Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
reg_1024.fringe.mh.092612.jpg


Екипата е спремна за 5тата сезона!
Од петок ќе биде интересно.
 
Солидна премиера, како и секогаш, од Fringe нема разочарување.
Песната на крајот ме изненади и воодушеви, секоја чест.
 
Јако јако воведче, ем објаснија доста за сите - алтернативни епизоди во сезоните ем фино ги врзаа работите и безболно прејдоа на иднината, последната сцена - преполна симболики, цветот + коњчето на ретровизорот и жолтото такси како посебен симбол - надеж за спас.
 
Не знам како може Џон Нобл се' уште да не е номиниран, камо ли пак награден со Еми или Глобус. Човекот е легенда, актериште. Кога го гледам како страда ми паѓа криво небаре станува збор за дедо ми или некоја друга блиска личност од реалниот живот. Не дека кажувам нешто ново, ама се чудам како може ваква глума да им се провлекува на оние морони кои гласаат.

П.С. Аспен и Афро. :icon_lol:
 
Малце досадна епизода, искрено, ко за вовед. Али ќе видиме како ќе се развие подоцна. Треба да го објаснат периодот до појавувањето на Обсерверите. А искрено, не ми е гајле зашто Питер и Оливија не се блиски, ме здоболе таквиот од нивните романтики и карања минатите сезони.

Џон Нобл ме воодушеви од LOTR, кога го мразев и ми беше најгадниот лик некогаш што постои. Потоа го видов во неколку кратки сцени па кога излезе како невин, збудален старец како Волтер и како негативен, доминантен старец како Волтернејт - само докажа колку го бива како актер.
 
јас па да си прашам, кажаа ли кој е човекот што треба да ја убие Олив, ќе кажат во 5-ва сезона или нема да кажат воопшто??
Fringe_The_Man.jpg
 
Ne mi e po kef nesto pravecov..

Io sega e sreken garant, the underdog pozitivcite fighting alien race, sort of, resistance is futile, all that.
 
Ти викам јас, Матрикс. Ејџент Смит анд Нео шит. Со се зелената боја :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ти викам јас, Матрикс. Ејџент Смит анд Нео шит. Со се зелената боја :)

Mислам дека луѓето се среќни дека почна па заматени им се мислите..

Опенинг на сезоната: Rescue mission. Да нафрлија мистерии без прашање боље ќе беше. Башка не ми се допаѓа фузијата од тимови, комотно можеа да тераат со ќерка им и Дезмонд цела филер сезона или паралелно раскажување дур стигнеме до овде кај што сме, што by the way e премногу избрзано. Како V што беше.. доаѓаат ванземљанци све кул онака за гледање, 1 месец напред даваат акција и драма. Битни моменти скокнати.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Јас пак мислам дека требаше многу порано да отидат во ваков правец. Сега сеедно ми е, whatever. Подобро е од неправење ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom