Мал вовед и инфо веќе споделено во фб групата: Ова решив да го правам на доброволна основа и без надомест а со цел да се мотивираат повеќе девојќи да се пријават на Скопски Маратон 2013 и трчањето да им премине во здрава навика и задоволство. Планот ми е да се почне со тренинзи од првата недела на Март (или малку подоцна во зависност од временските услови). Би се трчало за почеток на Кеј на Вардар од Жабар до Александар Палас и назад (тоа е 5 км должина во двата правци) Ако групата е со послабо физички подготвени девојки, можеме да правиме комбинација од трчање со брзо пешачење, но како и да е да се помине патеката од 5 км, па макар и целата пешки. Тренинзите би биле 3 пати неделно, во исто време, отприлика после 18 h. Јас ќе бидам таму, па кој кога може нека доаѓа. Ако ни тргне како група, можеме да комбинираме и со Водно (од полициската до средно пешки а потоа по една планинска патека прилично рамна , долга 4км, трчање.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 19:03 ---
И второ,ако има повеќе кондиционо спремни девојки,би правеле и тренинг за полумаратон.