Не си рекол дека бил слаб Конте , да, но си констатирал дека бил преценет , како мислиш преценет? ... јас би рекол дека Конте бил дури и подценет, и никогаш не бил афирмиран , тоест во сенка на "звездите" .
Точно. Конте никогаш не беше експониран, немаше статус на ѕвезда, но факт е дека беше незаменлив во тимот.
A Маркизио е одличен фудбалер,прераснува во вистински иден капитен на Јуве, ама мора да се признае дека малку и му се наредија и коцките, и со напорен тренинг и дисциплинирана игра стана она што е.
Прво, имаше „среќа“ да игра во послаб Јуве, кога се врати во Сериа А,имаше повеќе простор да се докажува, а на својата позиција имаше (исто како и да немаше) конкуренција во Тиаго, Алмирон кои не се покажаа во дресот на Јуве, и мора да се признае дека главен протагонист и човек кој му даде огромна доверба на Маркизио да биде првотимец на Јуве е Клаудио Раниери. Сега се наметна како еден од главните играчи на Јуве во средината, и на добар пат е да биде и незаменлив дел.