Ама и со наргилето не треба да се претера. Оргинал, Турција. Еуфорија ме мава во соба, грицкам нокти за да го отворам наргилето. Го подготвив за едно 15 минути и си ставив едно убаво турско капче. Беше некаде 3 попладне, пекол. На тераса, јас, капчето, ладен сок и шишата. И увлекуваш, увлекуваш, неприметно лета времето мамето. 4 ипол саата го тегнев, без да се осетам ништо. Водата вруќа, мочка сторена, ама битно е задоволството. Кога одам да се видам на огледало, очите крвави и полузатворени. Папсав во кревет инстант.
Дефинитивно нешто најдобро е шишата. Не сум никаков пушач, не ни планирам да бидам. Но, едноставно наргилето е фантазија.