Очигледните работи се очигледни.
Тоа што не е очигледно (за доста луѓе), е дека во вакви банана (пипер?) држави, ѓубрето како Хајк се пакува и етикетира како Најк -па уште се продава и во ГТЦ.
Потоа и Најк што е произведен за банана државите е направен со друг квалитет од Најк за западот. Ова го тврдам од сопствено искуство... макар и еднаш во неколку години да отидам на патување во нормална западна држава не се враќам без неколку пара патики.
Иако со повеќе отворени продавници од познатите европски/светски ланци се надевам дека ќе добиваме макар оригинални бренд производи за источниот (банана) пазар.
Ова е сосема друга работа и е точно.
Навистина големите компании како Милка Нестле или за козметика, и секако и компаниите од други бранши, го прават тоа. Тие за источна и југоисточна Европа, праќаат производи со по слаб квалитет.
Ова не го измислив, него имаше истражување во Словачка, кое го покажа ова. Големите компании се бранеа со дипломатскиот став, дека "содржината на нивните продукти е прилагодена со побарувањата на локалните пазари".
Јас имам приметено, на пример дека грчката Нутела која се произведува таму, е многу подобра од нашава (што се праи у Полска). Сеа некој ќе рече дека е глупо да се м'кне посрање Нутела дури од Полска, коа иаме тука до гз, боља. Е тоа, најверојатно е политика на Нутела, за тие и тие пазари - таква, за други другачија. А можеби и самиот дистрибутер нашол дека полската му е поевтина, поисплатлива, мада ја продаваат тука, со иста, или за нијанса повисока цена од таа у Грчка.
Јас сум за тоа, по секоја цена да се избегнуваат Хајк фирмите, поради ужасно ужасниот квалитет, а и Најк, затоа што се прескупи кај нас, а могуче е да се, што би рекле, втора класа.
Купувам фирми кои нудат квалитет, не зависно дали се познати или не. На пример Милка се исто доста посумњиви на вкус од истата у Швајцарија (сум пробал). Али затоа на пример Европа, има една линија ексклузивни чоколади, кои се топ (не ги гледајте нивните други производи).
Или пак, оние итаљанскине Дели Амбруѕи, ли (како и да се чита), тие се исто бољи и од Милка и од Нестле (кај нас што се продаваат).
Ваков пример е Кам маркетиве, неќу на Орце Камчев да му праам релклама сигурно, али таму има најбољи однос цена-квалитет, кај 80% од производите.
Како и да е, шкљ производите кои копираат големи фирми (само со изгледот на производот), се посрање избор одколку втора класа производи од јаки фирми, мада и тука има градација. На пример оноа иранскине пежоа, од погоре, не се ни за у штала да ги стаиш, кокошки јајца да несат у нив...
--- надополнето: 7 октомври 2012 во 14:26 ---
...
Не е поентата дека е се фејк, туку дека тука не можеш да знаеш што е фејк а што не е...
Овој момент ми е многу чуден кај луѓето, кои повеќето навистина имаат проблем да познаат што е фејк, а што не. ја никад не сум го имал тој проблем, мада у еден-два случаи сум се подзамислил...
За атер на точноста, да кажам дека треба да се разликуваат фејк производи со нефејк етикета, од оригинални производи со втора класа..