A Song of Ice and Fire

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.429
Поени од реакции
35.117
Завршив и со Dance with dragons. После пет прочитани книги, огромни и тоа, сум уверен дека Robert е мајстор за пишаниот збор, дека одлично разложува, вади уникатни карактери, генијално поставува структура на дејствие и појма нема која е поентата на приказната. Ја поду од тупење. Претпоставувам дека и самиот не знае што ќе се случи до крајот. Онака, си типка како ќе му дојде.
Which is not necessarily bad. Така Стивен Кинг го напиша неговиот мега серијал, Dark Tower, со таа разлика дека таму скоро и да немаше толку непотребно перчење од типот "еве ја користам порно симболика и утепуам добри ликови за да бидам шизик".

И, чекај малку...Песна од лед(?) и оган?
Ако ја превеле на македонски, за што не сум се информирал, така е преведена?
Насловот на темава е погрешно (буквално) преведен.
Песната не е ОД мраз и оган, туку ЗА мраз и оган. Значи Песна за мразот и оганот. Настрана што Игра на Троновите е само првата книга во серијата книги, па темава има целосно погрешен наслов.

Кога ќе се земе во предвид дека „професионалните„ преведувачи што најчесто се ангажираат во Македонија (читај завршени и незавршени студенти по филологија), не се многу подобри од авторот на насловот на форумскава тема, јасно е дека многу подобар избор е читањето на оригиналниот јазик на кој се напишани книгите. Не сакам да кажам дека во земјава нема добри преведувачи, ама никој не се тепа за ниско платена работа, за огромен труд на креативно преведување на 5x1000(+) страници.

Нејсе, него што има лошо во користење „порно симболика и утепуење на добри ликови„? :)
Демек окулу нас и низ историјата нема секс и се фршти од хепи-ендови?

Во врска со компарацијата со серијата за Црната Кула од Кинг. Има тоа и таму, само на различен начин. Чисто како за пример: спојлер следува доле.
Kако затрудни Сузана?
(Нимфата што го прави тоа со Стивен ДеШаин и потоа Сузана со духот на другиот премин)
Сега нормално дека книги за постапокалиптичен свет и за дружината на последниот револвераш ќе имаат помалку секс од книги за епско-фантазиски-средновековно-стилиран-свет каде голем дел од дејствијата се за политичките и заткулусни игри во Дворовите на кралевите.

Единствено ќе признаам дека Мартин тој дел го прави многу подобро од Кинг! :)

П.С. Двете дела ми се едни од омилените (со голем акцент на Мартин).
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Се сложувам. Грев е да го читаш овој жарн преведено на македонски, едноставно не е тоа тоа. Едино ако не знаеш англиски или поевтино и полесно ти е да ги набавиш преводите, тогаш оправдано. :)

Слободно нарачувајте си од Амазон со Visa Electron, стигаат 100%. Се чека дваесетина дена, некад ти ги носат на врата, некад мора до главна пошта да тркнеш и да си ги подигнеш, зависи од големината на пакетот и од поштарот. Јас сакав некои пропратни книги за ASOIAF да земам ама ќе почека подобри времиња, морам The Silmarillion прво да ја земам.

Hurin Стај некои сликче кога ќе ти стигнат мапите ако не ти е тешко, чисто за љубомора. :LOL:
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ама, знам вака кога збораа пред неколку години, чоекот специјално замина на преглед за да докажи дека нема никакви проблеми со здравјето. :P
Дее стварно ова?

Ако си дава преголема слобода, може да западне во уште една ситуација како Миринскиот Јазол, а ако се случи тоа...ќе треба да чекаме 5 години.
Мириснки јазол?
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Се сложувам. Грев е да го читаш овој жарн преведено на македонски, едноставно не е тоа тоа. Едино ако не знаеш англиски или поевтино и полесно ти е да ги набавиш преводите, тогаш оправдано. :)

Слободно нарачувајте си од Амазон со Visa Electron, стигаат 100%. Се чека дваесетина дена, некад ти ги носат на врата, некад мора до главна пошта да тркнеш и да си ги подигнеш, зависи од големината на пакетот и од поштарот. Јас сакав некои пропратни книги за ASOIAF да земам ама ќе почека подобри времиња, морам The Silmarillion прво да ја земам.

Hurin Стај некои сликче кога ќе ти стигнат мапите ако не ти е тешко, чисто за љубомора. :LOL:
незнам дали со комплетот има и мапа(освен ако има нешто во книгата)
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
незнам дали со комплетот има и мапа(освен ако има нешто во книгата)
Има мапи на почетокот од секоја книга, ама Tegla веројатно мислеше дека ја имаш порачано и Lands of Ice and Fire, која е всушност книга само со мапи од светот на Мартин.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Нејсе, него што има лошо во користење „порно симболика и утепуење на добри ликови„? :)
Демек окулу нас и низ историјата нема секс и се фршти од хепи-ендови?
Во моја одбрана, постот ми е пишуван непосредно пред да ја завршам The wheel of time, во која Роберт Џордан се уби од цензурирање и пишување хепиендови за сите...освен за себе. :D
Во право си. Сепак, сеуште не можам да се отарасам од чувството дека метузалемот и сам не знае што треба да се случи понатаму и дека си шлака како ќе му дојде.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Има мапи на почетокот од секоја книга, ама Tegla веројатно мислеше дека ја имаш порачано и Lands of Ice and Fire, која е всушност книга само со мапи од светот на Мартин.
Да на ова мислев. :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Во моја одбрана, постот ми е пишуван непосредно пред да ја завршам The wheel of time, во која Роберт Џордан се уби од цензурирање и пишување хепиендови за сите...освен за себе. :D
Во право си. Сепак, сеуште не можам да се отарасам од чувството дека метузалемот и сам не знае што треба да се случи понатаму и дека си шлака како ќе му дојде.
Лигав е Џордан, патетичен, многу очигледно презема од други, а и претера со тркалањето на серијалот. Ама го читав :) Бог да го прости, сека некој друг пишувал. Да не го плукам само, Џордан не е до толку лош, ама не би го споредувал со Мартина.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.429
Поени од реакции
35.117
Во моја одбрана, постот ми е пишуван непосредно пред да ја завршам The wheel of time, во која Роберт Џордан се уби од цензурирање и пишување хепиендови за сите...освен за себе. :D
Во право си. Сепак, сеуште не можам да се отарасам од чувството дека метузалемот и сам не знае што треба да се случи понатаму и дека си шлака како ќе му дојде.
Не е достоен покојниот Џордан за да се става во ист пост со Мартин.
Не знам како успеав да се натерам да го прочитав тркалото, предпоставувам заради фактот дека понудата од жанрот е сиромашна. :)

Инаку како почнува првата книга, веднаш си помислив охохохооо... за по 20-30% да видam колку наивна сапуница има во книгата. Инаку неговата замена (му го заборавив името) прави добра работа, последната книга беше нешто подобра. Ај нека ја заврши таа последната книга, барем првата сцена би требало да е повеќе од интересна. ;)
 
Мене ми се допаѓаи Џордан, ама се сложувам, не можеме да го споредуваме со Мартин.

А и Тркалото е добар серијал, кога сакам малку одмор од ASoIaF, земам нив да ги читам. А инаку, тој што го продолжи Тркалото, Brendan Sanderson, почна да пишува своја трилогија, Тhe Stormlight Archives. Првата книга, The Way of Kings, веќе е излезена и ви ја препорачувам на сите љубители на фантазијата. :)
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Имам трауми од G.R.R. Martin и не купувам не завршени серијали повеќе. :LOL:

Alex Baratheon Mistborn трилогијата од Brandon Sanderson ја имам купено, но само првата книга ја имам прочитано и солидна беше. Ја нема комплексноста на ASOIAF и е малку предвидлива, но сепак има солидна приказна, magic system и добар негативец.

Според мене G.R.R. Martin има најкомплексен серијал, премногу исплеткано е се. Има добро изграден свет, backstory, прејаки ликови со кои навистина се поврзуваш и сл. Рамо до рамо ми е со J.R.R. Tolkien, но малку повеќе го преферирам стилот на Tolkien пошто е психо (во позитивна смисла).
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85

Очигледно не си ја читал Malazan Book of The Fallen.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.429
Поени од реакции
35.117
Сандерсон не сум го читал, со исклучок на работата во Тркалото на Времето. Стивен Ериксон ми е непознат, чудно зошто еве читам дека Малазан серијата му ја споредуваат и со Мартиновата SoIaF и со The Black Company серијата од Глен Кук, кого го обожавам.
Со години ја имав само првата книга, која се вика исто како и серијата, Црна Чета. Ја добив за роденден (еден од најдобрите поклони, ever) но другите книги ги нема никаде во Македонија а ни во Србија не можеа да ми ја најдат. Лагуна ја издала Црна Чета во само 1000 примероци во Србија, чудно е како некој примерок воопшто дошол во Скопје.
Но за среќа, ебук ридерите се сега евтини и пристапни и на Киндл-от ја имав целата Црна Чета серија првиот момент одкако го приклучив на компјутерот.
Фала ви за идеите, еве и Брендон Сандерсон и Стивен Ериксон веќе ги имам спремни во кју за следниот уплоад на читачот. :)

Продолжете со добриот муабет, иако мислам дека некој модератор би требало последниве неколку поста да ги сублимира во една нова општа тема за епска фантастика. Или веќе има таква тема?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Има тема за фантастика, но епската фантастика веројатно заслужува посебен третман.
Кај серијалот на Џордан ми засметаа големината (од Лагуна вештачки ги раздвојуваа повеќето од деловите на Тркалото за да остварат екстра профит), одолговлекуњето, машко-женските односи и нивното нагласување (Мажи! Жени! Кој може да ги разбере?) и некои други нешта, меѓу кои и безличноста на Змејот (според моето мислење, можел да се потруди околу неговиот карактер, и не само на неговиот). Од друга страна џокер му Изгубените, пријателите на мракот и црните сестри.
Очигледно е дека:
Аес Седаи = Бене Гесерит
Аијелите (ако добро напишав, оние борците од пустината) = федајкините од Дина
Ранд = Пол Атрејдис+Фродо?
Изгубените= секако само како инспирација - назгулите
Мрачниот - варијација на Мелкор, помалку на Саурон, има кај Џордан други кандидати за тој со окото
Оние што се враќаа отаде морето= има сличности со едни прилично зафркати во последните книги за Дина од Херберт за тетки кои прилично успешно се справуваа Бене Гесерит
Мартин е поизделкан од Џордан, неговиот свет за мене е многу посложен и побогат, го бива за создавање интересни ликови и ситуации и нивно натамошно развивање. Може, ако сака, и ако има време (малку потешко со ова последново), буквално да зајде со серијалов и да пишува за Targaryens и за нивното освојување на 7 кралства или да оди уште порано. За падот на Валирија, за градовите отаде морето итн.
Би го спомнал овде Роберт Ервин Хауард, создавачот на Конан, на Кул и на Соломон Кејн. Главно пишува раскази (од она што сум го читал), не е на исто ниво на горе спомнативе, но сепак креира еден интересен свет или (светови) па можеби вреди да го прочитате. Инаку еден од првите кои пишувале херојска фантастика (р.1906-у.1936). По неговите дела се снимани филмови, пишувани книги (на иста тема), цртани се стрипови и сл.
Роџер Зелазни ми е еден од омилените писатели. Срдечна препорака за неговите Амберските хроники.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom