Немам желба, имам дисциплина. Убаво ми е и медитирачко. Особено денешнава изи 12ка. Предобро се чувствував и знаев дека и пулсот ми е релативно низок за пејсот и стабилен.
255 дена по ред трчам, просек од ~8км дневно.
Инат сум, и имам obsessive personality. И на штаки да сум, морам да ја завршам целта што си ја поставив, 365 дена трчање по ред. Уште 100 и кусур
Што се тиче воздухот, да, загаден, не бива, веројатно си правам демиџ на организмот и ќе се каам, ама засега сум добар... а многу околу мене се болни, со стомачни вируси, шлајмови, грипови и чуда а не искачаат од дома... и, тоа е тоа.