Seven Psychopats (2012)
За да не бев уште со преголеми импресии, се логнав на имдб да му турам десетка чисто да држи висока оцена, со цел дека овде ќе сум со троа поладна глава. Нејсе, одличен склоп на крими комедија, всушност појма немав, мислев крими филм со некои си познати фаци. Толку. Кога се најдов смеејќи се, морав да проверам жанр, пошо не ми се веруваше филмот да е that good.
Kaко што реков совршен склоп на крими комедија, немало ваков од ерата на Гај Ричи, сепак британски, а овој пак амерички..
Почнува сериозно, и до сам крај е непредвидлив или воопшто не се трудите од тој аспект дека филмот е прилично забавен, и едноставно сте.. во моментот, го следите без background процеси, трудејќи се да го предвидите пошо сте нели that smart. Не дека не интригира, одлична приказна, фантастично смешен и скоро совршена глума. Не дека не беа одлични Farrell или Christopher Walken.. али (as Janice) OH MY GOD Sam Rockwell. Го краде цело светло. Неверојатна глума проследена со разработени дијалози и со правата содржина на комедија. Јас уживав, и голема препорака. (намерно изоставив приказна, али еве писател пишува скрипта за филм, за психопати, there)
8.