Downton Abbey

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Уште не можам да се соземам, али сега си мислам само колку храбар потег на сценаристите. Дали со ова нема да изгубат дузина од фановите?

Да внесам малку насмевки у сивилото на темава:

Го нема само најјакиот момент!!! :pos:
542220_469384756435468_1750527000_n.jpg
 
По мое мислење, крајот на третата сезона и не можеше да испадне подобар. Се прашувам само каква ќе биде специјалната божиќна епизода во 2012? Во 2011 имаше многу недоречени работи во регуларниот тек на сезоната, па специјалната епизода беше одлично финале. Сега како да е спротивно - happy end-от на регуларниот дел од сезонава како да го наговестува крајот на Crawley династијата кој ќе биде прикажан за Божиќ. Не сакам да кобам, ама со оглед на тоа што најавено е (можната) следна сезона да биде всушност prequel на Downton Abbey, во времето кога Lord Crawley се запознал со Cora Crawley... Ако династијата продолжи напред, зошто Fellowes сака да не врати назад???
 
Излезена е специјалната Божиќна епизода.
И тамам кога си помислив дека убаво ќе заврши, се случува драма. Претераа со тоа веќе.
 
Ги изгледав сите сезони. И откако го направив тоа се чудев како брзо преминаа од втората во третата сезона, одеднаш Мери и Метју спремаат свадба, Бејтс во затвор, Ричард го нема никаде... И ќе земев тука да ве прашувам што се десило, кога читам по нет и сум пропуштила цела епизода од саат ипол, christmas special.:facepalm: Сега надокнадно земав си ја изгледав, не знаев дека постоела епизодата, кога ја симнав цела втора ја немаше таа.
Како и да е, серијата ја обожавам, празно ми е сега без неа некако и едвај чекам 4та сезона.
Иако нема да биде тоа што беше без Метју.
tumblr_m4lzzve8N81qga2g5o5_250.gif

:)
 
Ептен ми е криво што толку долго ми стоеше во листата за гледање. Ама од друга страна поголема е радоста три сезони наеднаш за гледање. :) Предобра глума за уште подобро внесување во ликовите.
 
Ептен ми е криво што толку долго ми стоеше во листата за гледање. Ама од друга страна поголема е радоста три сезони наеднаш за гледање. :) Предобра глума за уште подобро внесување во ликовите.

Серијава има еден сегмент што одамна не сум го видел во ниедна, а тоа е класа - буржоазија, но не прикажана во своето негативно светло - снобизам, него сама како класа на народ, и нивниот живот.
 
Серијава има еден сегмент што одамна не сум го видел во ниедна, а тоа е класа - буржоазија, но не прикажана во своето негативно светло - снобизам, него сама како класа на народ, и нивниот живот.
Овие се всушност аристократија, не се буржоазија.
 
Како сакаш кажи го :D

Па, има разлика меѓу буржоазијата и аристократијата, но разбирам што сакаше да кажеш – дека серијата го прикажува животот на повисоката класа, без да ги прикажува нејзините лоши страни, како што е повообичаено. Јас делумно и затоа ја гледав.
 
Одамна некако и се мислам и еве сега решив па во моментов се симнува 1 сезона.Се надевам на добра серија.
 
Во план ми е да почнам да ја гледам серијава и баш сега чачкав низ замунда и видов нешто како посебен торент "Christmas special", кој ме збуни. Тоа е во склоп на некоја од сезоните, или е посебна, изолирана епизода?
 
Умира Сибил, едино заплача Том, Томас и по некоја солза пуштија мајка и' и Едит.
Другите лед не ги леди, роса не ги роси.. :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom