Отидовме во Охрид на неколку дена. Еден ден решивме наместо на плажа да одиме низ стариот дел на Охрид и да ги посетиме црквите низ Охрид. Прво бевме во Плаошник влеговме во црквата запаливме свеќи и оставивме некоја паричка по иконите. Од тука отидовме на Канео и таму влеговме јас и мојата сопруга. И јас зедов една свеќа од 20 денари за да ја запалиме за нас дваицата, и тој сто продава свеќи ми се обрати цитирам: „Треба да платите влезница или да купите повеќе свеќи немозе со една да влегувате“.
Јас му кажав дека влезница нема да му платам, а ќе оставам пари по икони.
Но од тогаш толку сум револтиран и сум решил повеќе ни денар нема да дадам за најголемите крадци на сопствениот народ.
Само на пари мислат и на нисто друго. За крштевка земаат, за венчавка земаат,за крстење на вода, за погреб земаат, а не прашуваат дали имас или не само дај.