My ass. Тоа што ти си качил е обично воспаление на мускул кој задржува вода. Прекини 2 недели со теретана, измери се на вага е толку реално си качил веројатно 1-1,5кг максимум и тоа ако си апсолутен почетник.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 14:09 ---
Ако прв пат земаш може да дигнеш 3-4кг, ако го користиш по втор,трет... пат 2-3кг зависи колку си висок, крупен, колку мускул имаш, како реагираш самиот кон креатин.... Инаку некаде пола од килажата потоа се губи ама ако си редовен со тренинзите ништо посебно забележително. Зборувам за монохидрат
--- надополнето: 7 септември 2012 во 14:12 ---
Недостаток на вода ги оптеретува бубрезите. И покрај тоа што народот мисли обратно дека баш водата ги оптеретува бубрезите всушност кај здрава особа е токму спротивното. Водата ги разредува токсините од телото го витализира организмот и овозможува полесно да се отстранат од бубрезите. Грубо кажано водата ти е најголем анаболик
Така да 2-3 литра вода и ОК си.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 15:49 ---
Со втората потешко ќе ги загубиш затоа што си научил како треба правилно да се храниш и вежбаш, првиот случај милион пати сум го сретнал кај почетници немаат ни месец дена стаж во теретана одма се почнува со суплементи без изградена база, потоа снемува пари за секој месец за суплементи и паѓаат на сила, маса се фрустрираат и ја напуштаат теретаната за кратко време. Поентата ми е дека оние кои премногу се потпираат на суплементи воглавно имаат слабо средена исхрана и резултатите им доаѓаат од конзумирање суплементи (гејнер за калориско дополнување, креатин за сила и тн) Најдобрата опција би било да вежбаш напорно и правилно што би значело да држиш строга квалитетна исхрана но плус и паметно да ги комбинираш суплементите во твоја корист кои никако да не треба да ти бидат основа врз која го градиш телото.