Еве неколку бабини деветини
1. Ако убиеш пчела, ќе ти умре мајка ...
2. Ако видиш и поминеш покрај некое мртво животно, мачка, куче, птица, мора да се фатиш за коса, броиш до десет и назад додека чекориш, иначе ќе ти умре мајка...
3. Ако помине покрај тебе Брза помош и свири со ротационо светло, брзо фати се за нешо шо има црвена боја, оти ќе ти умре мајка...
4. Кога јадеш, не ја домакувај чинијата (не ја прави гланц со макање), лошо е, некој нема да јаде, а со макањето правиш грев, па може истото и тебе да те снајде...
5. На рибата мрена не и се јаде главата, може да умреш (ова го практикувале Турците во Охрид, но останало кај народот, па се вели дека главата е отровна, но во суштина не е, само е коскеста и невкусна, а главата не ја јаделе, затоа што мрената е пегава - како маскирно одело, па на главта- на челото, има пеѓа во вид на крст и затоа Турците не ја јаделе).
6. Чашата со пиење мора да ти е стално полна, и да и се дотурува. Не смееш да ја оставиш празна оти нема да имаш бериќет.
толку... знам уште неклку али не можам да се сетам како точно гласеа..