Не се плаќа за влез во црквата, ама се плаќа за влез во дворот. Не можеш ни во дворот да влезеш. Или ако сакаш во црква, треба да го прелеташ дворот.
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 04:01 ---
Така правеше Исус, а по него и апостолите, нели. Го поучуваа народот за Христос и за спасението. Само што треба уште еден чекор да се направи, да се излезе малку надвор, меѓу народот, зашто така учеше Исус. "Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух и учејки ги да пазат се што сум ви заповедал...
"
Матеј 28.19-20
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 04:14 ---
А како е одредено што е морално а што не ако не постои Бог и не ми го дал тоа во совеста? Дали еволуцијата можела да одреди што ќе биде морално, а што не? Кој е критериумот пријателе?
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 04:25 ---
А бре ти ова сериозно го напиша или...? Ме изнасмеа, по кој калив терен со дупки го имас видено тој Стефан да го шири Евангелието? (а г.г не му прилега на никој човек зашто
(1 Тимотеј: 2:5Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога илуѓето - Човекот Христос Исус)
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 04:48 ---
Е па убаво си напиша човекот. Па ако вие се декларирате како православни христијани дајте објаснување, коментар или одбранете ја вашата православна вера со факти од Библијата. Или се плашите дали ќе ги најдете. оти ги нема?
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 04:56 ---
А знаеш ли ти дека има луѓе што неможат да платат крштевање, венчавање, погреб...некои и кредитиподигаат за тоа, па со години ги исплаќаат за нешто што еднаш во животот се плаќа. И знам луѓе што се венчаа во католичка црква зачто неможеа да платат, а таму не се наплаќа за тоа. И ќе има за сите попови плата ако владиците си ја вршеле чесно работата, ако не се возат во најлуксузни коли, ако не живеат во луксузни вили и ако не водат луксузен живот. Исус во Ерусалим влезе на младо магаре (не на коњ) за да покаже скромност. Која скромност ја покажуваат владиците кои треба да се слика за Хтистовиот живот?
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 05:04 ---
Како ќе ги објасниш лицитациите на крстот и лопатите од видеата погоре? Она што луѓето го носат како дар, место за потреби на сиромаси, се продава како на пазар(зејтин, облека, текстил...)? 3800 франака владиката на лицитција ја продаде лопатата. некоја многу голема потреба имала црквата да плати? Расипани се, многу се расипани. Заради материјалните добра и финансии не ја кажуваат на луѓето вистината за чистиот христијански живот и вера кој не значи почитување и вршење на традиции и разни обреди туку нешто многу посуштинско
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 05:10 ---
А од кои пари го купил тој џип (кој патем не е 30 000 евра туку повеќе), која работа за завршил и за која потреба го има? Каде е скромноста што ја покажуваше Христос и кој на магаре (а не на коњ) влезе во Ерусалим? Ич, ама ич не се разликуваат од фарисеите (горди, самобендисани, на сите јавни настани седат во првите редови...)
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 05:17 ---
Се издржуваат од донации, дарови(ако некој сака нешто да даде) и од воспоставениот систем на десеток, кој е библиски принцип. А сега како они ги трошат тие средства и дали ги заслужуваат доволно е друга тема. И таму не е чиста работата, ама барем верниците не се обврзани да плаќаат никакви давачки. Патем на крај секој сам ќе одговара пред Бог за сопствениот живот. Не важи "ама тој така правеше "ама сите така правеа" секој сам за себе.
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 05:23 ---
Документите излегоа на вести, целиот народ ги виде во аферата со хотелите. Сега скоро актуелно и со расправијата во австралиската епархија. Лицитацијата на лопатите за 3800 франака. И уште многу други работи има, на локално ниво, некои беа и спомнати од други текстови на форумот.
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 05:28 ---
И Исус беше Цар над царевите, имаа со апостолите своја каса (средства) па скромно живееше, плаќаа и данок на државата. Потоа и апостолите исто во првите цркви покажуваа скомност, дури и за да не бидат на терет на црквата сами заработуваа плетејќи мрежи. Каков пример и впечаток оставаат денешниве владици (горди
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 05:37 ---
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 05:40 ---
Не е точно дека плаќаат членарина која е обавезна, и нема ништо обавезно. Секој може да напише како му одговара.А за сигурна информација или прашај човек со таква вероисповед или сам оди и види со свои очи и увери се. Смешно дури ми изгледа ова, членарина обавезна...кој ку го измислил?