Аиво Орав ги навреди Македонците, нарекувајќи ги „Славомакедонци“

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Slavjanski, se' e poznato, ne panici.


Скопје, 19 ноември 2012 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов денеска го повика евроамбасадорот Аиво Орав на итни консултации, поради именувањето на Македонците како „славомакедонци“ во неговиот говор пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според извори во кабинетот на македонскиот претседател, на средбата Иванов побарал од евроамбасадорот јавно да му се извини на македонскиот народ и да изрази почит кон основниот принцип на самоопределување и самоименување.

Постапката на Орав претходно ја осуди и Владата на Република Македонија.

- Со ваквиот однос не се придонесува кон решение на отвореното прашање кое нашата земја го има со јужниот сосед, и изразуваме силно несогласување, протест и осуда на тоа. Доколку ова е нечија идеја со различно однесување на определени претставници Европската комисија во еден момент да ни се допадне нам користејќи го терминот „македонски”, а во друг момент да им се допадне на нашите соседи користејќи го терминот „славомакедонци”, треба да биде свесен дека со ваков однос никако не придонесува кон решавање на отвореното прашање.

Со овој однос, треба да знае дека свесно или несвесно се покажува дека отвореното прашање не е само за името на нашата земја, туку и за идентитетот, со што и самата ЕК ја вовлекува на опасен терен во еден спор чии рамки се дефинирани од страна на ОН, стои во реакцијата од Владата на Република Македонија.

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/811227/index.html

.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Според извори во кабинетот на македонскиот претседател, на средбата Иванов побарал од евроамбасадорот јавно да му се извини на македонскиот народ и да изрази почит кон основниот принцип на самоопределување и самоименување.
Еве ви го "извинувањето" од Наиво Ќорав:

- Во изминатите два дена имаше прашања поврзани со мојата изјава во Европскиот парламент минатата недела. Во ЕП бев на средба на Комитетот за надворешни работи каде се разменија мислења за земјава. Присутни беа членови на Парламентот, на кои им се обратив и одговарав на нивни прашања. Мојот говор содржеше три главни пораки: околу перспективите на вашата земја во однос на ЕУ, околу значителниот прогрес кој вашата земја го оствари кон ЕУ во изминатите неколку месеци и трето, за важноста од унапредување на овој прогрес за понатамошно приближување кон ЕУ. Во однос на прашања врзани со меѓуетничките прашања, користев јазик разбирлив за присутните таму. Не беше дадена никаква политичка изјава, ниту имав за цел да навредам некого. Ние во институциите на ЕУ разбираме колку е чуствително ова прашање во земјава, а и јас лично разбирам колку е чувствително, рече Орав на средба со новинарите во ЕУ Инфо центарот.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4114F19D1C7BE64C94239ED7713DA1C0

Ваква некултура нит се видело ниту ќе се види.
Овој ќОрав нема доблест ниту да ја започне реченицата со "извинете" па потоа да продолжи со "но". "Вашата земја"...:facepalm:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Единствено нешто поодвратно од Орав се скршениве орави таканарачени соросоиди собрани во плус инфо. Поголеми дебили се немаат створено на планетата, само они таков наслов можат да извадат.

Мисирков, нема паника кај мене, кај мене постои само разочарување од слепоста на овој народ кога се работи за еу и нато.
Ни вбризгаа вирус нова територијална поделба, рамковен договор и ние денеска во постела со дијагноза пред клиничка смрт рипаме од радост на секоја лажичка супа од нато и еу. Ни го вратиле терминот македонски, ни дале 5 по ред позитивен извештај, нато ја пофалил улогата на македонија во авганистани итн итн...

Оваа држава плаче за нова политичка партија која ќе понуди вистинска алтернатива на се ова што се случува во Македонија, и алтернатива на нато и еу.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
http://www.mkd.mk/76685/kolumni/sto-ni-najavuva-orav-ceto-od-evropskiot-parlament-nikovski/

Мораше да се бара ново чаре. Улогата ја презеде Филе кој, секако не сам и не без повисоки инструкции, предложи во декември да и се одреди датум на Македонија ама под услов проблемот со името да се реши „во рана фаза на преговорите”.
Започнувањето на преговорите за членство во ЕУ би било силен стимул за Македонија и нова, повисока фаза во нејзината интеграција. Меѓутоа, предлогот има и крајно сериозна замка. Прифаќањето на предлогот, ipso facto, значи давање согласност промената на името да биде услов за членство! Тоа директно ја анулира обврската на Грција да не не попречува, а значи и целосно обезвреднување на Хашката пресуда која се однесува точно на таа обврска!

Дека настапот на Орав во Европскиот парламент е прецизно подготвен, зборува и фактот дека не го спомнал инцидентот кај Смилковското езеро, кој имаше тевтонска сила, а не го пропуштил случајот во Гостивар каде „полицаец ‘славомакедонец’ пукаше и уби двајца соседи етнички Албанци…”! Неговата формулација сугерира дека „славомакедонецот” ги убил двајцата пред се бидејќи биле – Албанци. Тоа е фашизоидно објаснување.

Казанот со „македонското прашање” се појако крчка. Некои предлози и идеи веќе испарија. Мозаикот започнува да се реди. Опасностите за Македонија се огромни и мора максимално внимателно да се игра. Се работи да се биде или не, и за државата, и за народот. Странски експерти за консултации се итно неопходни, повеќе од кога било. Додека не е предоцна. Во прашање е преседан невиден во историјата, макар во поновата.

Засега, ова се само варијации на тема. Камо среќа да се покажат неосновани. Во дипломатијата, меѓутоа, секаде каде имало чад, имало и оган.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.846
Поени од реакции
1.602
Море не ни треба сега негово извинување им се умилкуваш на едните па потоа не си мислел никого да навредиш! Да се прашувам јас нашите ценети политичари треба да го следат Николиќ ако услов е Србија да стане членка на ЕУ признавање на Косово не ни требате! Нашиве исто ако со сите исполнети услови се смета дека треба да се додели посебен услов само за нас промена на име , идентитет и јазик не ни треба ЕУ можеме и без неа! Начини излези има сојуз со неврзаните Русија , Кина или нешто слично!
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.607
Поени од реакции
5.241
Сеа ваљда овој учк амбасадоров на бивша турска провинција Шчиприја, виде дека тука, во Македонија, секоја шуша може да сере кај сака и што сака, па реши да се оптегне и он со изјавана за поставувањето на албанско знаме на "албански територии" (Кичево).
Ваљда дечкото ја замишља готова работата со градот, на локалните избори.

Сеа си замислувам во една научно фантастична ситуација, што би било коа на пример вакви изјави би давале меѓународни/странски претставници во некоја држава.*

Орав и албанскион амбасадор не се некои странци кои наминале па тропаат глупости уз пат. Нивните зборови имаат поголема тежина затоа што се претставници на странски субјекти во земјава.

* не е ова нашево држава

Аман бре, сега и за ова изјава албанцие се криви, што јадеш ти? албанофобски витамини ли???
Ако не сте славо македонски, тогаш сигурно сте македонци со словенски јазик, каде е разликата???

Како што сте тргнале со целиот свет ќе се резилите..............
Ајде сега почнете сите до еден да и пратите мејлови................
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Орав оди си!....

Фуере.. ВРАТИ СЕ!
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Дел од говорот каде што не нарекува СлавоМакедонци и како македонците се справуваат со Оревов:)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
Добар потпис
аиво.jpg
И групава на ФБ да не ја креираше LION?

Треба да те тужам за авторски права јас прв ја ставив сликата па ти после мене ја стави:D Се зафркавам сподели ја на што повеќе луѓе нека ја закачат на што повеќе социјални мрежи:) А може треба да почнеме да пракаме mail ови до седиштето на еу во Скопје и во седиштето во Брисел со вакви слики од оревов едно неколку деситици илјади mail ови. Чисто онака за ремет да им правиме:D
Eве овде пробај :icon_mrgr:
Visit Tallinn
EU
Estonia
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Треба да те тужам за авторски права јас прв ја ставив сликата па ти после мене ја стави:D Се зафркавам сподели ја на што повеќе луѓе нека ја закачат на што повеќе социјални мрежи:) А може треба да почнеме да пракаме mail ови до седиштето на еу во Скопје и во седиштето во Брисел со вакви слики од оревов едно неколку деситици илјади mail ови. Чисто онака за ремет да им правиме:D
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Леле ама сте се потресиле... :tapp: Некој кловн од ЕУ не нарекол Славо-Македонци, и?! Да не треба главата со лук да ја врзам?? Па за добар процент пратеници во Собранието ние сме славомакедонци, ама таму не ви стиска да прогласувате персони-нон-грати оти шут карта до работа можи да добиете или??
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Леле ама сте се потресиле... :tapp: Некој кловн од ЕУ не нарекол Славо-Македонци, и?! Да не треба главата со лук да ја врзам?? Па за добар процент пратеници во Собранието ние сме славомакедонци, ама таму не ви стиска да прогласувате персони-нон-грати оти шут карта до работа можи да добиете или??
:facepalm: Абе седи СС Единици ќе влегуваат во приватни компании ако некој пратеник се прогласи за перосона нон грата . И илјадници откази ќе даваа во приватен сектор.... сега цел се потресов нема да можам вечер да спијам. Ако сметаш дека некој треба да е персона нон грата да се прогласи отвори теми и искажи си го јавното мислење, на крај краишта не исто за нешто што плаче 2 мил народ да влезе во еу и од тој од Еу што е главен во Скопје да те вика СлавоМакедонец, и изјава на некој планинар за политички поени што тресе зелени. Немаат иста тежина па колку сакаш прави компарации. А што се однесува за мене јас сум евроскептик од економски ,политички и геополитички причини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom