Заложбите за привлекување странски инвестиции дадоа резултати
„Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“ пo 20 години ја сменија структурата на извозот на македонската економија и наместо како порано да извезуваме полупроизводи од челичната и од текстилната индустрија, придонесоа да извезуваме готови производи со додадена вредност, изјави министерот за економија Ваљон Сараќини по средбата со менаџментот на двете компании кои оперираат во ТИРЗ Скопје 1, Бунарџик.
- Целта на посетата е да се запознаам со проблемите што ги имаат компаниите и на кој начин можам да помогнам во решавањето на сите институционални проблеми кои се процедурални и може да се решат, изјави министерот Сараќини.
Тој посочи дека во услови на криза во последниве две години „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“ успеаја да го задржат темпото на извоз и да најдат и нов пазар, Велика Британија. Притоа, двете компании годинава и следната година планираат за 50 проценти да го зголемат извозот, со што дури 50 отсто од вкупниот извоз на земјава ќе се реализира од компаниите кои оперираат во ТИРЗ.
- Пред две недели беше најавен влезот на три нови компании од Турција кои ќе почнат да градат фабрики во Бунарџик, а минатата недела беше објавено дека турска компанија ќе гради фабрика во ТИРЗ - Тетово. Има уште две компании што се при крај на донесувањето одлука за инвестирање во ТИРЗ, така што зоните веќе почнуваат да даваат резултати, рече Сараќини.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2EA295D83ED1B94A8F6F18C171BA16E6