Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Катастрофа, ако вака играме лошо ни се пишува.
Тетекс и на терен покажаа дека склопиле одлична екипа.
Не знам само зашто Ранѓеловиќ не беше во составот туку на трибина заедно со Бојовиќ.
Џиџи што побрзо си иде толку подобро за нас, а и ЈОве многу некако слабо игра кај се предомисли кај не заеба.
 
Ова е алармантно, луѓе! Досега изговорот им беше дека со странски екипи играле, а сега и еден Тетекс ни држи лекција. Не сфаќам зашто се праат слепи тие куртоните во управа зашто е очигледно дека кретенот ќе успее да упропасти се добро што се сработи во есенскиот дел. Ни следуваат трите клучни дуели, а ние ги дочекуваме во никаква атмосфера со психички паднати играчи.
 
Извинете што упаѓам вака ама гледам случајно по коментари го пцуете цело време Џиџи.
Да оправдано не викам не ама некој го назначил да биде тренер. Пцујте го и него и тие што го ставиле.
Џиџи не седна сам на клупа да биде тренер на Вардар.
Можно е да одам во Битола во моја режија со двајца другари со сопствен превоз онака да прошетаме и да видиме убав фудбал. Се надевам на добра игра од двете екипи :).
 
Со еден збор КАТАСТРОФА!

И денес немавме ама баш никаква игра. Незнаам што мајка бараа нашите во Анталија, ама дефинитивно не се спремале. Изгледа Џиџи и таму си го играл курташакот. Кондициски спремни се нула...

Кој не заеба со Милиќ? Ниту знае да процени топка, ниту знае да дегажира како што треба. Имаше само две може да се каже добри интервенции, другото му беше држ не дај се.

Капитенот - стаднардно, а отиде напред, за назад му треба такси да се врати. Среќа што Тетекс има тапа крила...
Вајс - еден од директните кривци за двата гола, заедно со Рибар. Ејј штопер си, а да неможеш да рипнеш да избациш топка од твој шенсаесетник :tapp: Таневски нека се опоравува што побрзо...
Рибар - денес барем не му ја протнуваа крос нозе. Ќе ве замолам да го приметите како трча, права Патка. Повеќе му лежи штопер, ама кој не заеба и со него? Џиџи!
Цикарски - солидна партија. Нападите што ни беа опасни, 90 посто беа по негова страна. Имаше добри 2-3 влеза, само немаше завршница. Една ситуација кога влезе во шеснаесетник убаво му ја даде на Стојков, овој ја прати у тоа објектот позади гол :facepalm:
Темелков - мнгогу спор играч, споро размислување, така среден играч неможе да функционира. Денес доста топки му беа изгубени по изигран пресинг на Тетекс.
Остоја - што е со него? Невидлив! Некако ми се чини и како да не му се игра. Па и пенал промаши :facepalm:
Пеџа - го видов на загревање. Ама знаете, ветренце дуваше, башка на автопат стадионот промаја удара, и Пеџа повреден. После на трибина беше...
Петровиќ - Многу сличен играч на Стојаковиќ. Денес нешто послабо него ли со ОФК. Таков тип на играч е што терен-ораница не му одговара. Кога сум кај теренот, УЖАС, ЊИВУ!
Убав гол денес на Петровиќ, по акција по лева страна, продор нешто на Цикарски, тука се изиграаа 2-3 паса на мал простор, Петровиќ навезе 2-3 играчи од Тетекс, и ја шибна со десна у аголче (y) Еднисвена светла точка беше денес голот...

Гаго - само прво полувреме го играше, 2-3 пати топка чепна и тоа беше се од него...
Педрo - Prison Break - имаше една ситуација у шеснаесетник, крос ноги му ја протна да десниот бек на Тетекс, мешаница и на крај нипто од тоа. Мислам дека крило на него не му одговара. Треба да се проба како главен центафор.
Петров - Влезе у второ место Гаго, ама освен што промаши еден зицер, специјалност за него, друго ништо не покажа.
Хорхе - накај 65-70та минута влезе место Темелков, 1-2 лоши центаршутеви и толку. Бледо издание и на него.
Стојков - хаотичен е човече. Кур не му чуе, ништо и денес не покажа. Имаше две можности, едната ја прати у објектот позади гол, другата му ја изблокираа...

Јове - на моменти борбен, ама џабе кога изиграва Блек Џек, и проигрвува некои невозможни пети. И денес имаше убава шанса, ама исто како и Стојков, позади у објектот.
Стојам на тоа дека неможеме да се потпираме само на Јове.

И кој курац им е на на оние од официјалната страна на фб што е? Нели утакмицата беше од 14 часот? Тие почнаа 14:30. А јас се нацртав на стадион уште у 1ипол :facepalm:

П.С. Џиџи пак да ми го пушиш и лижеш у исто време!
Денес не мрдна од тоа столчето. Си седнал човекот, кур му е двор му е. Скрстил нозе како и како у театер да е. :tapp:
Еднаш не стана да се развиква, да корегира нешто. Таквото однесување све докажува.
Се сеќавам Илчо, кога се имаше лоша игра како урлаше покрај аут линија, а овој не бре... мува не го лази...

И за крај, изгачите неможеме да ги обвинуваме. Кривицата е во тоа гомното што седи на клупа. Се надевам дека уште вечер ќе го избркаат.
Или да го вратат Боби, или Хаџиевски.

Коњаникот Сабја
Да ми купиш нова тастатура, копчињата ги излижав, а да не праам муабет што прстиве ме заболеа од куцање. Твоја работа се извештаите :D
 
Хаџиевски дури во Април е слободен.

Значи на Вајс не можеме да се потпреме, а денеска сме играле и со Рибар како штопер. Многу фалат Бојовиќ и Таневски во одбрана.
 
Јас ви реков нема шанси ние титула да земеме со овој пробушен куртон на клупа......
Добро рече еднаш Сајбер......добро е што имаме и залиха од бодови,ако не и опстанок ќе бркавме....
Боби не беше некое тренериште,ама Боби не ја заеба екипата......колку толку ја држеше на исто ниво.Не беше Илчо,али пак добри бевме.
Мајмунов е невиден феномен.......

Скопјанец 1978 Абе кај го откопавте овој Џиџи не ми е јасно.......па типот ни во Бангладеш не можеше да потрае повеќе од месец дена.Срамота е ваков труп да го води Вардар......



п.с Господ нека ни е на помош првиве 3 кола......баш кога не треба дојде овој на клупа.Јас сум задоволен и со бод во првите 3-4 утакмици....
 
Управата со потегот доведување на Џиџи на чело на стручниот штаб покажа само колко се непрофесионални, без идеја, и не знаат што прават! Треба да се смени нешто во управата, тие го доведоа Џиџи, а и претходно во повеќе наврати покажа дека не се способни да го водат ФК Вардар! Шампион на Македонија и едно од попознатите клубови на Балканот, нема свој Фан Шоп, нема добра официјална страна, и многу други работи, не личиме на клуб кој би можел да пројде и да се мери со другите клубови од Балканот кој се многу години пред нас...
 
Управата со потегот доведување на Џиџи на чело на стручниот штаб покажа само колко се непрофесионални, без идеја, и не знаат што прават! Треба да се смени нешто во управата, тие го доведоа Џиџи, а и претходно во повеќе наврати покажа дека не се способни да го водат ФК Вардар! Шампион на Македонија и едно од попознатите клубови на Балканот, нема свој Фан Шоп, нема добра официјална страна, и многу други работи, не личиме на клуб кој би можел да пројде и да се мери со другите клубови од Балканот кој се многу години пред нас...

Uste malce izdrzi pa ke bide se kako sto treba
 
226803_533492870024181_207700237_n.jpg
:pos:
 
Прво судијата досуди слободен удар а после пенал.:pos::pos::pos:
 
Прво судијата досуди слободен удар а после пенал.:pos::pos::pos:
Грешка си, прво даде предност акцијата да продолжи, после имаше играње со рака при ударот на Хименез и пенал :icon_mrgr:
 
Грешка си, прво даде предност акцијата да продолжи, после имаше играње со рака при ударот на Хименез и пенал :icon_mrgr:
Јас мислам дека ти грешиш.:DПрво будалиот суди слободен и дига само една рака и застанува в место,а ако даваше предност ќе ги пуштеше двете раце и ќе трчнеше малце ама нема врска пријателска е.:D
Јас мислам дека кога даваат предност ги пуштаат рацете,а кога се суди фаул ја дига едната рака само во вис.Ако не е вака,значи јас грешам.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom