Тука коментираме книги

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ја има ли читано некој Монахот од Метју Грегори Луис? Во издание на Бегемот, од пред некој ден.

Еве што најдов онлајн:
Монахот е дело коешто се смета за најдрастичен и најтрансгресивен готски роман. Исто така, тоа е прво дело коешто претставува монах како злосторник. Во таа смисла, Монахот послужил како модел за голем број идни дела, како на пример Богородичната црква во Париз од Виктор Иго.

Според тематиката на пактови со ѓаволот, силувања, развратности, руинирани замоци и слики на шпанската инквизиција, романот всушност е мерка и компендиум на готскиот стил. Амброзио, како човек кој е блудник и којшто им подлегнува на сопствените пориви, како и човек којшто се предава на сексуални престапи зад ѕидовите на манастирите, е богато портретиран злосторник, како и персонификација на големата доза на недоверба кон католичката црква, со неговите упорни практики поврзани со сакраментите на покајанието, со политичкиот и религискиот авторитаризам, како и со блудниот стил на живот. И покрај големиот број критики, Моханот е едно од најпопуларните дела на романтизмот.
 
П

Пепси_

Гостин
Доналд Трамп/Роберт Киосаки
ЗОШТО САКАМЕ И ВИЕ ДА БИДЕТЕ БОГАТИ
коментар некој што ја разлистал ? се думам да ја земам :)
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.972
Погледите на еден кловн - Хајнрих Бел

Ваше мислење за книгава?
Книгава ја немам читано меѓутоа од сите 13 книги што ги имаат Бегемот објавено, тие што ги знам немаат утка, па ќе си земам за право да преудицирам и да кажам дека таа куќа си има критериуми на што треба да се објавува па така гледано мислам дека вреди да се прочита книгава. Плус Бел е Нобеловец и иако во последно време тоа многу-многу не значи, сепак си влече пак барем малку некоја гаранција за квалитет. Општо мислам дека било што од Бегемот ако земеш нема да згрешиш јас имам 6 книги од кај нив земено Сервантес-Дон Кихот 2-та тома, Буковски-Пошта, Буковски-Холивуд, Роберт Луис Стивенсон-Киднапиран, Сјенкевич-Крстоносци и Сјенкевич-Скици нацртани со јаглен, планиран да ги земам и останатите 7 двете на Оскар Вајлд, Умерто Еко, Хајнрих Бел, Бруно Шулц и Андреа Јанковски и Монахот и колекционерски да им ја купувам секоја наредна издадена книга како што тоа го правам со изданијата на Темплум и Или-Или. Plavooka коментаров важи и за тебе.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Има фанови на сајфај литература?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Plavooka коментаров важи и за тебе.
Ти благодарам Sussaro, викендов баш го одгледав филмот Монах, екранизација на романов (Le moin) . Одличен беше, сега ќе трчам во Бегемот, таква книга не се пропушта:)

П.С. Да не знаеш каде има Бегемот книжара? На нивниот сајт пишува дека има попуст за нарачки преку сајтот.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.972
Ти благодарам Sussaro, викендов баш го одгледав филмот Монах, екранизација на романов (Le moin) . Одличен беше, сега ќе трчам во Бегемот, таква книга не се пропушта:)

П.С. Да не знаеш каде има Бегемот книжара? На нивниот сајт пишува дека има попуст за нарачки преку сајтот.
Немаат книжара, нивните книги знам дека ги има во книжарата на Или-Или. Јас сум малце постаромоден и уште сум резервиран кога е во прашање плаќањето преку интернет, не знам некако сумљиво ми е сеуште тоа. На пример со Темплум што направив. Им се јавив и им реков знам дека немате книжара јас сакам да ви купам повеќе книги, односно цело издание Магма, со кого може да разговарам. И контактирав со човек од таму, кога и да ми требаа книги договарав со него. Така планирам и со нив да терам. Ова им е контакт адресата http://www.begemot.mk/kontakt па сега ти како сакаш или јави им се, или нарачај преку нет, или тркни до Или-Или таму сум сигурен дека ја имаат баш ја видов пред некој ден.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Доналд Трамп/Роберт Киосаки
ЗОШТО САКАМЕ И ВИЕ ДА БИДЕТЕ БОГАТИ
коментар некој што ја разлистал ? се думам да ја земам :)
Те молам не си ги троши парите. Трамп не заслужува денар да фрлиш. Ништо паметно од него нема да прочиташ. Купи си некоја друга подобро.
 
ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Можеби е малку оф-топик прашање, но би сакал да прашам дали воопшто постои некое видео или аудио фајл на интернет каде што се рецитирани песните од Петре М. Андреевски, бидејќи на youtube постојат само 3. Фала ви однапред.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
194
Поени од реакции
101

Малку оф топик :D.Мислам дека не.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ја има ли читано некој Монахот од Метју Грегори Луис? Во издание на Бегемот, од пред некој ден.

Еве што најдов онлајн:
Монахот е дело коешто се смета за најдрастичен и најтрансгресивен готски роман. Исто така, тоа е прво дело коешто претставува монах како злосторник. Во таа смисла, Монахот послужил како модел за голем број идни дела, како на пример Богородичната црква во Париз од Виктор Иго.

Според тематиката на пактови со ѓаволот, силувања, развратности, руинирани замоци и слики на шпанската инквизиција, романот всушност е мерка и компендиум на готскиот стил. Амброзио, како човек кој е блудник и којшто им подлегнува на сопствените пориви, како и човек којшто се предава на сексуални престапи зад ѕидовите на манастирите, е богато портретиран злосторник, како и персонификација на големата доза на недоверба кон католичката црква, со неговите упорни практики поврзани со сакраментите на покајанието, со политичкиот и религискиот авторитаризам, како и со блудниот стил на живот. И покрај големиот број критики, Моханот е едно од најпопуларните дела на романтизмот.
Ја немам читано, но како што си навела, а јас повеќепати имам прочитано, навистина важи за значаен готски роман, кој најверојатно вреди да се разгледа. Колку пари е романот? :)
Ја читал некој Прашки гробишта од Умберто Еко?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Ја читал некој Прашки гробишта од Умберто Еко?
Еко ми е еден од омилените автори, книгата ја прочитав некаде пролетните месеци и си го копирав сопственото мислење од темата со предизвикот, кое следи во продолжение :) -

Прашките гробишта - Умберто Еко

Ова дело на Еко е всушност совршен показател за тоа како се ,,создава,, светски заговор и колку лесно се образуваат стереотипи, кои го обликуваат човечкото мислење во непредвидени насоки на движење на омразата кон одредени групи, дури до потреба од нивно целосно елиминирање од лицето на земјата...

Еко маестрално изградил сижејно дејство во кое раскажува за политиките, тајните служби (француски, италијански, руски, пруски...), аферите, меѓудржавните релации, масоните, језуитите, јудеистите, антисемитски настроените организации и поединци, заговорништвото, политичките интриги и сл. во текот на 18-от и пред се‘ најмногу во текот на 19-от век, на подрачјето на Италија и Франција.

Главен лик е капетанот Симоне Симонини, еден врвен интригант и ненадминат мајстор во занаетот на фалсификувањето, екстремно алчен за пари и прилично мизантропски настроен кон луѓето, кој ја смета омразата и презирот кон нив за природни, единствено што всушност љуби е – добрата кујна. Како пар екселанс измамник, во новелата тој е врбуван и работи за многу тајни служби, неретко и истовремено, уништувајќи го секој кој ќе му застане на пат немилосрдно, исто како што и немилосрдно ги користи сите за остварување на свои лични цели. Антисемитските чувства му ги всадил во глава, уште од малечок, неговиот роден дедо, па низ децении и децении Симонини ќе ги создава Протоколите, кои послужиле како рамка, за едно од најконтроверзните дела во човековата историја – Протоколите на сионскиоте мудреци, кое што се смета како директна инспирација на Хитлеровиот етноцид врз Евреите, поточно за неговата силна пасија на нивно конечно и темелно уништување во логорите на смртта во текот на Втората светска војна...

Иако и денес има неонацисти кои се уверени дека текстот е автентичен, сепак, преовладува мислењето дека станува збор за обичен фалсификат, објавен во Русија од страна на Сергеј Нилус. Текстот, како што покажале анализите, е комплетен антисемистски препев на делото Разговор помеѓу Макијавели и Монтескје на оној свет кое е напишано 1864 година од страна на францускиот сатиричар Маурицио Жоли (кој исто така се среќава како лик во делото). Тука ги среќаваме и Сигмунд Фројд, Лео Таксил, Дијана Вон, Драјфус, Виктор Иго и многу др. личности кои навистина постоеле... Се надевам дека ова е повеќе од доволно за да ги заинтригира љубителите на овој литературен жанр...

И Еко не би бил Еко, ако на крајот не го шокира читателот со едно оригинално обраќање...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.706
Јас мислам дека денес најпродавани се оние книги кои целат кон тинејџерите и бебињата како главна фан база, цела франшиза книги, серии и филмови се прават само за нив, па како резултат на тој нов тренд, квалитет веќе нема нигде. Не затоа што нема креативни луѓе и оригинални идеи, туку затоа што главната цел е да се задоволи оваа таргет група, која не бара да изгребе подлабоко под површината, туку се задоволува со лимонада приказни.

Кога ќе размислам, каква се литература има денес... Затоа не читам нови автори и нови книги, не дека сум ептен префинет, ама пак не сакам ни кога одвојувам време за читање, да читам тралалајки.
Еве од мене еден предлог (само не сум сигурен дали воопшто е преведен на македонски), може после ќе го смениш мислењето ;) http://boingboing.net/2012/02/07/matt-ruffs-the-mirage.html
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Дали ја има читано некој Руска зима од Дафне Калотеј и впечатоци....?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom