Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
На твитер женскиве гледам се организираат од Фебруари да трчаат на патека + водно како што прочитав.. како припрема за скопскиов маратон, ако си заинтересирана пиши и на https://twitter.com/iskra_iskrich 10тина се засега.
Ќе мора да ја регистрираме Искрич на форумов, гледам јас :))
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
2 месеци неможам да тренирам имам некаква алергија,ме гуши во градите кога трчам
наредната недела ќе идам на алерготест. Колку ќе ми смета алергијата во трчањето понатаму. Има ли некој што се разбира во овие работи?
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
Дечки за кога е закажан скопскиов маратон годинава, мислам точна дата има ли? Инаку, Mr.White, правиш некој вежби за издржливост, или само трчање :D
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Дечки за кога е закажан скопскиов маратон годинава, мислам точна дата има ли? Инаку, Mr.White, правиш некој вежби за издржливост, или само трчање :D
12ти Мај.
Сеа преку зима требаше да правам ’’поскоци’’ ама алергијата ме заеба за сите пари.
Ако не почнам да трчам во скоро време од 0 ќе треба да почнам со кондицијата :)
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
Фала, на информација, инаку за алергијата оди на лекар, сигурно имаат решение. Со здравје :D
 
Peterson15

A TryHard
Член од
20 мај 2012
Мислења
169
Поени од реакции
188
Користи ли некој RunKeeper? Го баталувам Sportypal, па ако сака некој може да се поврземе таму... :)
Планирам да почнам подготовки за годинешниов полу шо поскоро. Лани гурав 5 километри, ама време е за нешо посериозно.

Има некоја особена разлика меѓу двеве апликации? Од која причина се откажуваш од Sportypal?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Планирам да почнам подготовки за годинешниов полу шо поскоро. Лани гурав 5 километри, ама време е за нешо посериозно.

Има некоја особена разлика меѓу двеве апликации? Од која причина се откажуваш од Sportypal?
Од причина што 5 години не променија ништо Sportypal... Мрзливи се. И нема да ги користам само од „патриотски“ побуди.

Поедноставен ми е Runkeeper-от, има повеќе функции во бесплатната верзија (работи за кои мора да платиш кај Sportypal), можеш да си поставуваш цели, да се натпреваруваш со пријателите (со број на активности и тн), можеш да си одбереш тренинг план во зависност од тоа што сакаш да постигнеш (10к, 21к, одредено време и тн), интефејсот е попрегледен, веб страницата има повеќе опции, можеш да додаваш забелешки за тренингот, можеш да правиш фотографии додека трчаш/возиш/вежбаш, кои понатаму ти се објавуваат заедно со активност на нивната веб страница и тн...
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Се подготвувате ли? Ја намаливме бројката од 100 дена за подготовки, сега се 96 :)
skm2013.JPG

Патем, за девојките кои сакаат да трчаат, @iskra iskrich креираше и група на FB за полесно меѓусебно организирање. Зачленете се таму (девојки само).
 
Член од
23 јануари 2013
Мислења
3
Поени од реакции
7
Ќе мора да ја регистрираме Искрич на форумов, гледам јас :))
еве сум дечки:)

Се подготвувате ли? Ја намаливме бројката од 100 дена за подготовки, сега се 96 :)
Прегледај го приврзокот 57652

Патем, за девојките кои сакаат да трчаат, @iskra iskrich креираше и група на FB за полесно меѓусебно организирање. Зачленете се таму (девојки само).
Здраво од мене и тука:)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
еве сум дечки:)

Здраво од мене и тука:)
Не се секирај, знаеме дека е конфузно на почеток на форумов... Ама пази, тука можеш да се изразуваш и со повеќе од 140 карактери! :pos:
Чисто информативно, Олимпија веќе ви се придружи во групата. Во очекување и на други форумџики... :)
 
Член од
23 јануари 2013
Мислења
3
Поени од реакции
7
Мал вовед и инфо веќе споделено во фб групата: Ова решив да го правам на доброволна основа и без надомест а со цел да се мотивираат повеќе девојќи да се пријават на Скопски Маратон 2013 и трчањето да им премине во здрава навика и задоволство. Планот ми е да се почне со тренинзи од првата недела на Март (или малку подоцна во зависност од временските услови). Би се трчало за почеток на Кеј на Вардар од Жабар до Александар Палас и назад (тоа е 5 км должина во двата правци) Ако групата е со послабо физички подготвени девојки, можеме да правиме комбинација од трчање со брзо пешачење, но како и да е да се помине патеката од 5 км, па макар и целата пешки. Тренинзите би биле 3 пати неделно, во исто време, отприлика после 18 h. Јас ќе бидам таму, па кој кога може нека доаѓа. Ако ни тргне како група, можеме да комбинираме и со Водно (од полициската до средно пешки а потоа по една планинска патека прилично рамна , долга 4км, трчање.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 19:03 ---
И второ,ако има повеќе кондиционо спремни девојки,би правеле и тренинг за полумаратон.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

Јас веќе од овој четврток почнувам малку по малку да трчам да се спремам кондиционо па најверојатно и ќе ви се придружам средина на март :)
п.с.Ако има некоја форумџика накај аеродром и има желба за трчање деновиве, нека пише ќе се договориме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom