McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Цениве за ова роденденов се прифатливи.. милшејк,помфрит,хамбургер,италијански тост - за 33 денари вреда овие работи :D
 
Цениве за ова роденденов се прифатливи.. милшејк,помфрит,хамбургер,италијански тост - за 33 денари вреда овие работи :D
Па не баш,ако сакаш да искомбинираш пример помфит,сок и бургер поскапо ќе те фати од ист таков оброк.

Која е поентата на тоа.....
 
Па не баш,ако сакаш да искомбинираш пример помфит,сок и бургер поскапо ќе те фати од ист таков оброк.

Која е поентата на тоа.....
абе три хамбургери за 100 таман е да подкасниш ко че си излезен :D
 
Znaci pokraj site burekdjilnici, site mlechni restorani, site pizerri, site skari i sl ima lugje sto seuste jadat vo toa mcdonaldsot? BRAINWASHED MUCH?
 
А па демек сите бурекџилници, ресторани и пицерии имаат квалитетно несомнително месо и држат ниво на хигиена? Имам еден комшија што има ваков локал, да не издавам имиња сеа, у подрумот и гаражата кај него го праи месото, кај што му спијат и му се вртат двете кучиња, алишта не можеш да пружиш на тераса.

Престанете веќе да солите мозок сегде, кој кај сака нека јаде/спие.
 
Пред околу половина час заврши прес-конференцијата одржана во ресторанот на "McDonald’s" во Скопје во рамките на која сопственикот на компанијата СЈ, Светозар Јаневски се обрати до јавноста по повод ненадејното затворање на рестораните на територијата на цела Македонија.

"Во овие простории сме имале и поубави денови", го започна своето обраќање Светозар Јаневски на прес-конференцијата која се одржа денес во просториите на ресторанот на "McDonald’s" во центарот на градот Скопје.

mcf-zatv-press-02.JPG

Под притисок од централата на "McDonald’s" по спорното раскинување на договорот за франшиза меѓу "McDonald’s" и македонскиот носител на франшизата компанијата СЈ денеска почнаа да се симнуваат сите натписи и трговски марки од рестораните на "McDonald’s".

mcf-zatv-press-10.JPG

Иако "McDonald’s" побара натписите да бидат симнати, компанијата СЈ останува решена повторно да ги активира македонските ресторани. Оттаму информираат дека по ненадејното прекинување на успешниот 15-годишен договор за франшиза во Македонија американскиот гигант за брза храна досега одбивал да влезе во било каков корисен дијалог со својот македонски носител на франшизата што би довело до разрешување на спорниот престанок со работа.

mcf-zatv-press-08.JPG

Како што истакна самиот инвеститор, тој очекува проблемот да се реши за три до четири месеци: "Разрешувајќи го проблемот, не би сакал да страдаат вработените во "McDonald’s" поради одлуката на некои поединци", изјави Јаневски, додавајќи: "Вработените ќе примаат плата и ќе бидат згрижени се до разрешувањето на проблемот".

mcf-zatv-press-14.JPG

"Го замоливме "McDonald’s" да ни овозможи повторно да ги отвориме рестораните, но тие категорично одбија. Незамисливо е корпорација како "McDonald’s" да премине преку овој вид на еднострано донесување на одлуки без јасна причина. Се уште не можеме да ги разбереме причините за оваа ненадејна промена", изјави Јаневски, притоа не откривајќи го името на компанијата со која што е раскинат договорот за франшиза.



"McDonald’s" го нареди затворањето на рестораните во Македонија, повикувајќи се на ситни формалности во договорот за франшиза, па така, од 14 мај 2013 година, сите седум ресторани на територијата во Македонија се со клуч на врата.

mcf-zatv-press-13.JPG

"Го водевме овој бизнис добро и профитабилно и уште од 97-ма година и отсекогаш сме имале добри односи. Едноставно не можеме да сфатиме што ги мотивирале да се однесуваат вака", изјави Јаневски, додавајќи: "Тоа што ги симнавме натписите не значи дека сме се откажале од изнаоѓање разумно решение“, додаде Јаневски и демантираше дека на местото на "McDonald’s" ќе влезе друг бренд на ресторани за брза храна". На прашањето за рестораните во Бугарија, на чија што франшиза е тој сопственик, Јаневски не сакаше да даде одговор.



mcf-zatv-press-01.jpg

mcf-zatv-press-07.JPG

mcf-zatv-press-10.JPG

mcf-zatv-press-12.JPG

mcf-zatv-press-15.JPG


Преземен текст од tocka.com.mk
 
Само напред.
Од негде мора да се почне.
 
Арамија. Малку ли му е пивара.
Богатите овде само стануваат уште побогати.
Епа и нешто добро во сето ова. Вработените ќе бидат згрижени.
Ќе земаат (некоја) плата.
 
А шо па некој да не памти кога последен пат јадел у Мек'доналдс?

Се знае бре Лесковачка,Вили и 7ца.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom