Успешнa приказна за македонските слободни индустриски зони

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
за малку... ама за малку ке поверував во бајката од првиот пост... почнаа предизборните маркетинзи по форумите а? ако ако, убава работа е тоа..

туку, економоските зони дефинитивно си имаат своја цел. можеби моментално стагнираат поради светската економска криза од која многу компании им треба време да се соземат.

сепак, да не го заборавиме и фактот дека како што пишува во првиот пост, 1000 вработувања се сепак пари и егзистенција за 1000 семејства.. нека се во просек по 3 особи, тоа е леб за 3.000 особи, што не е мала бројка, која пак гледано во проценти спрема невработеноста сепак е смешна... незнам што да мислам и што да кажам, на клацкалица сум по ова прашање... само се надевам дека ке профункционираат тие економски зони во брзо време и блиска иднина, не за друго, туку за доброто на македонецот, како единка-сиромашен. сега за сега бајката од текстот не е реална и нека поработи малку власта да профункционира тој дел и гранка...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.353
Инвестицииве никако не се лоша работа.Се вработуваат луѓе,влегува капитал во земјата,се зголмува извозот.....
Само што проблемот е што ги има малку.....еве бунарџик има 3-4 фабрики што работат,1-2 што се градат и тоа е тоа за цела земја.
 
Член од
5 јануари 2013
Мислења
91
Поени од реакции
39
Добро бе од кое село сте искочени, некое на Хималаите ? Еднаш не сте поминале до Бунарџик или пак имате само 10 пријатели и сите тие се невработени или работат во малскиот дуќан???
Бунарџик е во градба со полна пареа, имав прилика да поминам таму пред 2 недели и имав што да видам.
Од друга страна фабриките во Кавадарци и Битола веќе на некој начин се започнати со работа (сигурни информации од пријатели од тие региони кој имаат роднини,комшии и пријатели кој работат во фабриките).
Мислам дека навреди на текстот на билд не се потребни ,прво сум член и на тој форум и знам како функционира и дека политика најмалку се меша, а од друга страна тоа што билд го пишува го видов со свој очи.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.529
Поени од реакции
22.580
За на друго место незнам, Битола почна со работа Кромберг.
Сега засега се околу 300 вработени, а пуштена е само една нецелосна линија за производство. Колку што можам да видам спрема просторот и линиите за производство треба да има безмалку 2000 вработени кога фабриката би работела со полна пареа или сите десет линии.
Од друга страна платите се :place:
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Циник човек што ја знае цената на се а вредноста на ништо.
Убава мисла која ја одразува реалноста на добар дел од форумот и на дел од Македонија.

Гледам се отвораа многу теми во Економија и бизнис а ниедна немаше за Бунарџик и што се случува таму, така да добро е што некој му текнало да отвори тема за ова без разлика што некој весник првин требал да напише па на друг да му текне. Сакав уште пред неколу месеци да отворам ваква тема, но решив да почекам некој друг да отвори , да не искочи дека само јас зборам за Бунарџик.
Пред некој 9 месеци кога дебатирав на форумот за позитивностите на фабриките што работат во Бунарџик и што тие значат за Македонската економија и сега и во иднина. Тогаш Меандри, Лукови, Аматиња, Санчези и остала експертска "неутрална'' тајфа. Јадеа бурек дека само 2 фабрики работат на Бунарџик(Џонсон Мети и Контрол) , лажат сушат нема да има инвестиции таму, кој нормален ќе инвестира кај нас., бла бла...... Денес 5 фабрики работат ( од која една ги дуплира капацитетите) а една во завршна фаза а уште една ќе се гради. Инаку има и шеста фабрика што мислам дека работи или пред започнување со работа е ,не сум сигурен но се работи на Црногорска компанија која се вика Нин Фибер , што ќе произведува синтетички влакна. Значи денеска за разлика од пред 9 месеци има три пати повеќе фабрики што работат во Бунарџик и уште две што се градат. И неколку во најава. На некој јадачи на бурек на форумот не им издржаа тезите ни повеќе од 9 месеци , дека само 2 фабрики биле , 2 како ниедно не било итн. Сега гледам пробуваат хумор да вежбаат на форумов. Пред пола година може и повеќе баш отворив тема за Веле Самак и го кажав моето мислење за него дека го почитувам него и тоа што го работи(еден од главните луѓе задолжени за привлекување странски инвестиции ). Тогаш го направивте неписмен ваков таков онаков бил 2 фабрики само биле бла бла бла. Денес 6 фабрики во Бунарџик работат уште 2 се градат. А во Штип, Битола и Кавадарци и таму се во завршна фаза некој фабрики. Ова сакав чисто да потсетам за кајгана "економските експерти" колку им се издржани тезите и тврдењата. Кога добар дел од ниввните тврдења и тези се побиени за помалку од 1 година, што останува со нивните тези за 2 или 3 години? Да не зборам за 5 години како некој ќе се смее на нивните тврдења како Бунарџик била пропаданата работа.

Инаку за ефектите од Бунарџик уште сега се гледаат некој резултати. Над 1200 вработени таму над 90% од вработените земаат плата од над 300 евра! Џонсон мети е најголем извоззник со извоз од над 700 милиони евра.а sо дуплирање на капацитетот ќе надмине над 1 милијарда евра извоз! Тие компаниее носат со нив и нова технологија, и ново знаење, И нов стил на менаџмент каде што македонските вработени без разлика дали се работници или менаџери во пониски нивоа, има што да научат и да видат, и да вредат повеќе во иднина. Овие и новите инвестции во Бунарџик ќе ја покачат на среден и долг рок , платата во Скопје има зголемена конкуренција така да и многу македонски компании во иднина ќе бидат приморани да ги покачат платите ако не сакаат да им избегаат вработените во Бунарџик. Се отвара можност македонски компании да изработуваат дел од тоа што фабриките во Бунарџик го работат. итн итн.
Инаку најтешко беше повеќе сум од убеден ,да се донесе првата и втората инвестиција во Бунарџик кога имаш зелена оградена ливада, Сега кога имаш над 5 фабрики на познати Мулти Национални компани и неколку што градат. Самите тие инвестиции се веќе добра реклама и препорака за нови компании да инвестираат во македонија и да влезат во Бунарџик. ( инаку Џонсон Мети гради уште една фабрика веднаш до неа а Џонсон Контрол гради во Штип тоа се компани по втор пат се решиле да инвестираат во македонија , да било лошо сигурно немало втор пат да инвестираат пак во Македонија)Инаку неколку месеци е стара информацијата на Фајненшл тајмс дека Бунарџик е во 50 најдобри економски слободни зони во светот. Ама ниеден "експерт'' на форумот не ја објави оваа информација , и оставив да видам колку месеци треба да поминат на некој да му текне да напише, или да дознае. Помина преку 3 или 4 месеци. А инаку дека Бунарџик е меѓу 50 најдобри економскки слободни зони во светот, има иста тежина како во фудбалска смисла да кажеш дека Вардар игра во Лига на Шампиони. Ама кај нас таа информација прилично помина незабележително. Инаку оваа влада има и доста економски промашување но Бунарџик и слободните економски зони сигурно не се едно од нив. И сум да се критикува таму кај што треба да се критиркува. Но да се критикува Бунарџик и позитивниот ефект што ќе го има македонска економија од него , мора некој да е што нема врска од економија, или е "неутрален'' член на форумот кој нонстоп плука по се што се прави во државава ,а ниедна работа нема што му се свиѓа во последните 7 години и тој се смета за "неутрален'' а многу неутрални има на форумот.
И за крај ќе кажам пред 15-17 години Словенија,Чешка, Словачка отвараа вакви слободни економски зони и им доаѓаа познати Мулти Национални Компании, тие се едни од најголемите придонесувачи на тоа што тие земји имаат плати над 3 пати повеќе од Македонските и повисок степен на стандард. И денеска веќе идат и кон уште повисоки технологии зошто го стекнаа неопходното знаење, искуство соработка и се што е позитивни од Западот. Ама тоа не го направија за една или две години , а уште помалку во години на светска економска криза и години на европска должничка криза.
П.С Немам намера да одговорам на "нeутралци" на темава
 
С

Спасе супата

Гостин
Да де се е тоа прекрасно фабрики ово оно. И крај на година имаме 0% раст на бдп. А во минус не сме влегле благодарение на земањето кредити. Убавини.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Неможе некој инвеститор да ми дојде и да ми ја одредува цената на земјиштето , во овој случај јас диктирам правила :)
Bidi sreken sto mrdna vo slobodnive zoni,inaku za zemjata ni 1 evro za kvadrat ne možeše da dobieš ako e 10tina km nadvor od Skopje.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 08:50 ---
Да де се е тоа прекрасно фабрики ово оно. И крај на година имаме 0% раст на бдп. А во минус не сме влегле благодарение на земањето кредити. Убавини.
Da ne bea ovie investitori ke imaše pad od 5% ili poveke na BDP. Najvažna misija na bilo koja vlada treba da e smaluvanje na brojot na nezaposleni,mislam deka ovaa e prva koja realno nešto napravi vo toj pogled,a bolesta za zaposluvanje partiski vojničinja vo javnata administracija se prenesuva od edna na druga vlada,tuka nema spas.
:D
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Ај некој што ги исчита лавов во една реченица нека ме цитира што сака да каже?
Јас се нешто бла бла читам.
за него ќе треба дешифраторот од египетските пирамиди да го викнеме:D
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 11:44 ---
Bidi sreken sto mrdna vo slobodnive zoni,inaku za zemjata ni 1 evro za kvadrat ne možeše da dobieš ako e 10tina km nadvor od Skopje.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 08:50 ---

Da ne bea ovie investitori ke imaše pad od 5% ili poveke na BDP. Najvažna misija na bilo koja vlada treba da e smaluvanje na brojot na nezaposleni,mislam deka ovaa e prva koja realno nešto napravi vo toj pogled,a bolesta za zaposluvanje partiski vojničinja vo javnata administracija se prenesuva od edna na druga vlada,tuka nema spas.
:D
Сигурен си дека толку идат o_O
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Ај некој што ги исчита лавов во една реченица нека ме цитира што сака да каже?
Па на кратко сака да каже дека на форумот имало многу неутрални шупци и шупки кои поима немале од живот и реалност.
Плус авторот кажува дека он е Веле Самак и дека отворил профил на кајгана да го шири словото божје инвеститорско на неуките и унесреќените.
На крај авторот изразува голема желба да му потпорасне малце фалусот за да може да си го мери со неутралните.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.154
Поени од реакции
2.755
Па на кратко сака да каже дека на форумот имало многу неутрални шупци и шупки кои поима немале од живот и реалност.
Плус авторот кажува дека он е Веле Самак и дека отворил профил на кајгана да го шири словото божје инвеститорско на неуките и унесреќените.
На крај авторот изразува голема желба да му потпорасне малце фалусот за да може да си го мери со неутралните.
Чекај сега сакаш да кажеш дека ти си неутрален на форумов?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Па на кратко сака да каже дека на форумот имало многу неутрални шупци и шупки кои поима немале од живот и реалност.
Плус авторот кажува дека он е Веле Самак и дека отворил профил на кајгана да го шири словото божје инвеститорско на неуките и унесреќените.
На крај авторот изразува голема желба да му потпорасне малце фалусот за да може да си го мери со неутралните.
бурекот го заборајфте :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom