Добар, чиста 8-ца, типичен Корејски со одмазда
.
Него го виде ли Дарко Митревски, беа со жена му ама си отидоа после 20-тина минути.
Беше и Лабина Митевска со мажот и ваљда беше тоа...
А вечерва во осум беа пак Дарко со жена му ама овој пат до крај седеа, баш позади мене беа
--- надополнето: 21 ноември 2012 во 02:12 ---
(Pieta - Јужна Кореја, 2012)
Неколку луѓе станаа на половина од филм наверојатно затоа што имаше доста тешки сцени кои веројатно не се за сечиј стомак. Го одбрав овој филм најмногу поради трејлерот што ме привлече, а и на форумов читав доста позитивни коментари за овој режисер па ајде сакав да пробам нешто и од Корејскава кинематографија. Апсолутно брилијантен филм, ме остави со отворена уста до крајот на филмот. Глумата е чиста перфекција, болна дури за гледање, преубава музика во позадина. Се расправа за човек кој најмен од лихвари оди и брутално ги измачува луѓе кои работат во сиромашни преградија поради нерасчистени долгови. Еден ден му се појавува жена која тврди дека е неговата мајка. Тој не и верува но после некое време одлучува да и верува. Но до крајот на филмот ќе бидете сведоци на многу шокантни откритија. Посебно ми се допадна како заврши филмот. Легендарно.
(Rust and Bone - Франција, 2012)
Не се ни сомневам дека филмот ќе биде во петте номинирани за најдобар странски филм. Салата во Милениум вечерва во 20 часот беше преполна, нормално кога стануваше збор за еден од најзборуваните филмови. Номиниран за Златна Палма на Канскиот филмски фестивал оваа драма дефинитивно отскокнува од многуте филмови на Синедејс. Марион Котиљард буквално блеска во филмот, секоја чест за глумата, уште од кога ја глумеше Едит Пјаф ми докажа дека е врна актерка.
Во оваа француска драма станува збор за Али, самохран татко со петгодишно дете оди кај неговата сестра Ана, со која не презборел неколку години. Се вработува како обезбедување во дискотека каде што ја запознава Стефани, која работи во Аквариум како дресер на орки. Но судбината ги спојува кога Стефани ќе биде нападната од една орка и завршува со половина ампутирани нозе. Тој е тука за неа - ја враќа во живот и Стефани продолжува да живее нормално. Од друга страна Али продолжува со неговата страст, да биде борач за да заработи некој денар, а овој пат Стефани е тука да му помогне кога ќе му биде најтешко.
A must-see movie.
П.С Го имате на торенти, и тоа во висока резолуција.