Циник човек што ја знае цената на се а вредноста на ништо.
Убава мисла која ја одразува реалноста на добар дел од форумот и на дел од Македонија.
Гледам се отвораа многу теми во Економија и бизнис а ниедна немаше за Бунарџик и што се случува таму, така да добро е што некој му текнало да отвори тема за ова без разлика што некој весник првин требал да напише па на друг да му текне. Сакав уште пред неколу месеци да отворам ваква тема, но решив да почекам некој друг да отвори , да не искочи дека само јас зборам за Бунарџик.
Пред некој 9 месеци кога дебатирав на форумот за позитивностите на фабриките што работат во Бунарџик и што тие значат за Македонската економија и сега и во иднина. Тогаш Меандри, Лукови, Аматиња, Санчези и остала експертска "неутрална'' тајфа. Јадеа бурек дека само 2 фабрики работат на Бунарџик(Џонсон Мети и Контрол) , лажат сушат нема да има инвестиции таму, кој нормален ќе инвестира кај нас., бла бла...... Денес 5 фабрики работат ( од која една ги дуплира капацитетите) а една во завршна фаза а уште една ќе се гради. Инаку има и шеста фабрика што мислам дека работи или пред започнување со работа е ,не сум сигурен но се работи на Црногорска компанија која се вика Нин Фибер , што ќе произведува синтетички влакна. Значи денеска за разлика од пред 9 месеци има три пати повеќе фабрики што работат во Бунарџик и уште две што се градат. И неколку во најава. На некој јадачи на бурек на форумот не им издржаа тезите ни повеќе од 9 месеци , дека само 2 фабрики биле , 2 како ниедно не било итн. Сега гледам пробуваат хумор да вежбаат на форумов. Пред пола година може и повеќе баш отворив тема за Веле Самак и го кажав моето мислење за него дека го почитувам него и тоа што го работи(еден од главните луѓе задолжени за привлекување странски инвестиции ). Тогаш го направивте неписмен ваков таков онаков бил 2 фабрики само биле бла бла бла. Денес 6 фабрики во Бунарџик работат уште 2 се градат. А во Штип, Битола и Кавадарци и таму се во завршна фаза некој фабрики. Ова сакав чисто да потсетам за кајгана "економските експерти" колку им се издржани тезите и тврдењата. Кога добар дел од ниввните тврдења и тези се побиени за помалку од 1 година, што останува со нивните тези за 2 или 3 години? Да не зборам за 5 години како некој ќе се смее на нивните тврдења како Бунарџик била пропаданата работа.
Инаку за ефектите од Бунарџик уште сега се гледаат некој резултати. Над 1200 вработени таму над 90% од вработените земаат плата од над 300 евра! Џонсон мети е најголем извоззник со извоз од над 700 милиони евра.а sо дуплирање на капацитетот ќе надмине над 1 милијарда евра извоз! Тие компаниее носат со нив и нова технологија, и ново знаење, И нов стил на менаџмент каде што македонските вработени без разлика дали се работници или менаџери во пониски нивоа, има што да научат и да видат, и да вредат повеќе во иднина. Овие и новите инвестции во Бунарџик ќе ја покачат на среден и долг рок , платата во Скопје има зголемена конкуренција така да и многу македонски компании во иднина ќе бидат приморани да ги покачат платите ако не сакаат да им избегаат вработените во Бунарџик. Се отвара можност македонски компании да изработуваат дел од тоа што фабриките во Бунарџик го работат. итн итн.
Инаку најтешко беше повеќе сум од убеден ,да се донесе првата и втората инвестиција во Бунарџик кога имаш зелена оградена ливада, Сега кога имаш над 5 фабрики на познати Мулти Национални компани и неколку што градат. Самите тие инвестиции се веќе добра реклама и препорака за нови компании да инвестираат во македонија и да влезат во Бунарџик. ( инаку Џонсон Мети гради уште една фабрика веднаш до неа а Џонсон Контрол гради во Штип тоа се компани по втор пат се решиле да инвестираат во македонија , да било лошо сигурно немало втор пат да инвестираат пак во Македонија)Инаку неколку месеци е стара информацијата на Фајненшл тајмс дека Бунарџик е во 50 најдобри економски слободни зони во светот. Ама ниеден "експерт'' на форумот не ја објави оваа информација , и оставив да видам колку месеци треба да поминат на некој да му текне да напише, или да дознае. Помина преку 3 или 4 месеци. А инаку дека Бунарџик е меѓу 50 најдобри економскки слободни зони во светот, има иста тежина како во фудбалска смисла да кажеш дека Вардар игра во Лига на Шампиони. Ама кај нас таа информација прилично помина незабележително. Инаку оваа влада има и доста економски промашување но Бунарџик и слободните економски зони сигурно не се едно од нив. И сум да се критикува таму кај што треба да се критиркува. Но да се критикува Бунарџик и позитивниот ефект што ќе го има македонска економија од него , мора некој да е што нема врска од економија, или е "неутрален'' член на форумот кој нонстоп плука по се што се прави во државава ,а ниедна работа нема што му се свиѓа во последните 7 години и тој се смета за "неутрален'' а многу неутрални има на форумот.
И за крај ќе кажам пред 15-17 години Словенија,Чешка, Словачка отвараа вакви слободни економски зони и им доаѓаа познати Мулти Национални Компании, тие се едни од најголемите придонесувачи на тоа што тие земји имаат плати над 3 пати повеќе од Македонските и повисок степен на стандард. И денеска веќе идат и кон уште повисоки технологии зошто го стекнаа неопходното знаење, искуство соработка и се што е позитивни од Западот. Ама тоа не го направија за една или две години , а уште помалку во години на светска економска криза и години на европска должничка криза.
П.С Немам намера да одговорам на "нeутралци" на темава