баш ме интересира дали со дигитализацијата ке може на секаде низ македонија да се гледаат повеке канали,еве на пример кога одам на планина да искулирам ден два ама од љубопитност сакам да ѕирнам шо има на тв. и нема ниту еден канал ,дали сега ке ги има пример алфа,скај нет на секаде ....чекам одговор
Радувај се ти, слушаш дигитално и те фаќа одма импресија, најголемата придобивка од дигитализацијата е можност за наплата за гледање по канал, во одреден временски период.
Не велам дека наплаќањето за услуги е неправилно, тоа е сосема нормално, велам дека работите треба да се гледаат од повеќе гледни точки.
Но сепак, се работи за неизбежен технолошки т.е. природен процес, кој што има и позитивни страни и негативни страни, зависи од која гледна точка гледаш.
Еве пример некои аспекти - ќе се ослободат повеќе фреквенции - океј.
Ќе има поквалитетна слика онаму каде што SNR-от е океј, таму каде што има повеќе шум ќе ти фалат фрејмови, ќе ти сецка или скрос ќе ти заглави стримот и ќе се откажеш од гледање, не е ова аналоген TV, па да имаш каков-таков временски стабилен прикажан стрим со снег.
Ќе се овозможи наплата - океј.
Поради застарените TV приемници кај корисниците кабелските оператори (кои што целат баш на тој тип на корисници) ќе имаат истант ќар - океј.
и т.н.
PS: Инаку да се разбереме - јас телевизија одамна не гледам воопшто и не ни планирам да гледам.
Целосно сум дигитализиран.
