крајот на Blood and Sand и тоа е доволно за да ти ја уништи цела прва сезона.
Значи, почнав со Blood and Sand. Првите две-три епизоди ми беа онака, ништо посебно. Малце можда и ми требаше време за да се навикнам на ефектите и крвта. Брзо ја засакав и после неможев да престанам да гледам. Првава сезона одма ја изгледав, епизода по епизода. Сега кога ја изгледав цела, можам да кажам дека првава сезона ми е најдобра. Тука се негде со последната, ама сепак некако највеќе ми се свиѓаа случувањата во првата, со борбите во арената.
Дури откако завршив со Blood and Sand, и дојде на ред Gods of the Arena дознав за Енди
Одличен беше човекот во улогата на Спартак и знаев дека нема да биде веќе исто без него. Штета.
И Gods of the Arena одма ја изгледав и многу ми се свиѓаше. Може да се каже дека дошло како среќа во несреќа. Мислам дека е многу подобра серијата со тие шест епизоди, пред се поради развојот на Ганикус.
Vengeance некако најслаба сезона ми беше. На почетокот неможев да го прифатам новиот глумец, едноставно не ми одговараше дека бев навикнат на претходниот. Се подобри колку толку со епизодата со рушењето на арената, но се на се онака ми пројде сезоната без некое преголемо возбудување за секоја наредна епизода.
Од War of the Damned највеќе очекував како финална сезона нели и може да се каже дека ги исполни моите очекувања. Цезар внесе нешто ново што фалеше во Vengeance. Ептен го погодиле глумецот. Плус Красус и син му беа одлични ликови кои ја живнаа серијата повторно. Доби одличен крај кој ја прави серијата во целост уште подобра. Иако знаев како завршува, сепак се беше направено подобро него што очекував. Освен смртта на Криксус, некако не ја осетив.
Да сумирам, прекрасна серија која ќе ве држи пред ТВ додека не ја изгледате. Секој што не ја изгледал треба да тргне се друго на страна и да почне. Дефинитивно вреди иако после првата сезона и Gods of the Arena веќе ништо не ми беше исто.