- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.588
Slavjanski, se' e poznato, ne panici.
Скопје, 19 ноември 2012 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов денеска го повика евроамбасадорот Аиво Орав на итни консултации, поради именувањето на Македонците како „славомакедонци“ во неговиот говор пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
Според извори во кабинетот на македонскиот претседател, на средбата Иванов побарал од евроамбасадорот јавно да му се извини на македонскиот народ и да изрази почит кон основниот принцип на самоопределување и самоименување.
Постапката на Орав претходно ја осуди и Владата на Република Македонија.
- Со ваквиот однос не се придонесува кон решение на отвореното прашање кое нашата земја го има со јужниот сосед, и изразуваме силно несогласување, протест и осуда на тоа. Доколку ова е нечија идеја со различно однесување на определени претставници Европската комисија во еден момент да ни се допадне нам користејќи го терминот „македонски”, а во друг момент да им се допадне на нашите соседи користејќи го терминот „славомакедонци”, треба да биде свесен дека со ваков однос никако не придонесува кон решавање на отвореното прашање.
Со овој однос, треба да знае дека свесно или несвесно се покажува дека отвореното прашање не е само за името на нашата земја, туку и за идентитетот, со што и самата ЕК ја вовлекува на опасен терен во еден спор чии рамки се дефинирани од страна на ОН, стои во реакцијата од Владата на Република Македонија.
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/811227/index.html
.