Aу, драги гледачи.. што сум испуштал.
Преголеми предрасуди имам кон вакви серии и филмови и еве, уште ми е тешко да признаам дека серијава е.. квалитетна е understatement. Секоја чест. Инаку, искрено повеќе ми се допадна прва сезона, онака "на работ", солидна тензија, драма, глума за сто мераци! Не дека втора фалеше слично, ама негледање епизода по епизода ми дојде тешка за џвакање наеднаш дека стана rather redundant really. Препакувана прва сезона ми изгледаше и малце загубив интерес, но сепак СЕПАК неможам да ѝ го негирам квалитетот и на вторава сезона. Финалето со телата во бело ме стресе.. и некако бледото фаќање & убивање на Абу Назир не ми изгледаше такво.
Околу ликовите Кери е фантастична. Глумата е нешто неописливо, без зборови, ама ја ебат сценаристиве. Некако дефиницијата на ликот ми е поебена а и премногу плаче, и јас би ја играл картава покрај ваква глумица ама еднаш барем, нека вметнат некој небитен да го испрашува и да биде бедес. Со сите соживува ко да е Оља од Фринџ.
Лично омилен лик ми е Сол. Кулнес факторот ни поматува сликата, човекот нема некоја глума искрено, ама доволно е да се појави, башка смирува кога збори, и тоа ја одржува серијата при нејзините обиди за наши адреналински фиксови. И морам да признаам, кога бев во конспираси филм и јас дур ја следев, и кога сумљав у секој, и Сол ми помина и мене низ ум. Поради жена му. Уште прв пат кога ја видов, одма помислив. Башка работи си деца. УСА уби 80 деца.. нема везе, би ја откажал ако излезе Сол негативец, безразлика причините.
Исто освежување беше агентот кој требаше да го убие Броди.
А кога сме кај Броди, најпоткрепен лик ми е. Да, тоа го реков. Да, нема да го објаснам.
И зарем не создадовме некаква колегијална врска досега? Квалитетни ствари форсираме!