Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Читај го Р.Р Мартин и ако сакаш таков жанр на книги невозможно е да не ти се допадне. Јас се заразив со неговиот свет многу одамна, незнам колку е добар преводот само...

На англиски е книгата. :)
 
На англиски е книгата. :)

Со среќа читање, бев скептик ако ја читаш на македонски затоа што има ликови што го зборат различни видови на англиски и незнам колку тоа ќе може да се долови на македонски. На пример зборувањето на Хагрид во преводот на "Хари Потер" не ми се свиѓа.
 
Дали го има серијалот на Џејмс Патерсон: Алекс Кросс преведено на македонски јазик ??
 
Омилена книга ми е „НЕПОКОР ВО РОПСКИТЕ ГОДИНИ„ од Костадин Кајдамов во која се прикажени над 20 легенди, преданија, историски приказни и географски четива.

Сигурно ја има во библотеки побарајте ја, прочитајте ја верувам ќе ви се допадне!
 
Книга која предизвика различни реакции кај оние кои ја прочитаа. Книга која дефинитивно ја обележа оваа година во светот. Убедливо најпродавана трилогија во целиот регион и пошироко.

Дали сте ја прочитале и што мислите за неа? Дали навистина го заслужи епитетот книга на годината?

Книгата која го заведе целиот свет! Зошто целиот свет ја изгуби главата заради еден еротски роман.
http://www.kupikniga.mk//BookDetails.aspx?Pr=11134
 
Јас мислам дека денес најпродавани се оние книги кои целат кон тинејџерите и бебињата како главна фан база, цела франшиза книги, серии и филмови се прават само за нив, па како резултат на тој нов тренд, квалитет веќе нема нигде. Не затоа што нема креативни луѓе и оригинални идеи, туку затоа што главната цел е да се задоволи оваа таргет група, која не бара да изгребе подлабоко под површината, туку се задоволува со лимонада приказни.

Кога ќе размислам, каква се литература има денес... Затоа не читам нови автори и нови книги, не дека сум ептен префинет, ама пак не сакам ни кога одвојувам време за читање, да читам тралалајки.
 
Книга која предизвика различни реакции кај оние кои ја прочитаа. Книга која дефинитивно ја обележа оваа година во светот. Убедливо најпродавана трилогија во целиот регион и пошироко.

Дали сте ја прочитале и што мислите за неа? Дали навистина го заслужи епитетот книга на годината?

Книгата која го заведе целиот свет! Зошто целиот свет ја изгуби главата заради еден еротски роман.
http://www.kupikniga.mk//BookDetails.aspx?Pr=11134

Штом ја видов содржината на книгата уште денеска отидов до библотека и ја купив за 50 денари поскапа цена..
 
Вајда не сум оф-топик, некој да не знае каде ја има
"Мрак на пладне" од Артур Кестлер?
 
Скопски Раскази од Томислав Османли.
Некои импресии?
Sussaro?
 
^Се думам дали да ја зимам. ЈА има во култура за евтина сума, а ипак некако сакам прво да чујам мислење од другиве.
Како и да е, фала за брзиот одговор.
 
Видов на излогот на ТОПЕР плакат за “Педесет нијанси на сиво“ НАСКОРО, значи тие ќе ја преведуваат.

Ја прочитав на англиски...ич не ми се бендиса, ама не се сомневам дека на повеќето жени ќе им се свиѓа.
 
Погледите на еден кловн - Хајнрих Бел

Ваше мислење за книгава?
Земај ја слободно, нема да зажалиш. Лично ми остави добри впечатоци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom