CINEDAYS 2012

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.576
е ај сеа кажете дека Cloud Atlas вреди 50 денари!!!
beneamata


ејјј јас :)
Најголем впечаток ми остави од книгичката од сајднејс, само па не вреди 100 денари вчерашното затемнување на екранот и осветлување, како и снемување на сликата...

Патем, кога има пак проекција на Атлас?

edit: Гледам дека нема веќе проекции, лоша работа што ги ставаат во два дена двете единствени преокции...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.715
Поени од реакции
13.419
Бев на Amour.... И изглегов сосема накурчен. Што од филмот што од квалитетот на проекцијата. Субјективно, ептен лошо го доживеав, поради тоа што голем дел од истиот филм го имам доживеано пред година дена. Камерата беше премногу мирна, (што и самиот филм налага) и на моменти монотона. Е сеа за проекцијата што на секои 15 минути избледуваше и 2 пати потемне скроз каде имаше 5 минути само звук... не им требаше.
Позитивната страна е местото и околината каде е снимен, како и парот глумци што ми стави многу позитивен впечаток. Немаше викање, тешко урлање, пцовки но тензијата се чувствуваше далеку повеќе отколку во некои амерички филмови.
Се` на се`, оној кој сака европски филмови - нека го ѕирне.
Конкретно за манифестацијата сеуште е рано да кажам. Но мислам дека 100 денари не се многу, и вреди за секој потрошен денар. Само да не подјебаваат као што направија сеа, ќе биде добро.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.739
Поени од реакции
27.732
Најголем впечаток ми остави од книгичката од сајднејс, само па не вреди 100 денари вчерашното затемнување на екранот и осветлување, како и снемување на сликата...

Патем, кога има пак проекција на Атлас?

edit: Гледам дека нема веќе проекции, лоша работа што ги ставаат во два дена двете единствени преокции...
тоа нема збор, катастрофа им беше и заслужуваат казна или пола refund :D
го пропушти атлас?
аххх што си пропуштил...
тоа е, сеа секогаш на некој нема да му одговараат термините.... мене ми изгледа сосем ок, ако на некој не му одговара петок навечер да го гледа во сабота сабајле
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.576
тоа нема збор, катастрофа им беше и заслужуваат казна или пола refund :D
го пропушти атлас?
аххх што си пропуштил...
тоа е, сеа секогаш на некој нема да му одговараат термините.... мене ми изгледа сосем ок, ако на некој не му одговара петок навечер да го гледа во сабота сабајле
петок вечер-сабота сабајле.... Ја гледаш логиката :D

Не дека мене тоа ми беше проблем, само не се заангажирав да видам кога се проекциите, а сакав да го погледнам и In the fog, и тие термини не ми одговараат, па изгледа ќе остане Pieta.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.362
Кога го видов трејлерот за Клауд Атлас коментарите беа поделени. Сите велеа дека или филмов ќе биде ремек дело или ќе биде тежок фејл.
Кога излезе во Америка сите јутјуб рецезенти со сличен став-или ќе го сакате или ќе го мразите.
И си реков дај да видам што чудо ќе биде ова.
Баш се израдував кога дознав дека ќе дојде во кино и кај нас.

Најкратко што мислам за филмов:

првиот пола саат е навистина интересен. после тоа последните 2 тајмлајна во приказната започнуваат ептен досадно а на нив најмногу време им се обрнува.
има ептен досадни моменти но има и навистина неверојатни моменти.
глумењето беше на ниво и очекувам номинација за оскар за Том Хенкс.
На крајот од филмот се изненадив кога видов дека сите актери биле дел од сите тајмлајни.Некои не се ни препознаваа па оттаму може да се очекува и оскар за мејк-ап.

Ептен клише крај.Сите главни ликови освен еден преживеаја и се спасија од опасноста.
И прашање до тие што го гледаа филмот:Како преживеа азиецот што ја спаси девојката (јбг у моментов не ми текнува на имиња) кога падна од поприлично високо.
Филмов трае навситина предолго.2часа и 50 мин.
Да траел 130 мин би било подобар според мене.

Се на се иако има некои моменти што не ми се допаднаа морам да му дадам
8/10 рејтинг. Добар но предолг филм.
Probably would watch again.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ептен клише крај.Сите главни ликови освен еден преживеаја и се спасија од опасноста.
И прашање до тие што го гледаа филмот:Како преживеа азиецот што ја спаси девојката (јбг у моментов не ми текнува на имиња) кога падна од поприлично високо.
Дадоа од колку високо паѓа ама не прикажаа како т.е дали воопшто падна.:unsure::icon_mrgr:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.362
Дадоа од колку високо паѓа ама не прикажаа како т.е дали воопшто падна.:unsure::icon_mrgr:
Па ако не паднал што направил?Лебдел?Или паднал на меко.Тоа беше лошо објаснето ама nvm :D :icon_mrgr:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Па ако не паднал што направил?Лебдел?Или паднал на меко.Тоа беше лошо објаснето ама nvm :D :icon_mrgr:
Колку што се сеќавам на тој кадар, градот беше на повеќе слоеви, можеби се задржал на некој од мостовите.:icon_mrgr:
Инаку најбизарна сцена ми беше моментот кога девојката сфати дека себеси се јаделе и сцената со телата што висеа.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Го гледаше некој Космополис? Јас не бев воодушевен (не можам да кажам дека се разочарав, зашто немав никакви очекувања). Добра била идејата, ама освен целокупната последна сцена не можам апсолутно ништо да издвојам како вредно за паметење. Сценариото, според мене, беше доста сиромашно. Добра идеја, лоша реализација.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
е ај сеа кажете дека Cloud Atlas вреди 50 денари!!!
Нека го стават на редовен репертоар и нека ја направат влезницата и 500 денари, ако сакаат. Јас пак ќе одам! Cloud Atlas - :cuc:

А за влезницата, ќе ти кажам дополнително!
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 03:46 ---
Моето видување на Cloud Atlas:
CLOUD ATLAS / Tom Tykwer, Andy Wachowski, Lana Wachowski
„Од колевка до гроб, нашите животи не ни припаѓаат само нам.“
Cloud Atlas е еден фасцинантен експеримент кој покрива можеби и преку 600 години - дел историја, дел сегашност, дел визионерски поглед a la Matrix style кон иднината... и потаму!!! Но иако различните приказни се толку развлечени низ трите часа филм, релативно лесно е да се следи наративот. Потребно е само малку поголемо внимание.
Многу работи воодушевуваат тука. Една од нив е умешноста од режисерите да го избалансираат тоналитетот на секоја од шесте приказни што особено се забележува при секоја нивна промена. Како да се движиме од авантура кон трилер и мистерија, па потоа да преминеме во романса, па комедија, се до научна фантастика и пост-апокалиптична приказна. Тешко е да се одреди жанрот на филмот, затоа што всушност ова не е еден филм, туку 6 различни, секој со различни теми, но сепак споени во едно. Неверојатна е и актерската игра на некои од актерите. Пред се браво за Џим Бродбенд и Дона Бае во која по се изгледа режисерите нашле одлична замена за бремената Натали Портман. Но тука се и одличните перформанси на Том Хенкс, Хали Бери, Иго Вивинг, Сузан Сарандон, Хју Грант... Некои од нив со големи актерски ролји, некои со минорни, но лесно забележливи - оставаат впечаток. Секој од нив дава максимум од себе во портретирањето на секој од неколкуте карактери кои ги глуми.
Визуелно богат филм. Секоја епоха отсликана најдобро што може - одлична шминка, одлична костимографија!!!
А приказните... зарем за нив може да се зборува? Секоја од нив независна од другите е речиси ништо посебно, исто онака како што и животите кои ги живееме не се само наши и не се ништо посебно како такви - една од темите во филмот. Но сите тие заедно се одлично вклопени и премините од една во друга полежерни и не би можеле да бидат (затоа и очекувам номинација за Оскар за монтажа). И најинтересно од се е што во нив е прикажана една универзална вистина - дури и најмалото движење денес, нешто бизарно на кое не си ни обратил внимание, или пак можеби некое дело кое порано било гледано со презир и фрлено во амбисот на заборавот, утре ќе биде толку значајно што ќе покрева и револуции, а може и да му се поклонуваат и пеат оди. Можеби и ти ќе си повторно таму за да го проследиш неговото издигнување на пиедестал, зошто ако денес не е се како што треба, и ако нештата изгледаат безизлезно, како крај, не треба да се очајува. Нас секогаш не очекува еден поубав свет. И во него секако ќе се сретнеме повторно, можеби за да ги повториме истите грешки, но можеби и за да уживаме во среќата. Ако сега и тука сме просјаци, некогаш и некаде може ќе сме кралеви. И ако сега и тука направиме некоја грешка која ни однела многу, не треба да очајуваме, затоа што после дождот доаѓа сонце... некогаш... и некаде...

Сето ова, а и многу повеќе, само го надополнува фактот дека е тоа една вистинска епска сага и едно од најамбициозните филмски остварувања на сите времиња. Доколку не верувате, погледнете го и ќе се уверите - се сомневам дека во следните неколку години ќе имате можност да видите нешто слично!

Оценка: 10/10 - Без размислување!!!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Сигурно ќе оди во редовна проекција, така да тогаш ќе го изгледам :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Го гледаше некој Космополис? Јас не бев воодушевен (не можам да кажам дека се разочарав, зашто немав никакви очекувања). Добра била идејата, ама освен целокупната последна сцена не можам апсолутно ништо да издвојам како вредно за паметење. Сценариото, според мене, беше доста сиромашно. Добра идеја, лоша реализација.
Срање е Космополис, ако го има на репертоар моја препорака да не си ги трошите парите и времето.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
proekciite na Marley bea gaga....a dokumentarecot bese taman..super
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Дали некој го гледаше Io e te на Бертолучи? Многу убав филм, искрена и топла приказна за помладите генерации и нивните/нашите проблеми. Секоја му чест.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom