McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
прв пат слушам за овие работи во претходните posts.инаку досега уживав во храната на McDonald`s, но сега малце ќе се подзамислам пред повторно да отидам...
 
проблемот е во тоа што многу скап за нашиот стандарт,за да се оди повеќе пати во месецот треба платите дупло повисоки од сегашниве да бидат,затоа повеќето од нас викат,сум бил 2-3 пати и никогаш повеќе,храната не е убава.Убава е храната него џебот нечинит..

Се извинувам што предоцна одговарам ... али на Кајгана сурфам периодично, затоа и задоцнета реакција. :wink:

Не знам за тебе или за другите, ама лично мене џебот не ми е проблем, барем не кога е во прашање моето здравје односно исхраната. На времето сум знаел да јадам брза (но за мене вкусна храна) на пример: хамбургер во Кингбургер, но не и во Седмица (бидејќи не ми се допаѓал воопшто вкусот)! Хамбургер во поранешно Tweety кај Irish Pub, но не и во McDonald's... итн итн.

Во McDonald's само сум знаел да земам чат-пат помфрит, сок ... и толку. Денес еднаш во два месеци знам да земам гиро од Гирадико пошто ми е вкусно иако знам дека е брза храна, но некогаш ме фаќа носталгија за брза храна ... а на носталгијата тешко се одолева. :wink:

Еден поздрав за сите Mcdonians: :smir:

 
Мц е само за да го посетиш кога не си многу гладен..т.е.кога немаш кај да отидеш и ајдее у мц ќе јадеме..го јадеш за две минути и чуствуваш дека си сеуште гладен :tapp:
И цените им се превисоки за три залчиња сендвич(ако може така да се нарече) за тие пари ќе се најадеш асално во другите..
А иначе кога јадам во мц нарачувам тост итаљано :toe:
 
Е луѓе, дали некој може да ми каже цена на big mac во Скопје. однапред фала
 
Е луѓе, дали некој може да ми каже цена на big mac во Скопје. однапред фала
Мислам дека само сендвичот е 130ден. а оброкот е 210ден. За оброкот сум сигурна ама само сендвичот не баш, ги побркав цените со тие во Охрид...
 
Си идам у Мекдонлс бе и тоа многу често.
Јес да не вредат тоа трошките за толку пари али тоа е.
 
Е луѓе, дали некој може да ми каже цена на big mac во Скопје. однапред фала

210 е малиот оброк, 230 големиот.
Само сендвичот незнам колку е.

Иначе не сум редовен посетител. Има многу поубави места кај што можеш убаво да се најадеш. Тоа е тоа...
 
Абе не ги бива али ме влече тоа италијанскиот.Добар е мајке ми.И компирите им се добри.2 обрака ме најадуваат во моментот коа ќе ги изедам али ме заситуваат за еден до два саати.
 
210 е малиот оброк, 230 големиот.
Само сендвичот незнам колку е.

Иначе не сум редовен посетител. Има многу поубави места кај што можеш убаво да се најадеш. Тоа е тоа...
210 е средниот, нема мал оброк со биг мек. Би било смешно толкав сендвич со мало помфритче и сокче. Иначе откако знам за себе ја обожавам храната таму
 
За жал нема McDonalds во Велес, ама кога сум во Скопје секогаш јадам. Најчесто јадам чизбургер, помфритот е ептен добар, исто и сладоледите...:)
 
Само двапати имам јадено таму откако сум дојдена во Скопје, воопшто не ми се допаѓа, не е толку скапо колку што не можеш да се најадеш, сендвичето кога ќе го видам си мислам дека со еден залак ќе го голтнам(најмногу два:))
 
Не ми е вкусно, премногу е скапо, а минијатурно. И плус, зад такви огромни, глобално-проширени корпорации се кријат многу тајни и валкани бизниси, што едноставно не можам со чиста совест да јадам од храната шо ми се нуди таму.
 
Обично два оброци do the trick. И еден шејк или мекфлари на крај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom