Стави го тој еден кабел како влезен (WAN) кабел во рутер, па после прави што сакаш и со колку сакаш уреди..
Да не ја водиме дискусијата на ниво на монтери, за можностите на технологијата.
Сериозна фирма не преќутува или подметнува работи кои ќе бидат значајни за корисникот. Ако Телеком сака да ја спроведе оваа практика на 2 милиони корисници , за тоа овде не може да постои ќутење.
Кога некој плаќа услуга само за интернет и телефон, треба таа услуга операторот, со техничките карактеристики да му ги обезбеди 100% на достапност за корисникот.
Ако сака Телеком да се приклучи на мој рутер, може да му ги изнајмам 3-те ЛАН приклучоци и ќе потпишеме договор
или
ако ги сака тие 3-ЛАН приклучоци , може да се договориме да плаќам само за 1-ЛАН приклучок , односно 25% од сметката
или
Ако толку им е важен тој Лан приклучок имаат уште едно оптичко слободно влакно , па може Телеком да “обесува“ колку сака Лан прикклучоци и каде сака, но за услугата која ја плаќам тоа нема да биде кај мене дома .
Бизнис план и идеи, може да спроведе САМО менаџерски тим со капацитет кој ќе може да го продаде секој договор. Договорот е тој кој сам ја продава услугата или генерира конфликт меѓу странките. Со дополнителни договори се продаваат и дополнителните услуги во новонастанатите услови.
Моментално начинот на работење , неизбежно ќе им генерира приговори од незадоволство на граѓаните , .... на пример до јавните институции , поплаки за начинот на работење кон дирекцијата во Т-хоме во Германија итн.
Има една бизнис практика:
Странката е секогаш во право.