Аиво Орав ги навреди Македонците, нарекувајќи ги „Славомакедонци“

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Евроамбасадорот Орав не прекрсти во Славомакедонци

Шефот на Мисијата на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, вчера во Европскиот парламент ги прекрстил Македонците во Славомакедонци, јавува МИА.





Во својот говор пред Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) при Европарламентот, Орав постојано ја користеше кусата референца ФИРОМ, но и во четири наврати ги нарече Македонците- Славомакедонци.

Најпрво, говорејќи за неколкуте придобивки од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), евроамбасадорот го спомена прегледот на Охрдискиот рамковен договор, потенцирајчи дека: “Овој договор е многу важен за владината коалиција меѓу етнички Албанци и Славомакедонците, иако етничките заедници различно го разбираат”.

Во продолжение, во врска со неколкуте меѓуетнички инциденти во нашата држава до почетокот на годинава, Орав го потенцираше инцидентот во Гостивар, каде според него “полицаец Славомакедонец пукаше и уби двајца соседи етнички албанци во расправија за паркинг-место”. А, посочувајќи го положувањетона цвеќе на гробот на загинати припадници на УЧК во Слупчане од страна на министерот за одбрана Фатмир Бесими како јаболко на раздорот во владината коалиција, амбасадорот Орав во Европскиот парламент истакна:
- Овој чекор на министерот етнички Албанец од 13-ти август, од Славомакедонците во владината коалиција беше оценет како провокација.

На крајот од својот говор, евроамбасадорот во Македонија, кој кога говори за македонската Влада вели “Владата од Скопје”, спомена пет клучни точки што се важни да се исполнат за, според него “ФИРОМ” да продолжи успешно да се развива, меѓу кои го стави и продолжувањето на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, кој според Орав е “консензус што им овозможува на етничките Албанци и Славомакедонците да гледаат во иднината”, јавува МИА.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=99343
Во нормална земја ќе биде протеран.Ние не сме нормална земја....
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
За Аиво Орав сме Славомакедонци

МАКЕДОНИЈА | 16. НОЕМВРИ 2012 - 22:34
Шефот на Мисијата на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, во Европскиот парламент ја прекрсти нашата нација во Славомакедонци, а земјава повеќепати ја именува со ПЈРМ, пренесува МИА.
...Ова вака не иде , до кога бе ќе не омаловажуваат овие гниди

Орав е паметен и искусен политичар.. А иначе мислам дека редно е веќе МКД да се откажи од античката историја на Грција..
Стоко една откажисе ти од својот леб и својата бедна мисла.

Иди барај некој кредит од фашистите - Германија или па репарација за втора светска или па штрајкувај онака од чиста мира пошто не ти се работи јужен антички лепотану измислен од истите тие што им гризеш рака сега кои те хранат веќе два века. :facepalm: Луд свет УПМ.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Орав постојано ја користел референцатa ФИРОМ, a четирипати нарекол славомакедонци.

Според него, Охридскиот договор бил "многу важен за владината коалиција меѓу етничките Албанци и славомакедонците."

Толеранција за вакви работи нема и не смее да има !

ВЕДНАШ ТРЕБА ДА СЛЕДИ ОСТАР ДЕМАРШ ДО БРИСЕЛ И ДА СЕ ПОБАРА ЈАВНО ТЕЛЕВИЗИСКО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ОВОЈ ШОВИНИСТ ПРЕД ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ, ВО СПРОТИВНО ДА МУ СЕ ОТКАЖЕ ГОСТОПРИМСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Ni edno ni drugo, samiot se pretstavuva kako polu-Grk, no toj ne e temata, tuku sovinizmot na Orav.

V e molam da se drzime do temata.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ni edno ni drugo, samiot se pretstavuva kako polu-Grk, no toj ne e temata, tuku sovinizmot na Orav.
Тие пак полу лугето ко него се најлош вид.
Што се однесува до орав поради ваквата негова дрскост и нискост во некоја нормална земја до сега на клоци ќе го испудеа.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Се додека не почнеме ние цврсто да си ги браниме ставовите и да имаме национално единство да бидеме шовинистички настроени , ќе ни се мешаат милион такви орави-ќорави.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.406
ВМРО ДПМНЕ не е веќе никаква десна пратија.
Десна партија ни на сон нема да остави ваква работа само со некаква "осуда од владата", ниту пак ќе замижеше пред албанскиот терор, ниту пак...(еден куп други работи)
Ова коленичење веќе нема никаква смисла, освен во главите на петоколонашите и платениците, кои во Македонија, себе си се нарекуваат левица и НВО сектор.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Орав е паметен и искусен политичар.. А иначе мислам дека редно е веќе МКД да се откажи од античката историја на Грција..
И ти и Орав да кршите глава од овде....
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.406
Најмалку што може власта да стори, е да побара од ЕУ да ни пратат друг наместо бившава* руска конкубина.
Небулозата во неговите изјави не е само во простачкото измислување погрдни имиња, туку и во фактот дека тој морон ни дошол тука да ни збори за федерализација на нашава земја, како тоа било добро за сите, а они тамо у бившите балтички руски провинции не им даваа ни право на глас на Русите**, иако во некои од тие републики Русите се и до 30-40% (без претерување)


* а со енергетскиот европски план, се надевам и идна
** до неодамна, не знам сега како е
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.406
Сеа ваљда овој учк амбасадоров на бивша турска провинција Шчиприја, виде дека тука, во Македонија, секоја шуша може да сере кај сака и што сака, па реши да се оптегне и он со изјавана за поставувањето на албанско знаме на "албански територии" (Кичево).
Ваљда дечкото ја замишља готова работата со градот, на локалните избори.

Сеа си замислувам во една научно фантастична ситуација, што би било коа на пример вакви изјави би давале меѓународни/странски претставници во некоја држава.*

Орав и албанскион амбасадор не се некои странци кои наминале па тропаат глупости уз пат. Нивните зборови имаат поголема тежина затоа што се претставници на странски субјекти во земјава.

* не е ова нашево држава
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Испраќање мејлови е залудно потрошено време, си постојат дефинирани дипломатски процедури кои треба да се применат во ваков случај.

Уште еден пример дека треба „инвестира“ во радикал-дипломатијата, бидејќи повеќе од сигурно е дека Орав заработил од оваа прецизно пласирана изјава.

Во денешно време вообичаена пракса е да се купуваат изјави и да се креира политички пи-ар по некое прашање, многу познати политички фигури отворено ги нудат своите „услуги“, по одредена тарифа, да одат по разно-разни конференции и самити и да кажат 2-3 реченици во полза на финансиерот.
Оравиов се обидува адекватно да ја исползува својата актуална позиција.

Се оди до таа мера, да се наплаќаат и политички твитови на спонзорираната кауза и ние за жал, сме само пасивни сведоци на оваа маркетиншко-политичка дејност од која сите наши опоненти максимално користат.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Жални сте ми.
Вие мислите дека ова е некој изолиран инцидент и дека Европа со ова нема ништо.
И колку овакви ни се изредија, еве и ќе го избркаме, ќе стават некој друг, и мислите дека нешто ќе се смени ?
Не бе мили мои, тоа е контунитет на политиката на Европа, која па влече корен уште од првото доаѓање на Римјаните на Македонскиот полуостров, каде името Македонија се забрани и се изгоре се македонско. И се гори во континуитет.
Они ни имат ставено големо "X" врз Македонија и Македонскиот народ.

Се додека западот е силен ние бел ден не гледаме, тоа јасно да ви е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom