CINEDAYS 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
Од филмовите на програмата ги имам гледано Cosmopolis, On the Road, To Rome with Love, Holy Motors и Rust and Bone. Само овој последниот ми се допадна, онака, добра драма со одлична глума, убави кадри итн.

Кај го имаш гледано Rust and Bone? Едвај чекам тој да го гледам, Марион Котиљард ја обожавам. Иначе и мене ме интересираше тоа за карти, убаво би било онлајн да има некако, али како што гледам нема. Лани имаше многу побарувачка за карти предвреме?

Пошто не сум во можност да бидам неделава во Скопје најверојатно Амур ќе си го чекам на торент или пак евентуално ако после фестивалов оди во редовна проекција во Милениум, или пак во Синеплекс, дека таму ќе дават и арт филмови.

Во замена за Амур се одлучив за романскиот Beyond the Hills ми изгледа добар, а и романската кинематографија е многу добра. Патем се изненадив како не го дават германскиот Барбара, нивниот кандидат за Оскар, тој имаше доста позитивни критики, но можеби ќе го остават за одгодина.
 
Само што се јавив, не дозволуваат резервација на картите. А бидејќи се се` уште заглавени во минатиот век, нема ни на интернет продажба.
 
Зошто во ПДФ документот пишува еден термин на некои филмови а на страната друг?
Пр. приметив кај Cloud Atlas 17:30 понеделник во ПДФ документот а на страната најдов 16ти ноември 22:30
 
Само што се јавив, не дозволуваат резервација на картите. А бидејќи се се` уште заглавени во минатиот век, нема ни на интернет продажба.
Работава е сакаат да ја исплакниме сапуницата од нас, ама немаат вода во тушот. :D
 
Работава е сакаат да ја исплакниме сапуницата од нас, ама немаат вода во тушот. :D
Ќе си доеш ко Цацко и ќе чекаш да те испрска некој :D
Зошто во ПДФ документот пишува еден термин на некои филмови а на страната друг?
Пр. приметив кај Cloud Atlas 17:30 понеделник во ПДФ документот а на страната најдов 16ти ноември 22:30
Нешто лошо си видел, Артист е во понеделник во 17:30, а на страната го покажува само терминот на премиерата.
 
по имдбирање од 15тина минути се решив за
amour
cloud atlas
Beasts of the Southern Wild
 
F***, ги гледав trailer-ите од сите филмови и завршив со листа од само 12 :D Картата е 100 денари за сите проекции во денот, или по филм? :)
 
naumdb бара место каде може да го топли газот цел ден со 100 денари + сок + пуканки :)
 
Ај да не претеруваме, и 100ка е многу за филм :) Можеле да направат 50че да е филм, да имаш да дадеш и 50ка за пуканки :)
 
Ја ќе одам на Паскаљевич сигурно,а би сакала и на Ханеке, за жал не ми одговара терминот.
Like Someone in Love(2012) И ова може да е добро, иако презентацијата на имдб за филмот е катастрофа. Certfiied Copy од режисерот многу ми се допадна.
Овој на Копола изгледа сумјиво. Секад се заебувам со филмови што имаат добро педигре, али нешо им смрди.
Кроненберг е рулет режисер некои му се многу добри некои најпросечни, како ќе ти се погоди.
Вуди Ален ми се свиѓаше кога беше под влијание на Бергман, сега може да се пензионира.
И Ki-duk Kim треба да се види.
Артистот ко што ми го раскажаа изгледа ко копија на Sunset blvd.
Сигурно има и други добри, само ја толку знам.
Ќе беше добро да беа поевтини филмовите па да се оди на повеќе.
 
Ја ќе одам на Паскаљевич сигурно,а би сакала и на Ханеке, за жал не ми одговара терминот.
Amour го имаш во два термина. Четврток од 22:30 и петок од 12.

И не претерувајте со цената, 100 денари е културна цена. Во Кинотека постојано картите се по 50 денари, па гледам се убија луѓе од одење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom