се гледа дека мартинчо е затеран во серијата, и не се брза за следново издание, недај боже да рикни
Леле, доста аман! Ако се случи тоа, ќе треба Демир Хисар да лежам.
Ама, знам вака кога збораа пред неколку години, чоекот специјално замина на преглед за да докажи дека нема никакви проблеми со здравјето.
Оптимистот во мене вели TWoW ќе излезе во првиот четврт на 2015, а песимистот...крајот на 2016. Мислам дека второто е поверојатно, ама се надевам дека не сум во право.
Само, се надевам дека нема да се задржува како со Dance with Dragons. Меѓу Clash и Swords имаше само 2 години и успеа во тоа време да ја напише досега најдобрата книга во целиот серијал.
Ако си дава преголема слобода, може да западне во уште една ситуација како Миринскиот Јазол, а ако се случи тоа...ќе треба да чекаме 5 години.
После преголемиот успех на серијата, Мартин стана автор на цела франшиза и постојано е овде или онде да промовира некој ASoIaF производ. И од тоа вади пари, ама книгите се неговото главно дело. Би сакал повеќе да се фокусира на нив, а помалце на промоции на календари, карти и парички според книгите.