Мене ми се свиѓа. Не е ко што мисли
wot дека ја ова го барав, да има туча по секоја цена. Јас сакав туча помеѓу двата универзуми, инвазија на едниот во другиот, there shall be only one и такви фори. Воопшто не ги гледав обзерверите како „лоши момци“.
Како и да е, она што ми се допаѓа е тоа што конечно една серија влезе во некаков вид на завршница наместо да се плеткаат со истите работи до последна епизода. Фринџ отиде дистопиан, отиде Матрикс, отиде кај што ниедна серија не отишла порано
(се испозанесов малце).
Последнава епизода ми личеше на Стар Трек со капетан Жан-Лук Пикард на некоја безвезна планета со мала група лошо костумирани вонземјани
. И говорот на малиот на крајот е како дневникот на капетанот
Не знам дали ги ловам моментите од каде Џ.Џ. краде или позајмува, сеедно, или пак нешо ми се причинува, ама секоја епизода ме потсетува на нешто што веќе го имам видено.
Видеото на Волтер со видеото на Др.Ченг од Дарма Инишиатив не влегува во позајмиците, тоа Џ.Џ. се самоплагијатизира.