Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да го разберам проблемот. Обврската на T-Home е да спроведе конекција до објектот на корисникот. Колку што разбрав од последниве мислења, тоа тие го направиле. Опремата е во нивна сопственост и можат да прават што сакаат со неа, така да се` додека уредот кој го даваат има најмалку еден функционален порт преку кој корисникот може да пристапува на Интернет, истиот нема апсолутно никаква причина да се буни.

На кратко, ти викаат: "Еве ти еден мрежен кабел, прави што сакаш со него". Можеш да го приклучиш во мрежна карта, можеш да го приклучиш во рутер/свич/друг мрежен уред за правење локална мрежа, можеш да го оставиш да виси неприклучен...
 
Затоа што remote парно и видео надзор се секојдневни банални работи.
 
Самостоен MaxADSL Basic
-Без телeфонски број и месечна претплата за телефонска линија

значи ли ова дека неморам да имам фиксен тел и да не плакјам за тел. линија како што јас мислам дека е или таа на шалтерот у т хоме ме е*е дека ако имам самостоен адсл пакет морам да имам и тел
 
За самостојните MaxADSL пакети не е потребен телeфонски број и не се наплатува месечна претплата за телефонска линија.

http://www.t-home.mk/mk/107/756/157/Internet/Samostojni_MaxADSL_paketi/Samostoen_MaxADSL_Basic.html
 
Од денес (се надевам и понатаму):

2372005387.png

Солидно.. :)
 
Јас поставив минатата недела дома оптика. Не сум задоволен.
Приклучоците на лан не ми се достапни за користење на интернет. Услугата интернет не ја добивам за тоа што треба да го платам. Телеком дава само 1 Лан приклучок на корисниците. Трите останати ЛАН приклучоци НЕ СЕ ДОСТАПНИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ КОИ ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА ОПТИКА. Не потпишувајте договори. Нема ви се достапни да ги користите ЛАН приклучоците за најбанални работи во секојдневието. На пример да си приклучите втор компјутер на својот брат или сестра на Лан мрежа или пак да користите сервер на своја мрежа , да приклучите парно на интернет мрежа и од далечина да го контролирате или пак да си приклучите сопствен систем за видео надзор на интернет или на кратко речено сета техника која има можност само за кабелско поврзување на интернет ќе неможете да ја користите , а Телекм ќе сака да ви достави сметка за користење на месечни услугата интернет на оптичка мрежа. Тоа е ИЗМАВА ВО ПАКЕТИТЕ НА ОПТИКА. НЕ ПОТПИШУВАЈТЕ ЗА УСЛУГА КОЈА НЕ ЈА ДОБИЈАТЕ.
Кажи ми, PPPoE врска воспоставуваш?

Од денес (се надевам и понатаму):

2372005387.png

Солидно.. :)
Ајде честитки, секое добро. :)
 
Самостоен MaxADSL Basic
-Без телeфонски број и месечна претплата за телефонска линија

значи ли ова дека неморам да имам фиксен тел и да не плакјам за тел. линија како што јас мислам дека е или таа на шалтерот у т хоме ме е*е дека ако имам самостоен адсл пакет морам да имам и тел
Јас пред два дена бев и поднесов барање. Немаш никаков телефон, само интернет, плаќаш поскапо, односно за 1000 денари е поефтино од Call & Surf ама според мене подобро да платам 200 денари поскапо (обичен ADSL пакет) него да ја мислам сметката секој месец. Е сега имаш еднократен трошок од 1500 денари, и они ми спомнаа уште некој од 1000 денари, ама не сум сигурен што е конкретно. Јас го земав најскапиот, и одма ми дадоа рутер и тоа USB за тој мобилниот интернет. За аплицирање ти треба само потврда од работа, и тоа е тоа, 15 мин работа
 
да, кал/сурф минималниот пакет е 800 ден, а самостојниов е 700 и незнам што може да ја мислам сметката,ке си биде фиксна по 700 секој месец
http://prntscr.com/m8h66

тие 1500 ти се сигурно за приклучок бидејки ти за прв пат поднесувас за интернет,а јас веке имам

него работата е што таа у салонот ми вика нема таква понуда само за интернет,сум морало и тел да имам ... они не си ги знаат понудите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom